„Ќебапот-чаршиски бисер на соживот“ во Старата скопска чаршија - Канал 5

„Ќебапот-чаршиски бисер на соживот“ во Старата скопска чаршија

На неколку локации во Старата скопска чаршија утре ќе се одржи третата манифестација „Ќебапот-чаршиски бисер на соживот“.

„Ќебапот-чаршиски бисер на соживот“ во Старата скопска чаршија
Според организаторите, Македонско-бугарската стопанска комора, Стопанската комора на северо-западна Македонија и Здружението „Еснаф“, манифестацијата има за цел промоција на Чаршијата и на културниот и мултиетнички соживот, преку вкусот на ќебапот, како спој на истокот и западот.

На отворањето предвидено е да се обратат министерот за економија Дритон Кучи и градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити. Најавено е учество на градоначалници и бизнисмени од Албанија, Бугарија, Косово, Македонија, дипломатскиот кор во Скопје, како и бизнисемни од регионот.

Во рамки на манифестација ќе биде организиран и форум на отворено и дебата за чаршиите како економски, туристички, културолошки центри што го поврзуваат регионот.

Организиран е и уметнички и културен перформанс, сплет од фолклорни и музички ноти, настап на музичкото дуо „Скупи” (Старова-Мехмети), изложба на акдемскиот сликар Решад Амети и креации на стилистот Цури.

Дел од оваа манифестација ќе биде и средбата на градочалници од регионот (Македонија, Косово, Албанија и Бугарија). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Алкалоид“ со донација од 2,2 милиони денари за нова опрема за Универзитетската клиника Козле

Со донација од 2,2 милиони денари, Алкалоид обезбедува нова опрема за Универзитетската болница Козле. 

„Алкалоид“ со донација од 2,2 милиони денари за нова опрема за Универзитетската клиника Козле

По повод 90-години постоење, денеска се одржа хуманитарен пикник под закрила на фондацијата „Трајче Мукаетов“..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ предлага забрана за социјалните мрежи за деца под 13 години

Одат ли социјалните мрежи под клуч за најмладите во земјите од Европската Унијата? 

ЕУ предлага забрана за социјалните мрежи за деца под 13 години

Децата под 13 години би можеле да останат без пристап до TikTok, Instagram и другите платформи, а за оние под 15 години да важат строги ограничувања. Европа бара начин како да ги заштити младите од штетните содржини, без притоа да ја загрози нивната приватност.

Но, идејата за ограничување на пристапот веќе отвора и дилеми. Дел од активистите за детски права и некои земји членки предупредуваат дека целосните забрани можат да го ограничат правото на младите на информирање и изразување. Затоа, предлогот не се однесува само на социјалните мрежи – опфатени се и платформите за видеоигри и чет-ботовите со вештачка интелигенција.

Доколку ваквите правила станат дел од европската регулатива, Македонија не треба да остане настрана од процесот. Комуникологот Бојан Кордалов за Канал 5 смета дека земјава треба да ги следи европските законски решенија и практики за заштита на децата во дигиталниот простор.

„Македонија треба да ја следи Европската легистатива и таа што предложува и прави,не би рекол дека зборуваме за ограничување туку за целосно редифинирање на праксата и можностите кои се нудат, тоа значи различни опции за деца од 11 години...понатаму за малолетници до 15 и до 18 години“-– Бојан Кордалов.

Самата забрана тешко дека би била доволна за вистинска заштита на децата, оценува Кордалов Според него, ефект би имало доколку ограничувањата се спроведуваат со јасен план и правила – под кои услови младите ќе можат да ги користат социјалните мрежи, со вклученост на институциите и следење на решенијата што ги предвидува европското законодавство.

,,Јас секогаш кажувам забрана како забрана сама по себе не може да биде ефикасна но,план програма под кои услови, што ќе се користи и која ќе биде алтернативата е многу поразлично од самата забрана дека од утре нема да има социјални мрежи“, – Бојан Кордалов.

Во Македонија, засега, нема најава за ваква забрана. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна изјави дека не се планира ограничување на пристапот до социјалните мрежи за децата, туку се разгледуваат други мерки за нивна заштита.

Во декември лани,Австралија веќе стана првата земја во светот што забрани користење социјални мрежи за лица под 16 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во владата

За Максим Димитриевски, движењето ЗНАМ е првиот партнер во Владата кој одлучил секој еден негов избран и именуван функционер да реферира пред граѓаните за сработеното во изминатите две години. 

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во владата

Димитриевски ова го изјави на денешниот настан каде функционерите на ЗНАМ даваа отчет за сработеното.

–Нема ниту една единствена афера, нулта корупција и тоа претставено директно преку нашите претставници во извршната власт. Што се однесува до нашите приоритети – тоа е подобрување на социоекономскиот живот на нашите граѓани, правда за сите и еднаквост за сите пред законите во Македонија, изјави Максим Димитриевски, претседател на движењето ЗНАМ.

Во однос на поделбата за ресори за во иднина, Димитриевски рече дека целта е да се прави за граѓаните, а не лица од неговото движење да се борат за позиции. Сепак, и самиот најави дека Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата, но не откри во кој ресор.

– Што се однесува до поделбата на ресорите и местата, тргнуваме исклучиво од строго на апсект на преземање на одговоорност. Очекуваме дополнително уште едно заменичко место, уште еден ресор којшто треба да се дефинира во текот на следниот месец,- изјави Максим Димитриевски, претседател на движењето ЗНАМ.

Додека избраните и именуваните лица даваа отчет, СДСМ преку соопштение остро го критикуваше од ЗНАМ, карактеризирајќи го како проект на премиерот Мицкоски.

-ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ. Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата. – СДСМ.

Движењето ЗНАМ е дел од владината коалиција нешто повеќе од две години. На парламентарните избори во 2024 година освоија шест пратенички мандати, а денеска во владата имаат двајца свои министри.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер