Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
Култура„Крал Лир“-претстава за внатрешното слепило на луѓетоАктерите од „Lit Moon Theatre“ од Санта Барбара, САД, вчера во рамки на Американската вечер на „Охридско лето“ ја одиграа светската премиера на претставата „Крал Лир“, од Вилијам Шекспир.Создадена од уметници од Македонија, Ерменија, Финска и САД, претставата е режирана од извонредниот Џон Блондел по импресии од сцената на предворјето на црквата „Света Софија“. Сценографијата и костимите пак, се дело на нашиот познат костимограф Благој Мицевски кому ова му е втора премиера годинава на „Охридско лето“, по неодамнешната „Галеб“ со Битолскиот народен театар. Преку играта на актерската екипа се прикажаа живописни слики и визуелно раскажување приказни, раскажани на јазикот на Шекспир. Изведбата евоцира изгубени светови и минати времиња, атмосфери преплавени со антички ритуали, духови и соништа, едноставно раскажување и оригинална музика. -Целата претстава е исполенета со референци за слепилото, не физичкото туку внатрешното слепило… трагедијата да се биде слеп при очи, рече главниот актер Ирвин Апел кој ја игра улогата на кралот Лир. Претставата испреплете приказни за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки кои му ласкаат а ја прогонуваат најмладата ќерка која искрено го сака. Во другата приказна, војводата од Глостер му верува на синот кој е предавник но се сомнева во неговата лојалност. Приказните на крајот се спојуваат во една со премногу болка. Основан во 1991 година,„ Lit Moon Theatre Company“ е колектив на театарски уметници со седиште во Санта Барбара. Неговата мисија е да понуди театарски искуства кои го прошируваат и продлабочуваат разбирањето на светскиот театар и културните традиции и промовираат и инспирираат меѓукултурно разбирање преку театарска изведба во живо. Од 1992 година, Lit Moon создаде 45 нови театарски проекти, продуцира тринаесет меѓународни театарски фестивали, доби десетици награди за своите уметници. Џон Блондел е добитник на 13 независни театарски награди а во 2003 година добитник е на награда за факултетско истражување од колеџот Вестмонд, во 2013 е именуван за учител на годината и „локален херој“за неговата „неуморна посветеност“ во меѓународната театарска заедница. До денес, Џон има режирано над 100 продукции во САД, Европа и Азија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметриГо информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација. Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија. Овој пат тоа го прави со економските показатели. Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој. Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме. Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Што велат овие меѓународни институции? Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти. Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен. И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook