„Кликни безбедно“ – нов анимиран филм за безбеден интернет кај децата - Канал 5

„Кликни безбедно“ – нов анимиран филм за безбеден интернет кај децата

Преку едукативен анимиран филм „Кликни безбедно“ кој ќе се прикажува во сите училишта, а ќе биде достапен и на телевизиите во Македонија, најмладите ќе имаат можност да ја научат важноста на дигиталната писменост.

„Кликни безбедно“ – нов анимиран филм за безбеден интернет кај децата

Преку едукативен анимиран филм „Кликни безбедно“ кој ќе се прикажува во сите училишта, а ќе биде достапен и на телевизиите во Македонија, најмладите ќе имаат можност да ја научат важноста на дигиталната писменост, но и како етички и одговорно да го користат интернетот. 15-минутниот анимиран филм беше промовиран во Домот на Култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода од страна на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски кој рече со оваа активност се заокружува месецот на побезбеден интернет и европскиот проект „MKSafeNet“.

-15 минутен анимиран филм наменет за претежно за возраст до 15 години којшто ќе зборува за безбедноста, небезбедноста и кои се потешкотиите со кои се соочуваат младите на интернет и кои се прашањата на коишто треба да внимаваат кога се присутни онлајн. Аплициравме и за втор дел на проектот, ете и за тоа да известам, во моментот чекаме одговор од ЕУ, но се надевам на позитивни вести.- - Стефан Андоновски – Министер за диг. Трансформација.

-Ние како општина учествуваме во секој еден проект што значи безбедност, сигурност и добра иднина за учениците и еве пред малку вие како сведоци видовте како и работиме од аспект на тоа да самите деца бидат општествено одговорни-- Бети Стаменкоска Трајкоска – Градоначалник на о. Кисела Вода.

Инаку, Андоновски и денеска одговори дека пред две недели Европската Унија потврдила дека проектот „Роаминг како дома“ е отворен за сите земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, која вели тој ќе биде првата земја што ќе ги исполни условите и ке започне преговори. Владата веќе ги утврдила предлог-измените на законот за електронски комуникации за кои Андоновски рече дека се усогласени со она што го бара Брисел и истите веќе се испратени до Европската Комисија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Вучиќ –кој е  носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“  изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ.

На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер