ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!
2ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!
Технологија„Кросбоу" обединува 12 држави за интеграција на елекричната енергија од обновливи извориСтанува збор за регионалниот проект „Кросбоу" во кој Европската комисија вложи над 17 милиони евра, а вклучени се 24 партнери од 12 држави. Електропреносните систем-оператори, производители на обновливи извори на електрична енергија и научни установи од 12 држави заеднички ќе работат на проект кој ќе овозможи да се интегрира електричната енергија произведена од обновливи извори и да стане конкурентна на регионалниот пазар на електрична енергија на Југоисточна Европа. Станува збор за регионалниот проект „Кросбоу" во кој Европската комисија вложи над 17 милиони евра, а вклучени се 24 партнери од 12 држави. Нашата земја ја претставуваат Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ), МЕПСО и ЕСМ. Целта на „Кросбоу" е да создаде модел за ефикасно управување со производството на електрична енергија од варијабилни обновливи извори на енергија и со капацитети за складирање на електричната енергија, со помош на примена на најнови информатичкo-телекомуникациски технологии. Проектот беше денеска презентиран пред македонската енергетска јавност. На презентацијата се обратија генералните директори на МЕПСО, ЕСМ и претставник на ФЕИТ, а проектот го претстави професорот Јовица Милановиќ, од универзитетот во Манчестер, Велика Британија, еден од креаторите на овој проект. -Кросбоу е меѓународен проект на Европската Унија кој почна пред три години со идеја да се испитаат можностите за регионална соработка на електропреносните систем –оператори за максимално искористување на зелената енергија, така што ќе се унапредува потрошувачката и нејзиното складирање, на тој начин што сите учесници ќе имаат финансиска корист. Засега нема регулатива, ниту пазар за енергетско складирање ниту во регионот, ниту во дел од Европа. Ова е прв проект што ја вклучува ЈИЕ и е огромна можност за нашиот регион да покаже предност за развој на нови трговски механизми и да покаже на Европа дека има техничка поддршка, истакна Милановиќ. Весна Борозан, редовен професор на ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" истакнувајќи го значењето на регионалниот проект за нашата земја рече дека проекто се фоксура на двата основни тренда во современите електроенергетски системи: децентрализација на производството на електрична енергија во рамки на системот по пат на интеграција на производството на електрична енергија од малите обновливи извори на енергија на пониските напонски нивоа и истовремено, потполно отворање на пазарите на електрична енергија и нивното поврзување во пан-европскиот пазар на енергија и растечката конкуренција. Според неа овој проект нуди решенија што ќе дадат можност на најмалите, по моќност, учесници на пазарот, вклучувајќи ги домаќинствата и малите електрани да станат конкурентни учесници на пазарот. Компаниите учесници во проектот МЕПСО и ЕСМ го истакнаа значењето и очекувањата на „Кросбоу" во однос на нивното идно работење. – МЕПСО ги прифати предизвиците и активно работи на регионални и на европски проекти. „Кросбоу" е еден од нив. Досега имаме одлични резултати од направените студии. Клучни поенти на кои се фокусира проектот од аспект на работата на систем-оператор се: регионален оперативен центар за балансирање, регионален координативен центар за обновливи извори и за капацитети за складирање и мониторинг систем за набљудување и предупредување. Овој сет на алатки за регионален менаџмент и управување ќе донесе исклучителен напредок во управувањето со преносната мрежа, соопшти Ева Шуклева, генералната директорка на МЕПСО. Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски потенцира дека нивната програма согласно енергетската политика на државата што е усогласена со глобалните енергетски трендови и движења е во иднина само да се зголемува уделот на обновливите извори. -Во поблиска и подалечна иднина ние само ќе го зголемуваме производството на електрична енергија од обновливи извори. Затоа нам како производител ни е важно да има мрежа што ќе може да го прифати продуктот од тие извори, рече Ковачевски. Проектот, кој треба да овозможи зајакнување на регионалната соработка помеѓу операторите на електропреносните системи во Југоисточна Европа, ќе понуди решенија за зголемена флексибилност и стабилност на системите, преку подобрено управување со размената на моќност на интерконекциите, како и нови решенија за складирање на енергијата, подобро управување со комуникациите и други придобивки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНетанјаху и шефот на Мосад планирале воени операции во Иран- Американците дознале и ги спречилеСпоред извештајот на израелската телевизија Канал 12, премиерот Бенјамин Нетанјаху и шефот на Мосад, Роман Гофман, планирале да извршат операција на иранска територија ноќта пред израелските избори. Израелски безбедносен оперативец наводно погрешно ги известил САД за планот, по што Вашингтон спречил негово спроведување. Канал 12 не објави детали за планираната операција и не е јасно точно како Вашингтон дознал за планот. Според извештајот, некои високи израелски безбедносни претставници се спротивставиле на операцијата бидејќи се плашеле дека може да предизвика голема ескалација со Иран и да ги одложи изборите. Изборите се одржаа на 27 октомври, но блокот на Нетанјаху освои 53 од 120 места и во моментов нема мнозинство во Кнесетот. Во посебен извештај се наведува дека началникот на Генералштабот, Ејал Замир, предупредил дека Иран може погрешно да ги протолкува потезите на Израел и да започне напад. Канцеларијата на Нетанјаху: Ова се лаги Израел Хајом објави дека Гофман го поддржал предлогот на Нетанјаху, додека Замир се спротивставил на него. Според весникот, операцијата би можела повторно да го разгори конфликтот со Иран, но нема да биде голема воена офанзива. Кабинетот на Нетанјаху претходно ги отфрли извештаите за предизборен напад врз Иран како лажни. Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема намера прво да го нападне Иран пред гласањето, но ќе одговори со сила во случај на ирански напад.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Мосад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски.Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. Квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски. Во 2017 година, пред локалните избори, Димитриевски се откажа од пратеничкиот мандат и без политички калкулации влезе во изборната битка за градоначалник на Куманово. Не си остави резервна позиција во Собранието доколку ги изгуби изборите. Наспроти тоа, дел од тогашното раководство на СДСМ, кандидати за градоначалници, ги задржаа пратеничките мандати како сигурна алтернатива. Токму тука е разликата во политичкиот пристап и одговорноста. Патриотизмот не се мери со навреди, туку со одлуки, постапки и преземена одговорност. Нашиот став за правосудниот испит е јасен: тој треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите. Македонскиот јазик не е предмет на политички пазарења и коалициски калкулации. ЗНАМ е подготвен за разговори со владините партнери, но нема да отстапи од своите принципи. Истиот принцип го застапуваме и во однос на евроинтеграциите. Македонија сака членство во Европската Унија, но не прифаќа постојани еднострани отстапки кон Бугарија без реципроцитет. Нашиот предлог за одложено дејство на уставните измени останува на маса. Очекуваме почитување на правата на Македонците во Бугарија и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Во однос на обвинувањата на СДСМ за наводни средби, лобирања и поврзаност со Алта банка, бараме да се соопштат конкретни докази, факти и документи. Доколку постојат докази за незаконско постапување, надлежните институции треба да постапат. Сериозни обвинувања не смеат да бидат средство за дневнополитичка пресметка. ЗНАМ не отвора прашања за македонскиот јазик за да му обезбеди алиби на кого било, туку затоа што тоа е прашање од суштинско значење за државата. А што се однесува до наводниот пад на рејтингот на ЗНАМ, потсетуваме дека во 2024 година, кога дел од аналитичарите ни предвидуваа поддршка од околу 1 процент, граѓаните ни дадоа 56.232 гласа, 5,59 проценти и шест пратенички мандати. Тоа се официјални изборни резултати, а не нечии проценки. Според интерната анкета на Движењето ЗНАМ, актуелната поддршка за партијата е над 4,5 проценти, што одговара на приближно 50.000 до 55.000 гласови доколку изборите би се одржале денес. ЗНАМ нема да ги менува своите принципи според дневнополитичките потреби, нема да тргува со македонскиот јазик и нема да прифаќа еднострани отстапки без реципроцитет. Македонија не е предмет на политички пазар. Таа е наша одговорност и обврска. Патриотизмот се докажува со дела, со став и со подготвеност да се преземе одговорност за државните интереси. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter