„Комитско“ бегање на асот Љубчо Георгиевски од „на кавга со Иван“

Иако екстатично го потврди гостувањето во „на кавга со Иван“ и иако беше повеќе од самоуверен во разговорот со мене , сепак минатата недела ми ја рече онаа позната пишман фраза – да оставиме за понатаму, поради оваа причина...

Имено екс премиерот на Македонија, Љубчо Георгиевски ме информираше дека ќе запловел во водителски води и ќе почнел со сопствен podcast, па затоа му требало малку време да си ги консолидира своите „редови“.

За жал првичната еуфорија и антиципираниот опортунистички момент да се појави во мојата емисија, наеднаш спласнаа кај „војводата„

Не сакам ниту да помислам кои се неговите инстиктивни причини за ескивирање па се однесува небаре се облекол во Canali а потоа како да сфатил дека отворил погрешна порта, не онаа порта која води во објект каде се свири „Минаха години“.

Претпоставувам затоа и ја изусти онаа крајно банална кидавелска фраза - Да оставиме за другпат...а другпат значи само едно - никогаш, а можеби и не?

Да немате дилеми, доколку Георгиевски го промени својот став се охрабри и излезе од друштвото на бегачите : Димитар Апасиев, Димитар Ковачевски, Исмет Рамадани, Чупеска, на мојата среќа ќе и нема крај за да седне спроти мене во студиото на „На кавга со Иван“

„Храброста е заразна. Кога храбар човек зазема став, кичмите на другите често се вкочануваат“ - Били Греем

Иван С. Мирчевски

Премиерот Мицкоски во Вашингтон на конференција на конзервативната политичка акција

Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон ќе присуствува на конференција на конзервативна политичка акција.

Настанот ќе трае од денеска до сабота, и е годишна политичка конференција на конзервативните активисти и функционери републиканци од САД.

-Целта на дипломатските активности на премиерот Мицкоски е да ја интензивираат стратегијата на Македонија за стабилност, пристапување кон ЕУ, но и зајакнување на одностите со стратегиските партнери САД кои ја поддржуваат земјата на патот до европското семејство“, соопштуваат од владата.

На настанот е предвидено и обраќање на Мицкоски, а според агендата објавена на веб-страницата за собирот во Вашингтон, како дел од бројните говорници се најавуваат и Роберт Фицо, кој е актуелен премиер на Словачка, Лиз Трас која е поранешна премиерка на Велика Британија, Најџел Фараж, човекот кој ја водеше кампањата за Британија да излезе од ЕУ, Матеуш Моравјецки, поранешен премиер на Полска, како и Џордан Бардела кој ја предводи десницата во франција, заедно со Ле Пен.

Борис Џонсон: Европа да не се „скандализира“ од Трамп, туку да му помогне да ја запре војната

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во денешната објава на Икс повика Европа да престане да се „скандализира“ од изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и да му помогне да стави крај на војната во Украина.

„Секако дека Украина не ја започна војната. Тоа би било како да кажеме дека САД ја нападна Јапонија во Перл Харбор“, напиша Џонсон, осврнувајќи се на изјавата на Трамп дека Украина ја почнала војната.

„Се разбира, земјата која е подложена на насилна инвазија не треба да организира избори. Немаше општи избори во Обединетото Кралство од 1935 до 1945 година“, напиша тој, како одговор на руското барање, поддржано од Трамп за одржување претседателски избори во Украина.

„Се разбира, рејтингот на Зеленски не е 4%. Тој е всушност ист како оној на Трамп“, посочи Џонсон, алудирајќи на тврдењето на Трамп дека Зеленски има само четири проценти поддршка во својата земја.

„Изјавите на Трамп немаат за цел да бидат историски точни, туку да ги шокираат Европејците, наведувајќи ги на акција, оценува Џонсон.

„САД можат да пристапат до 300 милијарди долари замрзнати руски средства – главно во Белгија. Тоа е готовина што треба и мора да се искористи за исплати кон Украина и за компензација на американската поддршка“, нагласи Џонсон, прашувајќи: „Зошто Европа го спречува ослободувањето на парите на Путин?“

Според него, Белгија, Франција и други европски земји го блокираат овој процес, што го нарече „апсурдно“.

„Мораме да станеме сериозни и тоа брзо“, порача Џонсон, кој одамна го поддржува Трамп.

Герасимовски: Во тек е акцијата за собирање кабаст отпад, службите се на терен

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е акцијата за собирање кабаст отпад на територија на Општина Центар.

На три локации, на улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”, поставени се контејнери за одлагање кабаст отпад. Дополнително, секој жител на Општина Центар може да пријави дива депонија на телефонските броеви: 02/3203-693 и 076/350-767.

„Со оваа акција, продолжуваме да се грижиме за чистотата на нашата општина, ги охрабруваме граѓаните да учествуваат во одржувањето на урбаниот ред. Со поставување на контејнери за кабаст отпад и можноста за пријавување на диви депонии, овозможуваме чиста и здрава животна средина за сите центарци. Апелирам до сите да ја искористиме оваа можност и да помогнеме во заедничкото чување на Центар“, вели Герасимовски.

Општина Центар

притисни ентер