СДСМ: Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите - затоа што се плашат од вистината!
1СДСМ: Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите - затоа што се плашат од вистината!
НБА„Кралот Леброн “се врати дома во Кливленд! Најкорисниот кошаркар во НБА лигата Леброн Џејмс по четири години во Мајами и две освоени титули се враќа дома, во тимот на Кливленд кој го драфтуваше во 2003 година.Популарниот Крал на врвот на кариерата одлучи да го напушти Мајами и да се врати во Кливленд, неговиот НБА тим кој се наоѓа многу блиску до неговото родно место Ејкрон. Кливленд во 2003 година го избра Леброн Џејмс од првата позиција на НБА драфтот. Во 2010 година кога Леброн заминуваше од Кливленд својата одлука ја соопшти во директен пренос , сега популарниот „Крал “ се огласи преку сајтот „Спортс Илустрејтид“. „Пред 4 години ја чувствував тежина на својот избор. Сега тоа би го направил поинаку, но секако би заминал. Мајами за мене беше како колеџ за некои други кошаркари, ме направи она што сум сега. Во Мајами станав подобар човек и кошаркар и таму секогаш ќе биде мојот втор дом. Без тоа искуство не би можел да го направам она што го работам сега, изјави Леброн Џејмс. Леброн во Кливленд ќе игра во еден млад тим предводен од плејмејкерот Кајри Ирвинг. Годинава од првата позиција на драфтот е избран Ендру Вигинс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите - затоа што се плашат од вистината!Во Ново Село денеска мирни млади социјалдемократи го пречекаа Христијан Мицкоски со едноставна порака, Гостивар се труе, вие сте виновни.Мирно. Културно. Без насилство. Одговорот на организираната криминална група беше класичен: пратија околу десетмина да им се закануваат, да ги нападнат и да ги замолчат. Меѓу нив и шофер на градоначалникот на Ново Село, Наско Димитриев. Вчера поднесуваа кривични пријави за навреда. Денеска праќаат насилници. Ова е нивото на власт што ја води Мицкоски. Кога нема аргументи - праќаат луѓе да тепаат. Кога нема резултати - шират страв. Кога народот прашува за труењето во Гостивар - тие напаѓаат млади. Мицкоски ја загуби контролата. Се плаши од вистината. Се плаши од народот. Се плаши од младите. Затоа што младите не се купуваат со лаги. Не се плашат од закани. И не молчат додека цела Македонија се труе. СДСМ бара од МВР веднаш да ги идентификува и уапси сите учесници во нападот. Сите до еден. Без селективност. Без заштита. А на младите социјалдемократи им порачуваме јасно: Не сте сами! Нема да ве замолчат. Борбата против насилството и криминалната власт продолжува. Народот е буден. И стравот веќе не е на нивна страна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТигрицата Умит се врати во дивината, нова надеж за загрозен вид (ВИДЕО)Тигар е пуштен во дивината. Само по себе, ова можеби не би била толку возбудлива вест ако не беше фактот дека станува збор за женка од загрозениот Амурски тигар која е вратена во дивината на Казахстан.Животното, по име Умит (Надеж), е пуштено во природниот резерват Иле-Балхаш во регионот Алмати, каде што луѓето целосно ги истребија овие прекрасни предатори пред неколку децении. Резерватот е основан со една цел - да стане дом за овие големи животни. Уникатниот проект за враќање на тигрите во нивното историско живеалиште го води Министерството за екологија на Казахстан во соработка со рускиот Центар за Амурски тигри. Тигрицата Умит е втората женка што пристигна во областа. Првата беше пуштена пред две години откако пристигна од Холандија. Таа пристигна во резерватот со мажјак, а парот е сè уште во голем ограден простор и сè уште не е целосно слободен во природа. Умит, сепак, е поинаква приказна. Таа пристигна од територијата Хабаровск на рускиот Далечен Исток. Таа беше придружувана од мажјак по име Амур, како и две младенчиња - Туран и Усури. Сите тие се дел од популацијата на амурски тигри од Русија и беа веднаш ослободени. Kazakhstan has released an #Amurtiger into the wild for the first time in more than 70 years. The female tiger, Ümit, was released in the Ile-Balkhash State Nature Reserve as part of a long-term program to restore the species to its historic habitat. pic.twitter.com/BUi8Pbtxqr — The Astana Times (@TheAstanaTimes) August 3, 2026 Амурскиот тигар, познат и како сибирски тигар, е најголемиот предатор мачка во светот. Возрасните мажјаци можат да тежат повеќе од 300 килограми и да достигнат должина од речиси три метри. Овој исклучително издржлив предатор може да преживее температури и до минус 40 степени Целзиусови благодарение на густото крзно и дебелиот слој маснотии на стомакот. Во текот на изминатиот век, луѓето речиси целосно го истребија овој вид во дивината поради ловокрадство и уништување на шумите. Затоа, секој нов тигар пуштен во дивината е голем чекор кон опстанокот на едно од најзагрозените животни на планетата. Целта на еден голем проект во Казахстан е да се создаде самоодржлива популација од 100 до 120 тигри во текот на следната деценија. Извор: Б92Тагови: тигар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ЕвропаПолитички превирања во Унгарија: Тиса бара итен избор на нов претседателПарламентарната група Тиса поднесе иницијатива Унгарскиот парламент да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница на 11 август, во согласност со уставните рокови.Парламентарната група Тиса денес поднесе иницијатива Унгарското национално собрание да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница во вторник, 11 август. Предлогот предвидува изборот на шеф на државата да биде вклучен како додаток на дневниот ред на вонредната седница на парламентот, закажана за 10 и 11 август, објави унгарскиот портал Индекс. Според образложението на иницијативата, новиот претседател на Републиката треба да биде избран во вторник, 11 август, односно во рокот пропишан со унгарскиот Устав. Иницијативата ја поднесе шефицата на пратеничката група Тиса, Андреа Ана Бујдосо, а покрај лидерот на партијата, Петер Маѓар, ја потпишаа уште 42 пратеници. Фото: ВИТагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter