Комитет за имунизација: Слаб интерес за ХПВ вакцината кај девојчињата

Само 50 проценти од девојчињата биле однесени на оваа вакцина. 

Вакциналните пунктови остануваат празни кога девојчињата од 12 годишна возраст ги повикуваат за ХПВ вакцината или хуманиот папилома вирус сексуално пренослив вирус кој ги напаѓа кожата и слузокожата на различни делови од човековото тело.

Само 50 проценти од девојчињата биле однесени на оваа вакцина. Овој вирус подеднакво ги погодува и мажите и жените. Најчесто ги засега младите лица веднаш по стапување во сексуални односи. Овој вирус предизвикува рак на грлото на матката и е втор по ред на заболување кај жените.

Социјалните мрежи и секој човек има можност да пренесе искуство и да стане информација, каде често нема факти и информации. Од системот „Мој термин“ велат дека одсега во делот на имунизацијата во вакциналниот картон ќе се воведуваат и негативните ефекти од вакцините со цел да се преиспита дали вакцината имала влијание на некоја состојба или не.И родителите да имаат точни информации кои несакни ефекти ги има одредена вакцина. На овој начин и матичните доктори електронски ќе знаат дали детето е вакцинирано или не.

Од националниот комитет за имунизација, министерството за здравство велат дека сите вакцини кои пристигнуваат се со код и се по сите протоколи. Во моментов има околу 300 илјади вакцини за ковид 19 чиј рок е до јануари кога и треба да се уништат. Во Македонија се очекува да пристигнат и двовалентните вакцини против Омикрон сојот.

Средба на Спасовски и Демерџиев утре во Скопје

Како што соопшти МВР, изјави од министрите не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите.

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев со придружна делегација, утре, ќе престојува во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во рамки на која ќе се сретне со неговиот колега, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што соопшти МВР, изјави од министрите не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите.

Посетата на Дерменџиев беше најавена во петокот, по телефонскиот разговор на премиерите на Бугарија и на Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, посветен на актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службите на двете Влади соопштија дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се одвиваат мирно и непречено.

Во таа насока, за утре, беше најавена посетата на вршителот на должноста вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“ Пламен Тончев, кои ќе имаат работна средба со своите македонски колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари.

Утре променливо облачно и студено

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 5 степени.

Следува период на променливо облачно и студено време. Во вторник локално ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер. Во среда ќе има преодно намалување на облачноста, а од четврток повторно повремено ќе има слаби врнежи претежно од снег, велат од УХМР.

Магла со видливост до 50 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Магла со видливост од 40 до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопштија вечерва од Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

– Особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се нагласува во соопштението.

притисни ентер