„Љубов, страст - фламенко“ по повод Денот на вљубените - Канал 5

„Љубов, страст - фламенко“ по повод Денот на вљубените

Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, насловен „Љубов, страст- фламенко!“.

„Љубов, страст - фламенко“ по повод Денот на вљубените

Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а како солистка ќе настапи фламенко пејачката Марина Ередија од Шпанија. На програмата се дела од Лорка, де Фаља и Гинастера.

-Оваа година, традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените го посветивме на исклучителната шпанска форма на танц, песна, инструментална изведба – неповторливото и секогаш возбудливо фламенко. Во срцето на шпанското фламенко е т.н. „канте“, односно традиционалната форма на песна инспирирана од животот на Циганите во јужна Шпанија. Оваа форма на песна/пеење е динамичка, застрашувачка, екстатична, но во исто време и спонтана и медитативна. Во музиката има драматични промени на расположенија, динамика и темпо што бараат внимание и емпатија. Станува збор за т.н. „длабока песна“, како што ја нарекол познатиот шпански поет и композитор Федерико Гарсија Лорка, велат од Филхармонија.

Родена во Гранада, Марина Ередија пее уште од нејзиното детство. На тринаесет години пее на фламенко-албумот за деца „Malgré la nuit“. Соработувала со познати шпански фламенко-уметници како Аркангел и Ева Јербабуена, и на уметнички проекти како во операта „De amore“ од Маурицио Сотело, која премиерно беше изведена во престижниот аудиториум „Карл Орф“ во Минхен и во театарот Зарзуела во Мадрид. Оттогаш нејзината кариера ја води на најзначајните светски сцени како: Театарот де ла Маестранца во Севиља, Гранд театарот во Кордоба, Карнеги хол во Њујорк, Палатата на музиката во Стразбур, Кристалната палата во Порто. Марина Ередија важи за една од најдобрите изведувачки на маестралното дело „Љубов волшебничка“ од Мануел де Фаља. Меѓу другите, настапувала со Симфониските оркестри на Сан Франциско и Чикаго, под диригентската палка на Пабло Херас-Касадо, кој исто така беше заедно со неа на подиумот со Оркестарот на Сент Лука во Карнеги хол во Њујорк, каде што добија стоечки овации. Марина Ередија беше дел и од новата поставка на „Љубов волшебничка“ на познатата шпанска театарска група „Ла фура дел баус“, која премиерно беше изведена на затворањето на фестивалот во Гранада, под диригентската палка на Мануел Хернандез- Силва. Настапувала на најпрестижните фламенко-фестивали во Шпанија, на сцените во Кина, Уругвај, Франција, Португалија, Германија, Велика Британија, Мароко, САД. Во 2004 година ја добива наградата „Андалузиската младина за уметноста“, за нејзината улога во промовирањето на андалузиското фламенко во светот. За нејзиниот фламенко-албум со нови класични песни, ја доби наградата за најдобар фламенко-албум.

Кристијан Васкез е еден од најпрофилираните музички таленти од Венецуела, кој гради успешна интернационална кариера. Познат по својата харизма на сцената и по моќните изведби и музичкиот интегритет, Васкез продолжува да го привлекува вниманието на светската јавност како еден од највпечатливите диригенти на денешнината. Во сезоната 2013-2014 година Васкез станува шеф-диригент на Филхармонискиот оркестар во Ставангер (Норвешка), со кој потпишува четиригодишен договор, кој му е продолжен уште две години – до 2019 година. Со него оркестарот беше на неколку исклучителни турнеи во Скандинавија, Русија, Германија и Холандија.

Васкез е музички директор и на младинскиот оркестар „Тереса Карено“ од Венецуела, со кој реализирал гостувања и настапи во Лондон, Берлин, Лисабон, Хамбург, Милано, Виена, Амстердам, Салцбург. Неговото прво појавување во Европа беше настапот со Симфонискиот оркестар во Гавле, Шведска, каде што беше назначен за гостин шеф-диригент од 2010 до 2013 година. Како диригент настапувал со Виенскиот радио-симфониски оркестар, Филхармонијата на Ротердам, Камерата Салцбург, Рускиот државен симфониски оркестар, Токиската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Сингапур и други. Во 2010 година дебитира со Израелската филхармонија, на покана од Зубин Мехта. Во изминативе години активно настапува со водечките симфониски оркестри во светот, а му беше асистент диригент и на Густаво Дудамел во поставувањето на новата продукција на Моцартовата опера „Свадбата на Фигаро“ во Париската опера, како и во поставувањето на Вагнеровата „Тристан и Изолда“, на истата оперска сцена. Васкез соработувал со врвни музичари како диригентот Сајмон Ратл, виолинистот Франк Петер Цимерман, трубачот Пачо Флорес, меѓу останатите и со нашиот најдобар пијанист Симон Трпчески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Денес променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 15. ноември 2026 година.

Дневен хороскоп за недела, 15. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 15. ноември 2026 година.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе кои се подготвени се да споделат со другите. Ќе биде тоа полн погодок за вас.

Кариера

Работата ќе ја вршите со песна. Едноставно ќе ви оди. Нема да поставувате непотребни прашања.

Здравје и совет

Добро е што не ги комплицирате работите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно е пријатно излегување и вашата популарност во друштвото. Но одвнатре и натаму ќе бидете празни.

Кариера

Без оглед што можеби ја знаете работата најдобро , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да соработувате.

Здравје и совет

Издржете.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе играте на карта на љубезност и убаво однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срце.

Кариера

Можеби нема најдобро да ве разберат , па затоа држете се до професионалните правила и стандарди. Така ќе ви биде полесно.

Здравје и совет

Наспијте се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои своите љубавни грижи ќе му ги доверат на пријател,сдруги ќе ги скријат под тепих, а трети ќе се забавуваатсо друштво без оглед на се.

Кариера

Ќе финиширате една задача која можеби ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе подолго време требаше да се заврши.

Здравје и совет

Излезете меѓу луѓе .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сериозните теми ќе ги отфрлите на страна со помош на духовит разговор. Другата страна нема да ви замери.

Кариера

Се што ќе работите или евентуално што ќе предлагате, ќе мора да го објасните. Ќе бидете успешни во тоа.

Здравје и совет

Не се натпреварувајте со никого.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате потреба да заминете што подалеку од дома. Ако живеете со партнер , ќе треба тоа да го објасните: Ако не, ќе имате големи опроблеми.

Кариера

Вашите замисли убаво напредуваат , а вие сте задоволни од резултатот. Денеска работете на детали.

Здравје и совет

Поврзете се со луѓе од други региони.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе станете поотворени за секаков вид дружење и забава, а ќе се појават и шанси за тоа.

Кариера

Со мали чекори ќе може да дојдете до значајна цел исто како и со големи. Затоа не се грижете ако напредокот е постапен.

Здравје и совет

Едноставно имајте верба.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина ќе посакаат малку повеќе слобода или да се тргнат од грижите. затоа ќе побараат друштво без обврски.

Кариера

Вие сигурно можете и подобро , но моменталната ситуација тоа не ви го дозволува. само не ги обвинувајте другите.

Здравје и совет

Преземете одговорност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во попладневните часови ќе се опуштите , а вашиот однос со саканата личност ќе се подобри.

Кариера

Ќе дојде до се подобра соработка меѓу вас и колегите. Ќе успеете да ги усогласите различните идеи и мислења.

Здравје и совет

Радувајте се . Има зошто.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе тлее потреба за да бидете главни. На партнерот тоа би можело да му оди на нерви.

Кариера

Копнеете за уште поголеми признанија од оние кои неодамна ги добивте. Би било подобро да сте поскромни.

Здравје и совет

Разбистрете си го умот.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележите дека вашата најсакана личност станува се почувствителна. Бидете внимателни.

Кариера

Потрудете се уште малку и резултатите ќе се појават . Тоа што сеуште не се гледат , не значи дека се далеку.

Здравје и совет

Треба повеќе да се рекреирате .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Истовремено ќе се забавувате и ќе сонувате за некоја идилична љубовна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео.

Кариера

Сакате да се пошегувате со колегите. Денеска ќе направите мала ситуација , но никој нема да ви замери.

Здравје и совет

Ќе ширите ведар дух.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер