“Лудиот“ живот на принцот од Дубаи, некрунисаниот крал на Инстаграм (фото) - Канал 5

“Лудиот“ живот на принцот од Дубаи, некрунисаниот крал на Инстаграм (фото)

Тој е крунисаниот принц на Дубаи, но шеикот Хамдан бин Мухамед бин Рашид ал Мактум (попознат како “Фаза“) е некрунисаниот крал на Инстаграм.

“Лудиот“ живот на принцот од Дубаи, некрунисаниот крал на Инстаграм (фото)
34 годишниот Фаза има 5.1 милиони следбеници на оваа социјална мрежа и дава увид во животот на еден милијардер.


Hello 👋🏼

A post shared by Fazza (@faz3) on


Фаза е вториот син на шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, потпретседателот и премиерот на Обединетите Арапски Емирати и емир на Дубаи.

Богатството на неговиот татко во 2013 година е проценето на 13.9 милијарди долари.


#friends ☝🏼ما الحـب إلاّ للحبيـب الأوّلـي

A post shared by Fazza (@faz3) on


Неговиот татко го прогласи за крунисан принц во 2008 година и покрај тоа што има постар брат, Тој инаку почина од срцев удар во 2015 година на 33 години.


#iceland ☃

A post shared by Fazza (@faz3) on


Газа е канцелар на извршениот совет на Дубаи, Центарот за лечење од аутизам во Дубаи и Спортското собрание на Дубаи, но и неговите хобија му одземаат многу време.


#Tanzania And the adventure begins! 📽 لنبدأ

A post shared by Fazza (@faz3) on


Тој го сака падобранството, јавањето, велосипедизмот и нуркањето, а со тоа е и талентиран фотограф, светски патник и остварен музичар.


Thank you @emirates ✈️ #hellotomorrow 👋🏼

A post shared by Fazza (@faz3) on


Погледнете некои од интересните сцени од неговиот живот.

Have a nice #weekend

A post shared by Fazza (@faz3) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот на Србија го објави составот: Душан Тадиќ се враќа во репрезенатцијата

Селекторот на најдобрата фудбалска селекција на Србија, Вељко Пауновиќ, го објави спидсоко на фудбалери  за претстојните четири натпревари во елитната А група од Лигата на нации на УЕФА. 

Селекторот на Србија го објави составот: Душан Тадиќ се враќа во репрезенатцијата

Србија најпрво ја очекуваат два натпревара на домашен терен во Белград против Грција и Холандија, по што следуваат исклучително тешки гостувања против Германија во Минхен и повторно против Холандија во Ајндховен.

Главна вест во врска со составот е официјалното враќање на поранешниот капитен Душан Тадиќ во националниот тим, како и повикувањето на бројни дебитанти и целосна реконструкција на нападот.

Нови имиња на списокот се Петар Шукачев и Лазар Николиќ од Војводина Нови Сад, како и Стефан Џодиќ од шпанска Алмерија.

Во нападот, повикани се помладите играчи Михајло Цветковиќ и Јован Милошевиќ, заедно со повратникот Дејан Јовељиќ.

Селекторот Пауновиќ ќе се потпре на следните играчи за претстојните репрезентативни предизвици:

Голмани: Вања Милинковиќ-Савиќ, Ѓорѓе Петровиќ, Филип Станковиќ.

Одбрани: Страхиња Павловиќ, Страхиња Ераковиќ, Срѓан Бабиќ, Никола Симиќ, Коста Недељковиќ, Алекса Терзиќ, Петар Шукачев, Лазар Николиќ.

Играчи од средниот ред: Александар Станковиќ, Немања Максимовиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Саша Лукиќ, Немања Гудељ, Вања Драгојевиќ, Лазар Самарџиќ, Андрија Живковиќ, Филип Костиќ, Стефан Џодиќ, Василије Тасвиќ, Душин Костов.

Напаѓачи: Душан Влаховиќ, Лука Јовиќ, Дејан Јовељиќ, Михајло Цветковиќ, Јован Милошевиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вознемирувачко видео: Возач во Пробиштип прегази кучиња покрај патот

Снимка е објавена на социјалните мрежи, на која се гледа како возач со кола гази кучиња покрај патот кај Лиса Гара, на патот кон Марчено, во Пробиштип.

Вознемирувачко видео: Возач во Пробиштип прегази кучиња покрај патот

На видеото кое го објави ТВ Стар на фејсбук, се гледа дека едно од кучињата е прегазено, а според информациите, животното угинало.

Се очекува реакција на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем договор меѓу САД и Саудиска Арабија ,24,3 милијарди долари за 48 авиони

Стејт департментот на САД ја одобри можната продажба на воена опрема на Кралството Саудиска Арабија, која опфаќа набавка на 48 борбени авиони „Ф-35 Лајтнинг II“ и придружна опрема, со проценета вкупна вредност од 24,3 милијарди долари.

Голем договор меѓу САД и Саудиска Арабија ,24,3 милијарди долари за 48 авиони

Саудиска Арабија побара купување на 48 авиони Ф-35 со конвенционално полетување и слетување, како и 49 мотори „Прат и Витни“ (Pratt & Whitney) F135-PW-100, од ​​кои 48 би биле вградени во авионите, а еден би бил резервен, соопшти Стејт департментот.

Предложената продажба исто така опфаќа опрема за комуникација, навигација и електронско војување, опрема и поддршка за авионите и муницијата, резервни делови и потрошен материјал, опрема и уреди за обука (вклучувајќи симулатори), како и софтвер, техничка документација и разни услуги за логистичка, инженерска и техничка поддршка.

Според Стејт департментот, предложената продажба ќе ги поддржи целите на надворешната политика и националната безбедност на САД преку подобрување на безбедноста на главниот сојузник на Америка надвор од НАТО, кој важи за фактор на политичка стабилност и економски напредок во регионот на Заливот.

Како што е наведено, продажбата треба да ја подобри способноста на Саудиска Арабија да ги одвраќа тековните и идните закани, да ја зајакне одбраната на земјата и да ја подобри интероперабилноста со силите на САД, регионалните сили и силите на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер