„Лајка" вдоми кучиња во Германија, Белгија и Шведска - Канал 5

„Лајка" вдоми кучиња во Германија, Белгија и Шведска

Новите вдомувања од „Лајка" во Германија, Белгија и Шведска се само патоказ дека сме на вистинскиот пат, а на претпријатието му дадоа нова душа, информираа од ЈП „Лајка".

„Лајка" вдоми кучиња во Германија, Белгија и Шведска

Досега „Лајка" има вдомено над 150 кучиња во земјава и во странство.

– По успешната кампања на јавното претпријатие за вдомување на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, а сега веќе и низ Европа. Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво, потенцираат од „Лајка".

Од претпријатието нагласиваат дека миленикот треба да биде член од семејството, како и дека чувањето куче претставува сериозна одговорност. Затоа, како што потенцираат оттаму, само оние кои се навистина подготвени да се посветат на чувањето миленик може да се најдат на нивната листа на вдомувачи.

– Да вдомите куче од „Лајка" е највисок акт на хуманост, соработка и доверба во нашата институција. Награда за нашиот труд, пожртвуваност и посветеност. Од прв ден срцето на „Лајка" чука како едно на сите нас членови од тимот и секое едно куче кое го поминало прагот на прифатилиштето. Нашата работа менува судбини, спасува животи и допира до сечија душа. Нашите приказни се вистински, од скопските улици, тажни, но со среќен крај. Нашето работно време нема време за чекање, празник, нема ноќ и викенд. Кај нас секое куче станува член на нашето семејство, кое од ден на ден расте и се зголемува, посочија од „Лајка".

Од претпријатието упатуваат бескрајна благодарност до сите нивни поддржувачи, вдомувачи, фостери, здруженија, донатори, волонтери, како и до градската управа која, како што истакнуваат, влегла во оган со нив и на сите дежурни критичари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова

Македонскиот КИЦ и Кинотека втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит ја посветија на етнолошките филмови на Вера Кличкова

Втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова

Во рамките на второто издание на патувачкиот Фестивал на македонски филм, синоќа во Сплит се одржа втората вечер на Фестивалот посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова. Беа прикажани филмовите – „Мариовска свадба", „Велигденски обичаи" и „Русалиски обичаи во Гевгелија".

Краток вовед во филмовите дадоа вишиот филмолог Дамјана Ивановска Патчева и филмскиот техничар и продуцент Тихомир Кашмицовски од Кинотека на Македонија, приближувајќи ѝ ја на публиката важноста на зачувувањето на етнолошкиот филм како дел од филмското наследство.

Денес Фестивалот продолжува со Трибина насловена „Дијалог на кадри – улогата на Кинотеката на Македонија во заштитата на филмското наследство и меѓународната промоција на македонската кинематографија" во просториите на Македонското културно друштво „Македонија" Сплит, која се одржува во рамките на манифестацијата „Денови на македонскиот филм". Вечерта продолжува со проекцијата „Македонски оскаровци" при што ќе бидат прикажани филмовите „Дае" („Мајка") на режисерот Столе Попов и „Медена земја" на Тамара Котевска во кинотеката на Центарот за култура „Златна врата".

Македонскиот КИЦ во Загреб и оваа година патувачкиот Фестивал на македонски филм го организира во партнерство со Кинотеката на Македонија и хрватската мрежа на независни киноприкажувачи, како дел од сопствената годишна програма поддржана од Министерството за култура и туризам. Фестивалското издание во Сплит се одржува во соработка со Македонското културно друштво „Македонија" Сплит и Центарот за култура „Златна врата".

Во текот на месеците септември и октомври, во знак на одбележување на 35 години независност, Фестивалот на македонски филм продолжува во 11 градови низ Хрватска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална плата

Додека Мицкоски ужива во луксуз со часовници од 60.000 евра, костуми од 5.000 евра македонските работници евдај врзвуваат крај со крај и не можат да го преживеат месецот.

СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална плата

Цените на храната и горивата се до плафон а минималната плата од околу 26.000 денари е недоволна за достоинствен живот.

Синдикална кошничка е 70.000 денари, месечните трошоците со кирија или станбен кредит надминуваат 90.000 денари.

Сегашната минимална плата покрива само 31% од основните месечни трошоци на едно семејство а речиси цела минимална плата, околу 25.000 денари, е потребна само за храна и безалкохолни пијалаци.

Кога на тоа ќе се додадат околу 7.000 денари за училишен прибор, 5.000 денари за превоз, 6.000 денари за облека и дополнителните трошоци за здравство, јасно е дека работничките семејства не можат да врзат крај со крај.

Затоа СДСМ по третпат го поднесе Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари.

600 евра е минимум потребна плата за македонските работници да можат да живеат од сопствениот труд.

Пари има, но власта ги троши за погрешни работи.

Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има 100 милиони евра за владин авион, мебел, службени автомобили и привилегии за функционерите, а да нема пари за работниците.

Власта нека скрати од сопствениот луксуз и нека ги насочи парите кон зголемување на платите и заштита на животниот стандард.

Минималната плата од 600 евра затоа што работниците заслужуваат достоинствен живот, а не секојдневна борба за преживување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фудбалерот Даниел Николовски загина во сообраќајна несреќа

Тажната вест ја утрово ја потврди Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово.

Фудбалерот Даниел Николовски загина во сообраќајна несреќа

„Во раните утрински часови, во сообраќајна несреќа, животот го загуби нашиот Даниел Николковски.

Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел.

Даниел беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а својата љубов кон клубот ја продолжи и како дел од сениорскиот тим.

Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб.

На неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа, ФК Тетекс им упатува најдлабоко сочувство.

Почивај во мир, Даниел. 🕊️

Летај високо, ангелу.“- стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер