Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?
1Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?
3ДУИ: Недим Рама купувал акции во германската компанија „Мерцедес - Бенз“ додека раководел со НОМАГАС – од каде се парите?
Култура„Лудориите на Чаплин“ - Филхармонија на отворено во Градскиот паркВо петок, во 21 часот, во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи традиционалниот концерт на отворено на оркестарот на Филхармонија, посветен на генијалниот Чарли Чаплин.Оркестарот ќе ја свири музиката од филмот „Детето" од 1921 година, а паралено ќе оди и проекција на истоимениот филм. Диригент е Џијан Емин. Со својата неверојатната умешност преку превезот на комичното да детектира и презентира различни човечки состојби и емоции, Чарли Чаплин целосно ја трансформираше светската кинематографија. Посебно во жанрот на комедијата на која и даде сосема нова естетска и социјална димензија. Неговите комедии се сплет од комедија и длабоки емоции, и се фокусираат на важни аспекти од секојдневниот живот. Со други зборови, можеби неговите филмови се смешни бидејќи носи големи чевли и тесно палто, но зад ликот на Скитникот и неговите авантури се крие трагичноста на социјалниот живот на времето во кое биле создадени. Со таа трагичност, скриена зад превезот на комичното, публиката можела целосно да се идентификува за време на исклучително тешкиот период на Големата депресија во САД. Таков е и неговиот филм "Детето". Спој на трагично и комично, на длабоки емоции вешто проткаени во наративот на приказната. Традиционалниот концерт на отворено, насловен „Лудориите на Чаплин" се реализира со поддршка на Министерството за култура на РМ, а локацијата ја обезбеди Градот Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗдружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?На 12 август 2026 година се навршуваат шест години од затворањето на Еуростандард банка - денот кога илјадници граѓани, пензионери, фирми и здруженија останаа без пристап до своите пари и беа втурнати во долга правна, финансиска и институционална неПо години молк, бавно постапување и незадоволство кај оштетените штедачи, случајот конечно добива нова тежина со поднесеното обвинение против поранешните раководни лица на банката - Трифун Костовски, Коста Костовски, Николче Петкоски и Зоран Николовски. Обвинението повторно ги отвора прашањата што јавноста ги поставува со години: како се одобрувале кредитите, на кого, со какво обезбедување, кој ги контролирал ризиците и кој дозволил банката да стигне до стечај? Според објавените информации, обвинението се однесува на одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, и со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците. Наведената штета за доверителите изнесува над 1,66 милијарди денари, односно околу 27 милиони евра. Поднесувањето на овој обвинителен акт во Основниот кривичен суд Скопје е само почеток на правната битка. Јавноста сега очекува брза, транспарентна и ефикасна судска завршница, каде фокусот нема да биде само на затворските казни за виновниците, туку и на целосна конфискација на имотот со цел максимално обесштетување на сите жртви на овој епски банкарски колапс. Ова веќе не е само приказна за една пропадната банка. Ова е приказна за довербата во финансискиот систем, за одговорноста на оние што управувале, надгледувале и одлучувале, но и за институциите кои морале навремено да реагираат. Прашањето денес не е само кој ја доведе Еуростандард банка до стечај. Прашањето е зошто беа потребни шест години за вистината да почне да излегува на површина. Оштетените граѓани и фирми не бараат милост. Тие бараат вистина, одговорност и правда. Случајот Еуростандард банка останува тест за државата: дали правдата ќе оди до крај, или и овој случај ќе остане уште една болна приказна во која времето ја покрива одговорноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг СонгВо црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот целовечерен концерт на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг.Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжува да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и приватно се усовршува со Доминик Мерле. Добитник е на награди на Меѓународниот натпревар во Мароко, „Висеу“, на натпреварот во Португалија, на конкурсот „Гран при Анимато“, како и на натпреварите во Лидс и во Даблин. Тој е прв победник од кинеска националност на престижната награда на конкурост „Лонг-Тибо“ во 2004 година. Овие признанија му носат на Сихенг Сонг бројни можности за настапи низ целиот свет, и тоа во: Токио, Сеул, Пекинг, Шангај, Париз, Берлин и Њујорк. Настапува на фестивалите „Рок Антерон“ во Франција, фестивалот во Рур, Германија, Фестивалот „Бетовен“ во Бон, и фестивалот во Душники во Полска. Како солист со оркестар настапува со голем број оркестри во Франција, како и со оркестрите во Монте Карло, со Оркестарот „Хале“ во В. Британија, со Камерниот оркестар во Виена, со Кинеската филхармонија, со Филхармонијата во Хонг Конг и Новата jапонска филхармонија. Сихенг Сонг бил член на жирија на повеќе натпревари, а бил и најмлад резидентен уметник на Шангајскиот Гранд театар. Од 2010 година тој започнува со нов тип на концерти во кој го комбинира стандардниот рецитален формат со мултимедија и досега има направено 5 такви проекти во кои прави спој на музиката и театарот, уметноста и литературата што придонесува кон доближување на класичната музика кон публиката на 21 век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДУИ: Недим Рама купувал акции во германската компанија „Мерцедес - Бенз“ додека раководел со НОМАГАС – од каде се парите?Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија.Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG. Но, клучниот проблем е датумот. Според неговото сопствено пријавување, уделите се стекнати на 22 април 2026 година, во период кога Недим Рама веќе ја извршувал функцијата директор на НОМАГАС. Затоа денес бараме конкретни одговори: Со кои пари Недим Рама купувал акции во странски компании додека бил директор на НОМАГАС? Колку конкретно инвестирал во Mercedes-Benz Group AG? Од која сметка се префрлени средствата? Кое е потеклото на капиталот? Дали овие инвестиции биле пријавени во законскиот рок? И дали постојат други инвестиции во странство кои сè уште не се пријавени пред јавноста? Ова не се приватни прашања. Недим Рама раководи со стратешка државна компанија и секое позначително зголемување на имотот на јавен функционер за време на неговиот мандат мора да има јасно и проверливо потекло. Затоа бараме од Државната комисија за спречување на корупцијата да го провери потеклото на средствата, датумот на купување, вредноста на инвестициите и времето на пријавување на акциите на Недим Рама. Недим Рама треба да излезе пред јавноста и да објасни од каде се парите. Прашањето е едноставно: Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во „Мерцедес“ и други меѓународни компании?Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook