Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
2Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
3Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава
Култура„Лазар“ ќе го отвори фестивалот „Браќа Манаки“, награди за Ганц и СеребрјаковВо десетте дена на претстојниот 36. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола ќе бидат прикажани 215 филмови. На 18 септември фестивалот ќе биде отворен со премиера на македонскиот филм „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски. Организаторите на фестивалот денеска на прес-конференција ја соопштија фестивалската програма, како и добитниците на Специјална награда „Златна камера 300“ за придонес во светската кинематографија - актерите Бруно Ганц од Швајцарија и Алексеј Серебрјаков од Русија. Добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, пак, која ја доделува Друштвото на филмски професионалци, е карикатуристот, автор на анимирани филмови и архитект Дарко Марковиќ. Половина од 215-те филмовите кои ќе бидат прикажани во Битола од 18-ти до 27 септември се во различни категории, од кои три се натпреварувачки (Официјална, Нов европски филм и SEE Камера). Останатите 111 се студентски филмови. Директорот на ИФФК Димитар Николов рече дека од идниот петок Битола ќе биде епицентар на културата, со филмски проекции, околу 700 гости (еминентни филмски работници, критичари и студенти), со 75 придружни настани на 40-ина локации во Битола. - Подготвени сме на публиката да и подариме уште едно издание во кое ќе може да ужива во добри филмови, голем број работилници и придружни активности, рече Николов. Во официјалната програма се 13 филмови кои ќе се натпреваруваат за наградите „Златна камера 300“ (Златна, Сребрена и Бронзена): „Сикарио“, „600 милји“, „Убиец“, „Црни души“, „Макбет“, „Синот на Саул“, „Викторија“, „Тимбукту“, „Нашата мала сестра“, „Нахид“, „Белите ноќи на поштарот“, „Мојата мајка“ и „Земја и сенка“. Селекторот Благоја Куновски-Доре истакна дека фактот што меѓу филмовите има наградени на престижните фестивали во Кан, Берлин и Венеција, го потврдува нивниот квалитет. Посочи дека програмата нуди жанровски различни филмови, снимени од веќе познати директори на фотографија, но и остварувања на нови имиња. За наградите во главната натпреварувачка програма ќе одлучува петчлено меѓународно жири, под претседателство на полскиот кинематографер Ришард Ленчевски, кој е годинашен лауреат на наградата „Златна камера 300“ за животно дело (покрај другите двајца лаурати на оваа награда - кинематограферите Божидар Бота Николиќ и Јаромир Шофр). Покрај поголемото времетраење на „Браќа Манаки“, оваа година фестивалот донесува и две нови натпреварувачки програми: Нов европски филм - посветена на први или втори играни филмови на режисери од Европа (десет филма селектирани од Дејан Трајкоски) и програмата SEE Камера (осум филма селектирани од Саша Станишиќ). Во двете програми ќе се доделуваат по две награди (за филм и за кинематографер) награда „Бона деа“ за европските филмови и „Златен Манаки“ за филмовите од Југоисточна Европа. Тука се и Документарната програма (селектор Гена Теодосиевска) и Кратки филмови (селектор Јованка Попова), како и детската програма „Големо платно - голема разлика“ на фестивалскиот партнер - ВИП. Успешно издание на годинашниот ИФФК на новото раководство му посака министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која на прес-конференцијата искажа задоволство од зголемената продукција на македонски филмови во изминатите години, посочувајќи дека многу од нив светската премиера ја имаат токму на овој фестивал. Тоа, рече Канческа-Милевска, се должи на зголемениот буџет за филмската дејност. Потсети и на донесените стимулативни мерки со кои се привлекуваат странски продукции да снимаат во Македонија. - Наша цел беше македонските продуцентски куќи да остварат што поголем број мнозински или малцински копродукции кои ќе овозможат видливост на Македонија и македонскиот филм, додаде министерката за култура. Сценариото за филмот „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски (копродукција на Македонија, Хрватска, Бугарија и Франција), кој ќе го отвори фестивалот, почна да се развива токму на ИФФК - на „Манаки стрип корнер“. Директорот на фотографија Дејан Димески е задоволен што премиерата ќе биде на „Браќа Манаки“ бидејќи, како што рече, на овој фестивал тој созревал како автор. „Лазар“ тематизира приказна за распадот на едно семејство кое егзистира со пренесување бегалци. Филмот веќе е прифатен за натпреварувачка програма на фестивалот во Варшава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЛашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓанитеЗаменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш. Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти. Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води. На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението. „Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска. Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население. МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter