Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
1Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
Шоу биз„Колдплеј“ го тужи поранешниот менаџер поради долг и неодговорност на турнејатаМузичкиот бенд „Колдплеј“ го тужи поранешниот менаџер Дејв Холмс поради наводен долг и неодговорност за време на нивната турнеја „Music Of The Spheres“ што официјално сѐ уште трае.Поп-составот тврди дека нивниот поранешен менаџер земал два заеми од 16,3 милиони и 8,1 милион фунти во 2018 година без нивно знаење, па направил грешки, што ги чинело многу. Сега музичарите бараат отштета од 14 милиони фунти. Веста доаѓа нешто повеќе од еден месец откако Холмс ги тужеше за одредени делови од договорот. Членовите на групата, во нивната тужба поднесена до Високиот суд во Лондон, Велика Британија, истакнаа дека Холмс ги искористил парите за своите имоти во Канада. Во тужбата на менаџерот, пак, тој тврди дека бендот е виновен за грешките од повеќе милиони фунти на турнејата. Музичарите, од своја страна, сметаат дека Холмс како менаџер ја имал крајната одговорност за турнејата. Конечно, музичкиот состав го обвинува Холмс дека „не успеал соодветно да го надгледува и контролира буџетот на турнејата во секое време“ и дека доколку бендот „дејствувал со разумна грижа и вештина во извршувањето на своите обврски“, немало да плати најмалку 17,5 милиони фунти дополнителни трошоци. Холмс почна да работи со Колдплеј во 2005 година. Тој сега треба да одговори на противтужбата, а доколку двете страни не се спогодат, случајот може да заврши на судница. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЗабаваФото: Славна убавица не се откажува лесно од бикинитоСветскио топ модел нема така лесно да се откаже од своето бикини – затоа повторно се соблече.Се чини дека летото сè уште трае за една од најубавите манекенски на светот, екс топ моделот, Алесандра Амброзио и дека таа нема намера толку лесно да се откаже од своето омилено парче облека – костимот за капење. Иако есента полека, но сигурно се приближува, убавата Алесандра не сака лесно да се „предаде“. Судејќи според нејзината најнова објава на социјалните мрежи, таа сè уште сака да ужива во сончевите денови и во придобивките од потоплото време. Таа моментално престојува на Ибица, а за ова свое патување веднаш ги извести своите верни обожаватели на Инстаграм. Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДачија подготвува нов, помал кросоверПроизводителот на автомобили од Романија, Dacia се подготвува да предизвика уште еден „земјотрес“ на европскиот пазар на автомобили. Романскиот производител, чии модели традиционално постигнуваат одлични продажни резултати, планира да ја прошири својата понуда на компактни кросовери со сосема нов модел. Ова возило – кое неофицијално веќе го нарекуваат „Baby Duster“ – ќе биде позиционирано веднаш под актуелниот хит-модел Duster, нудејќи им на возачите во Европа уште подостапна опција со теренски способности. Сè започна со прототипот Renault Bridger, кој првично беше дизајниран исклучиво за пазарите надвор од Европската Унија. Концептот на возилото беше официјално претставен во март 2026 година, но раководството на компанијата брзо го препозна неговиот огромен комерцијален потенцијал. Во тек се интензивни подготовки за воведување на овој проект на европскиот пазар под логото на романската марка Dacia. Со планирана должина од околу четири метри, новиот кросовер ќе биде цели 35 сантиметри пократок од актуелниот Duster, но сепак ќе го задржи препознатливиот, робустен теренски изглед со зголемено растојание од подлогата. Иако дизајнот засега постои само во форма на шпекулации на француските медиуми, се очекува предниот дел да ги содржи модерните стилски елементи на брендот, додека силуетата ќе остане доволно компактна за градско возење, а сепак забележливо помасивна од онаа на стандарден хечбек. Пристигнувањето на „Baby Duster“ би можело целосно да ја измени структурата на понудата на романскиот бренд. Неговото лансирање совршено би ја пополнило значителната празнина помеѓу стандардниот Sandero и моделот Duster. Што се однесува до погонската единица, инженерите разгледуваат неколку докажани опции. Како логична почетна точка се спомнува добро познатиот 1,0-литарски мотор со три цилиндри од моделот „Sandero“. Сепак, се очекува главна ѕвезда во понудата да биде новата генерација на моторот „Eco-G“ со 120 коњски сили, кој користи течен нафтен гас (ТНГ), додека сериозно се разгледува и можноста за модерна хибридна верзија, дизајнирана да ги задоволи строгите европски еколошки стандарди. Она што несомнено најмногу ќе ги израдува купувачите низ Европа е цената: се очекува почетната цена за овој атрактивен SUV да се движи меѓу 17.000 и 18.000 евра! Оригиналниот модел „Bridger“ прво ќе се појави на патиштата во Индија следната година, додека европската верзија на „Dacia“ би можела да дебитира многу брзо потоа.Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаГенерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во КопенхагенНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген.Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови, која се одржува во Копенхаген, Данска. На состанокот, со кој претседаваше претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, учествуваа началниците на Генералштабовите на сојузничките земји, како и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич и врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие. Во фокусот на дискусиите на конференцијата беа актуелните безбедносни предизвици и стратешки прашања од витално значење за Алијансата со посебен акцент на зајакнување на колективното одвраќање и одбрана, имплементација на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара, иновации и технолошки развој во одбраната, како и континуирана поддршка за Украина. За време на состанокот, генералот Лафчиски ја потврди цврстата посветеност на нашата држава кон зајакнувањето на колективната одбрана и зачувувањето на регионалната стабилност. Притоа, тој го истакна непрекинатото учество на нашата Армија во активностите за заштита и одбрана на источното крило на Алијансата, како и посветеноста кон постојано унапредување на оперативната подготвеност преку процесите на модернизација, интензивни обуки и учество на меѓународни вежби. Во рамки на работниот дел од конференцијата беше спроведено и гласање за избор на следен претседавач на Воениот комитет. Воениот комитет се состанува за да дискутира за операциите, мисиите, вежбите, капацитетите и други релевантни теми на НАТО. Како највисок воен орган на НАТО, неговата главна улога е со консензус да му обезбеди на Северноатлантскиот совет воени совети за начинот на кој Алијансата најдобро може да се справи со глобалните безбедносни предизвици. Пред почетокот на активностите, делегацијата на Армијата предводена од началникот на Генералштабот, оствари средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Кралството Данска, господинот Фадил Зендели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24