„Комунална хигиена“: Заменети оштетени корпи во Сарај

Заменети се оштетени корпи, наменети за одлагање ситни отпадоци во општина Сарај, информираат утрово од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје.

Активностите во текот на вчерашниот ден се реализирале на десетина локации во централниот дел на општината. Нови садови биле поставени на местото на оштетените корпи.

Во претстојниот период, исто така, како што додаваат од претпријатието, ќе се продолжи со етапно менување на сите оштетени корпи за одлагање ситни отпадоци, поставени на подрачјето на Скопје.

Малолетник уапсен во БиХ, осомничен дека 43 пати лажно пријавил бомби во училиштата

Во Сараево е уапсен малолетник под сомнение дека испратил десетици пријави до училиштата за поставени експлозивни направи.

Откако беше уапсен од припадниците на МУП на КС, малолетникот за кој се сомничи дека од неговата електронска адреса 43 пати лажно пријавил дека во неколку средни и основни училишта биле поставени бомби, е предаден на Обвинителството.

Нему ќе му биде одредена мерка притвор од 24 часа и во тој законски рок надлежниот обвинител треба да одлучи за дополнителни мерки.

Малолетникот се сомничи дека сторил кривични дела загрозување на сигурноста и лажно пријавување.

Извор: Индекс.хр

Светскиот шампион во Формула 1 ќе има дете со 8 години постара девојка

Холанѓанецот Макс Верстапен (27), четирикратен светски шампион во Формула 1, на Инстаграм објави дека го чека своето прво дете со девојката Кели Пике (35).

"Малиот Верстапен-Пике е на пат. Не можевме да бидеме посреќни со нашето мало чудо", напиша тој покрај фотографијата на која го држи стомакот на својата девојка, по што веднаш следеа бројни честитки од пријателите и обожавателите.

Инаку, Кели Пике е ќерка на трикратниот шампион во Формула 1 Нелсон Пике, а веќе ја има 5-годишната ќерка Пенелопе со поранешниот партнер, исто така Формула 1 возач Даниил Квјат.

Извор: Индекс.хр

МНР: Да се одложат сите патувања кон Сирија

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  да ја напуштат во прва можна прилика. 

Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава.

Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија.

Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ).

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

притисни ентер