ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
1ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
Здравје Kолку опасни се новите соеви и колку вакцините може да не заштитат? Новиот тип на вакцини како Фајзер и Модерна може да шитат од новите соеви како бразилскиот и африкнаскиот сој, раскажува професорот од Германија Андреј Трампуж за Kанал 5. Но, и оние кои ги примале вакцините Спутник В, Астра Зенека и кинеската Синофрам може да дадат примарна заштита да има инфекција од овие соеви, но да не дојде до хоспитализација или смрт, вели професорот Трампуж кој додава дека вакцината и почитувањето на мерките како и намалувањето на патувањета се единствена заштита од новите соеви. -Брзо се шират и знаеме дека овие нови вакцини се ефикасни,а векторските се помалку ефикасни. Затоа најверојатно треба да се мешаат различни вакцини и да имаме подобар имунитет и за бразилксиот сој. Тоа сега го правиме во Германија. Оние кои добија доза од Астра Зенека сега ќе добијат втора доза на пример од Фајзер или Модерна за помлади од 60 години,вели професорот Трампуж Бразилскиот сој може да го добијат и луѓето кои прележале Ковид 19, но наредното заразување ќе биде полесно, но вирусот ќе го пренесуваат на оние кои не го прележале или не се вакцинирани. Затоа, според Трампуж важно е во овој момент да прими било која вакцина. -Иако стандарните вакцини не штитат 100% спрема инфекциите, но штитат сигурно кон тешките и смртни инфекции. Затоа е најдобро да се биде било која вакцина, која може да се добие побрзо да се добие. Значи и Спутник V и кинеска вакцина се ефикасни и треба што побрзо да се вакцинирате,вели професорот Трампуж Нова нормалност на живеење, би требало да има на крај од летото. Германскиот инфектолог очекува дека ќе има нови вакцини и поголемо производство за сите земји. Затоа што вакцинирањето на поединечни земји не е успех, доколку нема масовна вакцинација по региони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа ЕуростандардСекој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски. Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава. Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал. Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаУште 20 институции влегуваат во системот за електронска архиваВо наредните три месеци уште 20 институции се приклучуваат на системот за електронско управување со документи. Наместо шетање и чекање по шалтери и канцеларии со куп документи во рацете, со неколку клика граѓаните ќе можат да си ги завршат административните обврски – министерството за дигитална трансформација најави дека уште 20 институции во наредните три месеци ќе се приклучат на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива. Министерот Стефан Андоновски вели дека се повеќе институциите ги разменуваат податоците интерно, наместо граѓаните тоа да го прават физички, а месечните трансакции за размена на податоци, од 700.000 во 2024, изнесуваат 5,2 милиони до октовмри годинава. „Ова е важна промена во начинот на кој што работи државата, барањето можеби некогаш стигнува електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија, се чува во фиока или се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со ЕДМС работиме на целиот тек на предметот, прием, распределување, постапување, потпишување и електронско архивирање. За раководителот тоа значи јасен увид каде се наоѓа предметот, за вработениот, работата му е поорганизирана, а за граѓанинот побрзо постапување. “ Во меѓувреме, според министерот, дигиталниот паричник, односно М-Услуги станува се повеќе популарен кај граѓаните, односно, личните документи, како и дел од јавните услуги веќе се префрлаат на телефоните. Апликацијата е водечка во преземања во категоријата „утилитис“ во Македонија и до денеска ја презеле речиси 29,500 граѓани. Андоновски вели ова е само старт на апликацијата, која заеднички, со забелешките на граѓаните ќе се унапредува. „М-Услуги“ е на врвот на листата на најпреземани апликации во Македонија, што е потврда за големиот интерес на граѓаните и бројот на корисници кои ја преземаат.“ Андоновски вели дека напредокот е нотиран и од ЕУ. Ограничениот напредок од 2021 до 2024 година, во изминативе две години, според него, е евидентен, и во последнава година е оценет како добар напрадок од ЕК, а зад тоа, вели стојат, законски измени, воспоставени системи и услуги, но и претстои многу работа. „Европската комисија констатира добар напредок во поглавјето 10, дигитална трансформација и медиуми, истовремено, нивото на подготвеност за прв пат на државата во овој дел е подигнато од умерено ниво, на меѓу умерено и добро ниво на подготвеност. Ова е значаен резултат за Македонија.“ Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност, каде граѓаните очекуваат податоците да им бидат заштитени, па од таму, се работи на соодветна сајбер-безбедност, односно формиран е тим кој работи организирано, се обучува постојано согласно барањата на технологијата, со цел навремено препознавање на заканите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаРедици и превоз до Битола - пензионерите од неколку градови подигнуваа готовина од Алта банкаОрганизиран автобуски превоз имаше и денеска пред експозитурата на Алта банка во Битола, каде пензионерите и примателите на социјална помош од неколку градови подигнуваа готовина. Редици граѓани повторно пред експозитурата на АЛТА банка во Битола, која и денеска ги отвори шалтерите за исплата на готовина до 20 илјади денари за пензионерите и примателите на социјална помош кои немаат платежни картички. Во Битола пристигнаа и клиенти од други градови, откако Народната банка организираше автобуски превоз од Прилеп, Охрид и Ресен. По околу еден час патување, први пристигнаа прилепчани, а нешто подоцна и охриѓани и ресенчани. Граѓаните велат дека брзо завршиле работа. Сепак очекуваат што поскоро да се нормализира исплатата и во нивните градови, за да не мораат да патуваат на други места за да дојдат до своите пари. Од понеделник, шалтерска исплата ќе им биде овозможена и на клиентите во Тетово и Струмица. За клиентите во Скопје, каде што АЛТА банка има шест експозитури, засега нема информација кога ќе им биде овозможена ваква услуга. Дополнително, како што најави гувернерот Трајко Славески, од понеделник се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со платежните картички – од 10 на 15 илјади денари. Славески најави и дека клиентите ќе можат во целост, без ограничување на износот, да располагаат со идните приливи од плати, пензии и социјални трансфери што доаѓаат од институции и компании кои имаат сметки во други банки…Славески и понатаму уверува дека состојбата во АЛТА банка е добра, дека таа е ликвидна и високо капитализирана банка. Вчера откри дека шест потенцијални инвеститори пројавиле интерес за купување на банката, меѓу кои и странски инвеститори, а биле одржани средби и со две домашни банки. Сепак, нивните имиња засега не ги открива. Во меѓувреме, истече тридневниот рок во кој српскиот регулатор требаше да се произнесе дали белградската АЛТА банка самостојно ќе ги понуди на продажба акциите што ги поседува во битолската банка. Народната банка најави дека по истекот на десетте дена од воведувањето привремена администрација ќе ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Привремената администрација стапи на сила на 1 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00