Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
1Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
3Кинеските електрични автомобили ја освојуваат Канада, но речиси сите носат знак на американски бренд
Свет„Коалиција на подготвените“: Доколку нема мир, да се зголемат санкциите врз Русија По денешниот виртуелен состанок на „Коалицијата на подготвените“, имаше повеќе изјави од европските лидери кои учествуваа во разговорите насочени кон заштита на мировниот договор за Украина.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, на европските лидери им порача во случај да нема прекин на огнот во Украина, Европската Унија и САД мора да го зголемат притисокот врз Русија. „Мора да се почитува сувереното право на Украина да ги утврди условите за мир“, рече Коста на платформата X. Финскиот претседател Александар Стуб рече дека „постои силен консензус меѓу земјите од коалицијата за потребата да се продолжи со поддршката на Украина“. Чешкиот премиер Петр Фиала рече дека коалицијата се согласила дека непосреден приоритет мора да биде запирање на убивањето. Виртуелната средба ја предводеа британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Украинскиот претседател Володимир Зеленски учествуваше во видео повикот од Брисел, каде што го помина попладнето во друштво на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Средбата се одржа пред утрешното патување на повеќе европски лидери во Вашингтон, каде што ќе му се придружат на Зеленски на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп. Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски рече дека „за време на разговорот, нагласив дека, за да се постигне мир, притисокот мора да биде насочен кон агресорот, а не кон жртвата, рече Сикорски.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКарлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“Српската пејачка Јелена Карлеуша го обвини својот екс сопруг , поранешниот фудбалер Душко Тошиќ дека ја нападнал неа и нејзиното момче! Таа откри и дали неговата нова девојка Нора е сè уште во брак.Јелена Карлеуша се огласи на својот X профил, откако нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ за прв пат објави фотографија со својата нова девојка Нора. Контроверзната Карлеуша не штедеше зборови за својот поранешен сопруг, а откри и дека Нора е сè уште во брак. - Никогаш физички не би го нападнала мојот поранешен сопруг и неговата мажена девојка на начинот на кој тој нè нападна мене и моето момче иако долго време бевме разведени (претпоставувам дека ќе го стори тоа и нејзиниот сопруг). Ако сакав да тепам проститутки, ќе почнев од Турција. Но, ги сакам новинарите кои се тркаат наоколу, ги фалат моите бивши, а воедно имаат амнезија за годините злоупотреба. Поради ова, ниту еден новинар нема да добие изјава од мене повторно. Сега нека ви ја дадат Карлеуш од Тему - напиша ЈК. Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден планЕдна од сестрите Кардашијан - Џенер, атрактивната Кајли моментално престојува на егзотичните острови Туркс и Кајкос, каде што го користи своето слободно време за одмор, релаксација и правење секси фотографии. Фотографиите од младата бизнисменка повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но очигледно нејзе не ѝ пречат коментарите. Напротив, таа продолжува да споделува слики од својот одмор и ужива во секој момент. Кајли редовно ги информира своите следбеници за тоа како ги поминува деновите, па нејзините профили во последните денови се полни со фотографии од плажата и базенот. Кајли ги радува фановите со фотки во минијатурни бикини на кои во преден план се нејзините бујни облини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисФото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругатаЕден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал слави важна лична годишнина.Тенискиот шампион Рафа надал го прослави својот 40-ти роденден во интимна атмосфера со сопругата и нивните два мали сина, Рафаел Џуниор и Микел. Тениската легенда го одбележа својот 40-ти роденден со многу ретки фотографии со сопругата Марија Франциско Перело и нивните две мали деца. Рафаел зрачеше од среќа на прекрасна фотографија со своето семејство додека го прославуваа посебниот ден дома со чоколадна торта. Поранешниот тенисер, кој ги замагли лицата на своите деца, го држеше својот постар син, тригодишниот Рафаел Џуниор, во скут, додека неговата сопруга го држеше нивниот помлад син Микел во раце. View this post on Instagram A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal) На друга ретка фотографија, Надал позира со широка насмевка додека во рацете ги држи синовите пред декорација со балони подготвена за да го прослави неговиот 40-ти роденден. Тој исто така сподели трогателни видеа од неговите најблиски како ја пеат роденденската песна и го прегрнуваат. View this post on Instagram A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal) „Ви благодарам на сите за желбите за роденденот. Беше многу посебен ден, опкружен со целото мое семејство“, напиша Надал под објавата. Инаку Рафа и убавата Франциска својата вфрска ја започнаа пред повеќе од две децении во 2005 година. За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2011 година. Двојката беше заедно 14 години пред свадбата, а судбоносното „да“ го кажаа во Шпанија во октомври 2019 година.Тагови: Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook