„Куќата што се распаѓа“ вечер во Музејот на Македонија - Канал 5

„Куќата што се распаѓа“ вечер во Музејот на Македонија

Изложбата која ќе биде отворена вечер е резултат на заложбите на тројца уметници - Вини Хербстајн од Глазгов/Амстердам, Филип Јовановски од Битола/Скопје и Ану Вахтра од Талин, а е курирана од Ивана Васева од Скопје.

„Куќата што се распаѓа“ вечер во Музејот на Македонија

Во продукција на Факултетот за работи што не се учат (ФРУ), а во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“ поддржан од ЕУ, од 27 до 29 јуни во Музејот на Македонија ќе се одржи меѓународната изложба и симпозиум „Куќата што се распаѓа“.

Како што соопштија организаторите, изложбата и симпозиумот „Куќата што се распаѓа“ нашироко говорат за политиките на просторот и промените во градовите во однос на интересите на различните структури на моќ, односот кон заедничкото наследство, како и идентитетот на колективноста и грижата на градовите – заедничка и меѓузависна.

Изложбата која ќе биде отворена вечер е резултат на заложбите на тројца уметници - Вини Хербстајн од Глазгов/Амстердам, Филип Јовановски од Битола/Скопје и Ану Вахтра од Талин, а е курирана од Ивана Васева од Скопје.

За изложбата сите уметници ја прифатија улогата на деколонизирачката шетачка, со тринеделни резиденции во Скопје, користејќи ги шетањето и критичкото набљудување како алатки за истражување на овие специфичности.

Како што е најавено, на вториот ден од настанот, на 28 јуни во петок, ќе се одржи предавање од Ола Хасанaин од Картум/Амстердам, која низ нејзините уметнички истражувања примарно се фокусира на просторна писменост преку идејата за „просторот како дискурс“. По предавањето, ќе следи дискусија со Марјока де Гриф и Анастасија Пандиловска од Амстердам, од организацијата „Suns and Stars“ и Ивана Васева од Скопје која е кураторка, истражувачка и програмска директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат, кокуратор на АКТО фестивалот за современи уметности и куратор во Музејот на современа уметност во Скопје.

Вториот ден од настанот ќе се заокружи со селекција на филмовите Ингел Ваикла - „Папагало, колку е часот?“ и „Јас, исто така, гледам“

Феликс Мелија - „Пари за ништо“. По филмовите ќе следат куси разговори со уметниците Ингел Ваикла и Феликс Мелија. Ќе се одржи и проекција на филмот на Харун Фароки - „Создавачите на светските пазари“ и „Во споредба“.

Филмовите ги комбинираат темите за јавен и приватен простор, подвижните тела меѓу цврстите ѕидови и начинот на кој ги перципираме, се движиме и живееме во нашите средини.

На третиот ден од настанот, 29 јуни, во сабота, ќе започне „Градот е јавност“ - колективна перформативна проба/обиколка низ градот Скопје со водич како дел од Лабораторијата за перформативно просторно истражување „Градот како сцена“, како дел од Архитектонскиот факултет во Скопје. По него следува јавната рефлексија на идното сценарио за театарска претстава за градот во Музеј на Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно

Вечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.

51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви  во трагедиите што ја завија Македонија во црно

Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Путин сака да окупира украински град под маската на хуманитарна мисија

Путин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф.

Зеленски: Путин сака да окупира украински град под маската на хуманитарна мисија

Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка во источна Украина е всушност план руските сили да влезат во градот и да го окупираат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека таков потег ќе ѝ овозможи на Москва понатамошно напредување кон Краматорск, објави „The Kiev Independent“.

„Примитивен потег за окупирање на градот“

„Ова е сосема примитивен потег бидејќи не може да го заземе овој град на кој било друг начин“, им рече Зеленски на новинарите. Според него, прекинот на огнот ќе им овозможи на руските трупи да се прераспоредат на поповолни позиции во самата Костјантинивка и нејзината околина.

Зеленски вели дека предлогот му го пренеле американските преговарачи. „Им го објаснив мојот став за Костјантинивка на американските преговарачи. Таму живеат само украински граѓани, а борбите се водат во самиот град“, рече тој. „Ми го донесоа овој предлог, а потоа рекоа: „Да, разбираме“, додаде Зеленски.

Предупредување за наплив кон Краматорск

Костјановка се наоѓа во регионот Донецк, каде што се водат жестоки борби, и претставува голема пречка за руските напори да го заземат остатокот од регионот. Затоа контролата врз градот е воен и дипломатски приоритет за Москва.

Зеленски нагласи дека Украина направила сè што е можно за да ги евакуира цивилите од областа. „Ако ја предадеме Костјантинивка, нивните следни чекори ќе бидат нашите други градови во Донбас“, рече тој.

Според Зеленски, украинската страна им дала на Американците список од седум или осум блокирани населби каде што сè уште се присутни цивили, вклучително и деца, како што е селото во близина на Олешки. Тој нагласи дека Русија не предложила хуманитарна операција за ниту едно од овие места. „Зошто? Затоа што по Костјантинивка доаѓаат Краматорск и Славјанск“, заклучи тој.

Ситуацијата на терен

Путин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, додека борбите продолжуваат во Костјантинивка. Украина ги отфрли руските тврдења дека Москва го контролира градот. Главниот штаб на украинската армија објави дека нејзините сили сè уште дејствуваат против руските пешадиски групи кои се обидуваат да влезат во градот.

Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, ги доведе во прашање мотивите на Москва. Тој потсети на претходната руска понуда за хуманитарна операција во Олешки, во Херсонската област, која, како што тврди, служела за ротација на трупите и доведување дополнителен персонал во областа под маската на привремен прекин на огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами

Во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило.

Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами

Вчера (13.11.) во Ресен и на излезите од градот, полициски службеници од ОВР Ресен на возачите на моторни возила делеа едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Денеска (14.11.), полициски службеници од Полициската станица Делчево на Градскиот пазар и на повеќе локации во централното градско подрачје во Делчево одржаа повеќе средби со повозрасни граѓани, пензионери, со цел подигнување на свеста за препознавање и спречување телефонски измами. На граѓаните им беше укажано да бидат внимателни при повици од непознати лица кои бараат пари со лажно тврдење дека член на нивното семејство доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница. Исто така, им беше укажано да не даваат пари на непознати лица, да ги проверуваат добиените информации преку директен контакт со членовите на семејството и секој сомнителен повик да го пријават на 192 или 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер