Љубиша Николовски, Билјана Ивановска, Иван Анастасовски и Никола Србов вечерва во „Само вистини со Видиновски“ - Канал 5

Љубиша Николовски, Билјана Ивановска, Иван Анастасовски и Никола Србов вечерва во „Само вистини со Видиновски“

Почитувани, вечерва во Само Вистини со Видиновски ќе дебатираат Љубиша Николовски, Билјана Ивановска, Иван Анастасовски и Ни

 Љубиша Николовски, Билјана Ивановска, Иван Анастасовски и Никола Србов вечерва во „Само вистини со Видиновски“

123 години од смртта на Македонскиот великан Делчев, ги исполнивме ли идеалите за кои загинаа нашите херои?

Ќе најдеме ли соговорник за интеграциски старт во новото политичко раководство во Бугарија или Бугари во уставот се горчлив залак на пат кон ЕУ?

Дали до јуни, пакетот реформски закони ќе го види светлото на денот?

Под кои услови е можно подотворање на вратата во Вреди?

Љубиша Николовски, Билјана Ивановска, Иван Анастасовски и Никола Србов вечерва во Само Вистини со Видиновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија

Европската Унија в понеделник ќе почне формални преговори за членство со Украина и Молдавија, откако беше укината блокадата од страна на Унгарија.

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија

Кипар, кој во моментов претседава со советот на Европската Унија, соопшти дека земјите-членки постигнале договор за заеднички став во врска со првата фаза од преговорите, со што се комплетирани сите неопходни подготовки. Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалните мрежи им се заблагодари на партнерите во ЕУ. „Украина го прави она што е потребно, и важно е што и еу си го држи својот збор“, напиша тој. Украинскиот претседател додаде дека почетокот на преговорите претставува „значајна политичка и морална поддршка за државата и украинскиот народ“. Претседателката на Молдавија, Маја Санду, исто така ја поздрави одлуката со објава на Х, пишувајќи: „ние ја завршивме работата и ќе продолжиме да спроведуваме реформи“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во напад на САД е убиен лидерот на транснационалната криминална група „Трен де Арагва“.

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“

„По моја наредба, јужната команда на САД изврши брз и смртоносен напад за успешно елиминирање на Нињо Гереро, озлогласениот лидер на ’Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата земја“, соопшти Трамп во објава на својата платформа Truth social, која содржеше и видео на кое наводно е прикажан нападот. Трамп додаде дека „оваа акција беше координирана во блиска соработка со нашите пријатели во Венецуела, со кои работиме многу добро“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брисел ѝ се заканува на Бугарија со санкции

Европската комисија ќе предложи покренување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската Унија, потврди европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис.

Брисел ѝ се заканува на Бугарија со санкции

Зборувајќи по состанокот на советот за економски и финансиски прашања во Луксембург, Домбровскис изјави дека комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните барања во врска со буџетскиот дефицит. Според правилата на ЕУ, постапката за прекумерен дефицит може да се покрене кога буџетскиот дефицит на државата надминува три проценти од бруто домашниот производ, додека јавниот долг надминува 60 проценти. Како дел од постапката, на земјата ѝ се дава рок за спроведување мерки што би го вратиле дефицитот во дозволените граници. доколку државата не ги почитува препораките, може да се воведат финансиски санкции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер