Клуге: Омикрон означи почеток на нова фаза на пандемијата на коронавирус - Канал 5

Клуге: Омикрон означи почеток на нова фаза на пандемијата на коронавирус

Омикрон означи почеток на нова фаза на пандемијата на коронавирус, а можеби и нејзин крај во Европа.

 Клуге: Омикрон означи почеток на нова фаза на пандемијата на коронавирус

Омикрон означи почеток на нова фаза на пандемијата на коронавирус, а можеби и нејзин крај во Европа изјави шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организациа Ханс Клуге.

Дополнувајќи дека до март со омикрон би можело да се заразат 60 проценти од Европејците.

Кога ќе се смири актуелниот бран во Ввропа, ќе се воспостави глобален имунитет кој ќе трае недели или месеци дел благодарение на вакцините, а дел благодарение на имунитетот стекнат со заразување толува клуге.

„Очекуваме мирен период, но кон крајот на годината ковид-19 би можел да се врати, но не како пандемија.– вели првиот човек на европскиот огранок на СЗО.

Вирусот веќе неколку пати не изненади па мора да бидеме внимателни. Омикрон се шири многу брзо, а би можеле да се појават и нови варијанти“ – нагласува Клуге.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи

И по една недела од прогласувањето на епидемијата во Гостивар забраната за користење на водата за пиење сè уште останува во сила.

Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи

Надлежните апелираат граѓаните и понатаму да не ја користат водата за пиење и подготовка на храна, сè додека официјално не биде потврдено дека е здравствено исправна. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска кажа дека ограничувањето ќе биде укинато само кога ќе се добијат три последователни исправни лабораториски анализи, со кои ќе се потврди дека водата е безбедна за употреба. До тогаш, продолжува земањето мостри и контролите на водоводната мрежа.

Крушево пак денеска ја укина забраната за пиење вода, откако последните анализи покажале исправност на водата. Последните испитувања покажале дека водата од градскиот водовод ги исполнува условите за безбедна употреба.

-После шест мостри во два дена по три беа здравствено исправни и безбедни, исто така последната од 24.07 се здравствено исправни и безбедни за користење како вода за пиење. Од наша страна е известено ЈКП и надлежните од АХВ кои имаме информации дека веќе се излезени на терен да ја согледаат состојбата и најверојатно врз основа на резултатите и нивното мислење стручно, ќе биде повелечена забраната и ќе биде дозволена за пиење водата за град Крушево- изјави – Д-р Петар Оханесјан – ЈЗУ ЦЈЗ Прилеп.

Надлежните апелираат да не се користи за пиење водата од јавните и крајпатните чешми во крушево кои не се под надлежност на јавното водостопанство и каде не се врши редовна дезинфекција бидејќи испитувањата покажале дека најголем дел од нив се бактериолошки неисправни.

Од СДСМ пак и денеска побараа одговорност за состојбата со водата во Гостивар. Обвинија дека сè уште нема официјален потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода. Од партијата тврдат и дека проблеми со квалитетот на водата има и во други населени места.

-Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата? Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. Крушево – вода заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја,- изјава – Богданка Кузеска – Портпарол на СДСМ.

Во тетовското село Лешок и понатаму водата не смее да се користи за пиење освен за техничка употреба. Таму решение за проблемот кој трае подолго време бара и месната заедница.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари

Сигналите за смирување на ситуацијата на Блискиот исток, по најавите на амеркинаскиот претседател Доналд Трамп за нова рунда преговори со официјален Техеран втор ден по ред ја намалуваат цената на нафтата на светските берзи.

Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари

Сигналите за смирување на ситуацијата на Блискиот исток, по најавите на амеркинаскиот претседател Доналд Трамп за нова рунда преговори со официјален Техеран втор ден по ред ја намалуваат цената на нафтата на светските берзи, но ситуацијата и натаму е неизвесна.. Барел од типот Брент денеска падна на околу 85 долари.

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цената на горвата, но владата вели внимателно ја следи ситуацијата. Ако има потреба најави дека може да има ново намалување на акцизата или евентуално намалено ДДВ кај дериватите, но тоа вели ќе се знае в понеделник откако ќе го завшрат анализирањето на движењето на цените на берза за втората половина од месецов.

„Сега завршува онаа втора половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот и врз основа на тие параметри ќе се делува на цената на нафтените деривати добро е што два дена по ред паѓа цената денеска се стабилизира на некој 85 – 86 долари за барел така што веќе следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бенизните ..... “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Инаку со вчерашната последна одлука на регулаторна бензините поскапеа за 3, дизелот за 4,5 денари – тоа значи дека од денеска еуросупер 95ка се продава по цена од 93 денари, 98ца се точи за 95 денари, додека литар дизел чини 98,5 денари.

Вчера првиот регулатор Ацо Ристов, објасни дека причина за енергетската криза не е самото производство на нафта туку преработката на деривати, бидејќи вели воените дејствија оштетиле голем дел од капацитетите на рафинериите на глобално ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крилниот центар Дерек Вилис е шестото засилувања на Партизан

Српскиот евролигаш КК Партизан го претстави шестото засилување! 

Крилниот центар Дерек Вилис е шестото засилувања на Партизан

Американскиот кошаркар Дерек Вилис е официјално новото засилување на Партизан.

205 сантиметри високиот Вилис потпиша двегодишен договор со „црно-белите“ од Белград.

Станува збор за класичен крилен центар, односно играч на позицијата „четири“.

Дерек Вилис имаше солидна сезона во Евролигата, со просек од 5,8 поени, 3,9 скока и 1,2 асистенции, при што реализираше 55 проценти од обидите за два поена и 37 проценти од оние за три поени, што го направи атрактивна опција на пазарот.

Вилис забележа уште подобри бројки во француското првенство, со просек од 7,6 поени, 4,8 скока, 1,2 асистенции и 0,8 украдени топки за помалку од 19 минути по натпревар, остварувајќи импресивни 65 проценти реализација за два и 43 проценти за три поени.

Американецот роден во Кентаки му се приклучи на тимот на Жоан Пењароја и е шестото засилување во екипата што се формира за претстојната натпреварувачка сезона во Евролигата.

Пред него, во црвно белиот табор пристигнаа Кевариус Хејс, Ламар Стивенс, Алесандро Пајола, Никола Танасковиќ и Лука Вилдоса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер