“Лефти и Рајти во Карпош” - театарска претстава за деца - Канал 5

“Лефти и Рајти во Карпош” - театарска претстава за деца

Општина Карпош преку програмата за култура го поддржа проектот – театарска претстава за деца „Лефти и Рајти во Карпош“. 

“Лефти и Рајти во Карпош” - театарска претстава за деца

Утре, на 15. мај, децата од градинката „Орце Николов“ од Карпош ќе ги проследат новите авантури на Лефти и Рајти кои се на гости во оваа општина. После претставата, децата ќе учат како да диплат и како најдобро да се грижат за своите облеки.

Односот кон облеката е важен од најмала возраст, а преку јунаците во претставата: блузичката Лефти и панталоните Рајти влегуваме во нивна кожа и децата ги следат нивните „маки“

Театарската претстава за деца „Лефти и Рајти во Карпош“ е адаптирана според серијата сликовници „Приказни за облеките: Авантурите на Лефти и Рајти“, чиј автор е Наташа Дукоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратеникот Талевски на Меѓународна конференција во Грузија за јакнење на меѓурелигискиот дијалог

Настанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици,.

Пратеникот Талевски на Меѓународна конференција во Грузија за јакнење на меѓурелигискиот дијалог

Пратеникот и шеф на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарното Собрание на православието, Миле Талевски, кој воедно е и член на Меѓународниот секретаријат на оваа организација, учествуваше на Меѓународната конференција на тема „Цивилизациските основи на Европа - 1700 години од христијанството во Грузија“, што по повод 1700-годишнината од прифаќањето на христијанството во Грузија, се одржа од 2 до 4 октомври 2026 година во Тбилиси.

Настанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици, како и за придонесот на православието во зачувувањето на заедничкото духовно и културно наследство во Европа.

На Конференцијата присуствуваа парламентарци од повеќе парламенти од Европа, од Европскиот парламент, претставници на европски и меѓународни институции, верски заедници како и академската заедница, со цел размена на мислења за европското културно и духовно наследство, христијанските вредности и нивното место во современите демократски општества.

Поздравно обраќање на Конференцијата имаше претседателот на Грузија, Михаил Кавелашвили, кој истакна дека Грузија низ вековите била физички мост меѓу Истокот и Западот, но и жив пример на културна разновидност и хармонично единство на различни народи и традиции.

Пред присутните се обрати и грузискиот премиер, Иракли Кобахидзе, кој оцени дека Грузија преку своето христијанско наследство е историски и цивилизациски дел од Европа, а нејзиниот европски пат го поврза со зачувувањето на традицијата, духовниот идентитет и христијанските вредности.

Воведно обраќање имаше и претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, кој нагласи дека само преку дијалог и соработка, како и преку размена на искуства и ставови за значењето на културното и духовното наследство на Европа, може да се зајакне меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог, како и улогата на парламентите во унапредувањето на демократските и инклузивни општества, особено во контекст на член 17 од Договорот за функционирање на ЕУ и дијалогот меѓу ЕУ и верските заедници.

На Меѓународната конференција се обрати и патријархот на Грузиската патријаршија, Шио Муџири.

Во рамки на Конференцијата се одржаа две тематски сесии. Првата беше посветена на христијанските вредности во Европа во време на кризи, со посебен осврт на член 17 од Договорот за функционирање на Европската Унија и дијалогот меѓу европските институции и религиозните заедници. Фокусот на втората сесија, пак, беше посветен на семејството и традиционалните вредности во креирањето на јавните политики, како и на современите демографски, економски и општествени предизвици.

Единствен беше ставот на учесниците на Конференцијата дека иднината на Европа не треба да се гради само врз политички и економски основи, туку и врз заеднички вредности. Христијанското наследство претставува значаен историски извор на европските идеи за достоинство, правда, љубов, солидарност и одговорност. Посебно беше нагласено дека културната, верската и националната различност може да биде основа за дијалог и меѓусебно разбирање, а не за поделби.

На крајот на Конференцијата беше усвоена и Декларација за цивилизациските темели на Европа и 1700 години христијанство во Грузија, која ги содржи главните пораки и заклучоци од дискусиите.

Во рамките на активностите на пролетниот состанок на ИПС на православието се одржа и презентација на Томот за „Аја Софија - црквите на мудроста Господова низ светот” на грузијски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.  

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 28.09.2026 до 02.10.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Во понеделник (28.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Анета Љумаковска.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. њоки

100 мл. павлака за готвење

5 - 6 сушени домати

1 чешне лук

малку пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер