ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи
2ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Црна хроника„Летал“ со 203 км./час на автопатот кај Смоквица- уапсен е косовски државјанинЛишен од слобода косовски државјанин, управувал возило со 203 км на час на место каде дозволената брзина е 120 км на час, поднесена му е кривична пријава.На 18.05.2026 во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против лицето е поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција: Се заканил дека ќе ја обезглави наставничката, ќе оди во затворВо Франција, 47-годишен маж беше осуден на шест месеци затвор поради закана дека ќе ја обезглави наставничката која го казнила неговиот син. Пресудата беше изречена во итна постапка, шест дена по инцидентот во основно училиште во селото Ле Фога во близина на Тулуз во југозападна Франција, објавува Би-Би-Си. На наставничката ѝ е дадена официјална заштита и моментално е на боледување. Поради инцидентот што се случи минатиот петок, нејзините колеги не одржаа часови во понеделник. Францускиот министер за образование, Едуар Жефри, изјави дека ниту еден наставник не треба да се плаши да си ја врши работата и дека нападот врз еден од нив е напад врз целата институција. Жефри во текот на летото протурка закон кој го штити училишниот персонал од „значајни ризици“ по безбедноста или здравјето што може да ги претставуваат членовите на семејството на учениците. Министерот истакна дека ова е еден од првите случаи во кои ќе се применува новата регулатива. Текот на настаните Раководителот на одделот за образование на Тулуз, Карим Бенмилуд, потврди дека таткото бил повикан во училиштето на разговор. Градоначалникот на Ле Фога, Жан-Мари Пуиг, објасни за BFMTV дека момчето било немирно на час, па затоа било испратено во друго одделение за да се смири. Детето продолжило да се однесува лошо таму, а наставничката го опоменала. Таткото бил налутен. Според градоначалникот, тој ја сретнал наставничката пред училиштето и ѝ се заканил дека „ќе ѝ ја отсече главата да беше машко“. Таткото подоцна се извинил, но против него била поднесена кривична пријава. Судска одлука Таткото на момчето се појавил пред судија во Тулуз завчера попладне. Според извештаите од францускиот суд, судијата му рекол дека таквите изјави се вознемирувачки. Обвинителот побарал шест месеци домашен притвор, но судијата му одредил затворска казна поради сериозноста на неговите постапки. „Навистина не сум горд на себе“, рекол таткото на момчето, според обвинителите. Казната бара од него да посетува курс за граѓански права и одговорности и му забранува да има каков било контакт со наставничката или да се приближува до училиштето. Пропис донесен во Франција во јули дозволува префрлање на ученици доколку постои сериозен ризик за персоналот. Се верува дека момчето и неговата помлада сестра ќе бидат префрлени во друго училиште. Се вели дека наставничката, која е во своите 50-ти години, е во длабок шок по заканите. Извор: Индекс.хрТагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапиДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти за време на владеењето на СДСи ДУИ.Државата плаќала 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства додека железничкиот Коридор 8 со години стоел незавршен. Ова е сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС И ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци и нови долгови. ДЗР констатирал неефикасно управување, a дополнително предупредил и ризик од губење на 61 милион евра европски грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8. Кој е одговорен за овие пропусти? Кој дозволил државата да плаќа милиони евра провизии? И кој ќе одговара ако со нечие постапување или непостапување е нанесена штета на државниот буџет? СДС и ДУИ неодговорно постапувале со парите на граѓаните. Јавното обвинителство мора да постапи по наодите на ДЗР. Да се испитаат сите одлуки, договори, постапки и одговорни лица и да се уврди дали има основа за кривична одговорност. СДС и ДУИ не можат да се кријат и да молчат додека граѓаните ја плаќаат сметката за нивното катастрофално владеење во минатото. 4,6 милиони евра провизии, години доцнење незавршена железница и ризик за европски средства. Тоа е наследството од СДС и ДУИ. Бараме одговорност за секој потрошен денар и за секоја одлука со која е оштетена државата. Не сме исти. Разликата е евидентна. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВоз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)Околу 20 лица се повредени во железничка несреќа што се случи вчеравечер кога воз излета од шините помеѓу Руан и Кан во северна Франција, објавија француските власти.Возот превезувал 180 патници и излетал од шините во близина на градот Клеон во Нормандија, објави францускиот министер за транспорт Филип Табаро на социјалната мрежа „X“. Un train déraille en Seine-Maritime, 44 blessés dont une personne en urgence absolue pic.twitter.com/bH4BRfA6Yx — BFM (@BFMTV) September 11, 2026 140 пожарникари биле на местото на несреќата помагајќи им на повредените и патниците, додаде тој.Тагови: воз Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter