Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
2Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Балкан„Катимерини": Македонија решава за својата иднинаВо Македонија следната недела, по тримесечно одлагање заради пандемијата на Ковид-19, ќе се одржат клучни избори, кои ќе покажат дали балканската земја ќе продолжи на својот евроатлантски пат.Пат што беше отворен со Договорот од Преспа, или ќе се врати кон неизвесноста, што би ги загрозило перспективите на граѓаните, но и односите со Грција, оценува во коментар електронското издание на атинскиот весник „Катимерини". – Односите меѓу Атина и Скопје многу се подобрија од потпишувањето на Договорот за името во 2018 година. Поранешниот премиер Зоран Заев имаше храброст да се согласи на компромис што донесе значителни придобивки за Македонија. Пред се, земјата страна полноправна членка на НАТО, а се подобрија и шансите за пристапување кон ЕУ, па се чини дека таа е решена да остане на овој пат. Спротивно на ова, опозицијата постојано говори против Договорот од Преспа, што ги загрозува повеќекратните придобивки на земјата. Секако, од граѓаните ќе зависи да решат во која насока сакаат да одат и кои ќе бидат приоритетите на нивната земја, наведува весникот. „Катимерини" оценува дека Грција би сакала да продолжи со поддршката на евроатлантскиот пат на земјата и на нејзините институционални реформи, при што се нуди себеси како важен трговски партнер, под услов Договорот со Преспа да биде поддржан и од новата Влада во Скопје, која би имала активен однос во решавање на големиот број долготрајни разлики. – Грција е природен партнер и сојузник на Македонија. Освен пристапот што и го обезбедува до пристаништето во Солун, Грција претставува и безбедносна бариера и ја штити малата континентална земја од надворешни опасности. Неодамнешните прелети од страна на грчки и американски авиони на небото над земјата беа потсетник за тоа, се додава во текстот. Авторот на коментарот потенцира и дека Грција е еден од најголемите поддржувачи на членството на Македонија во ЕУ, што неодамна и го докажала со убедувањето на неколку членки на Унијата да се согласат на почеток на пристапните преговори со земјата. – Во однос на Договорот од Преспа, Грција доследно го почитува. Тој беше постигнат и потпишан од поранешниот (грчки) премиер Алексис Ципрас, а неговиот наследник Киријакос Мицотакис продолжи да го поддржува и покрај неговите предизборни забелешки, додава „Катимерини". Според весникот, „соседите треба да сфатат" дека ваквиот став е стратешки избор на грчката страна, која во исто време ги очекува преговорите за членство, кои ќе содржат обврзувачки договори за низа прашања, како што е употребата на трговските марки. – Во услови кога Македонија оди на избори на 15 јули, можеме само да се надеваме дека гласачите ќе ја избираат евроатлантска иднина и ќе го задржат курсот на институционални реформи, економски просперитет и регионални партнерства и дека нема да ги загрозат досегашните придобивки, туку дополнително ќе го зајакнуваат позитивниот пристап на сојузниците и партнерите од последните неколку години, кои ја оценуваат како фактор на стабилност на Балканот, заклучува авторот на коментарот во „Катимерини"./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
СудбинаЖена паднала од крузер покрај брегот на Грција- по 20 часа ја пронашле жива во морето (ВИДЕО)44-годишна жена од Салвадор преживеа речиси 20 часа на море откако падна од крузерот „Одисеја на морињата“ додека пловеше во Медитеранот, покрај брегот на Грција.Ја пронајде екипажот на товарен брод кој учествуваше во потрагата, а снимките од спасувањето ја покажуваат жената како се држи за портокалова гума спасување. Жената патувала на крузер на „Ројал Карибиан“ кој испловил од Италија на 4 октомври на седумдневно крстарење по Медитеранот, објави Економик Тајмс. Според соопштението на грчката крајбрежна стража, таа паднала во морето утрото на 9 октомври. Масовна операција за пребарување и спасување била започната откако еден патник паднал од бродот. Таа била пронајдена по речиси 20 часа Грчките власти го активирале својот план за вонредни состојби и ги известиле бродовите во областа. Во потрагата биле вклучени спасувачки чамци и хеликоптер, како и трговски бродови што пловеле во близина. Жената на крајот била пронајдена од екипажот на товарниот брод MSC Rossella III, кој се придружил на операцијата. Во моментот на откривањето, таа била свесна и пловела во морето држејќи се за портокалова елка за спасување. Објавено видео од спасувањето Грчката крајбрежна стража објави видео од моментот кога екипажот на товарниот брод се приближува кон жената. На видеото се гледа како фрлаат јаже кон неа и ја прашуваат дали е добро. Жената успеала да го зграби јажето и да се повлече до бродот, по што екипажот ја извлекол од морето. На неа ѝ е укажана прва помош на бродот. Потоа била транспортирана во грчкото пристаниште Катаколо, каде што била однесена во болница на медицински прегледи и следење на здравјето. Покрената е истрага за падот од крузерот Грчките власти започнаа прелиминарна истрага за да ги утврдат околностите во кои жената завршила во морето. Досега не е објавено како паднала од крузерот или што се случило за време на речиси 20-те часа што ги поминала на море. Ројал Карибијан потврди дека започнала итна потрага. „Веднаш започнавме операција за пребарување и спасување и соработуваме со надлежните органи“, објави компанијата. „Нашиот тим за поддршка активно им помага на нејзините најблиски во ова тешко време. За да ја заштитиме приватноста на патничката и нејзиното семејство, нема да даваме дополнителни детали“, додадоа тие. Зошто потрагата по лице кое паѓа од брод е особено тешка? Кога некое лице паѓа од крузер, екипажот ја евидентира позицијата на бродот во времето на пријавувањето, така што спасувачките служби имаат почетна точка за пребарување. Бродовите во близина можат да добијат повик за помош, а во зависност од условите, во потрагата се вклучени и други бродови и авиони. Пронаоѓањето лице на отворено море е особено тешко поради брановите, морските струи и слабата видливост од голема далечина. Во овој случај, жената е пронајдена жива по речиси 20 часа во морето, а грчките власти продолжуваат да ги истражуваат околностите на нејзиниот пад.Тагови: крузер морето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Шоу бизКој ќе биде новиот Џејмс Бонд- двајца кандидати се во најтесниот избор Името на новиот актер што ќе го игра Џејмс Бонд наводно би можело да биде откриено „многу наскоро“, пет години откако Даниел Крег се збогуваше со улогата на агентот 007. Веќе е во тек подготовка на нов филм, а ќе го режира Денис Вилнев, познат по филмовите „Пристигнување“, „Дина“ и „Блејд Ранер 2049“. Сепак, сè уште не е официјално потврдено кој ќе ја преземе главната улога, пишува The Mirror. Очигледно, аудицијата за новиот Бонд е завршена Во последните месеци се зголемуваат шпекулациите за тоа кој ќе го наследи Крег. Меѓу актерите што се споменуваат се Џејкоб Елорди, Калум Тарнер, театарскиот актер Том Френсис и Арон Тејлор-Џонсон. Deadline објави во август дека имало помеѓу пет и десет кандидати на потесниот список. Холивудскиот новинар Џеф Снајдер сега тврди дека студиото Amazon MGM го завршило прегледувањето на кандидатите за улогата и дека Џејкоб Елорди и Џек Лоуден биле меѓу актерите вклучени во изборот. Во својот билтен, The InSneider, тој напиша: „Слушнав дека Amazon MGM ја заврши аудицијата за Џејмс Бонд. Иако не можев да дознаам многу детали, знам дека Џејкоб Елорди и Џек Лоуден беа меѓу кандидатите. Кој ќе стане новиот Џејмс Бонд? Снајдер верува дека улогата ќе му припадне на Елорди. „Очекувам студиото и режисерот Денис Вилнев, кој сака да работи со млади филмски ѕвезди, да го изберат Елорди, како што се шпекулираше на интернет уште од самиот почеток. Останете со нас бидејќи би можеле да добиеме вести за новиот агент 007 многу, многу наскоро“, напиша тој. Од друга страна, сценаристот и телевизиски продуцент Ричард Осман откри уште во август дека Џек Лоуден е сериозно разгледан за улогата. Во подкастот The Rest Is Entertainment, тој рече дека шкотскиот актер би бил одличен избор. „Името што го слушнав е Џек Лоуден. Сè уште ништо не е одлучено, но тој дефинитивно е меѓу најсериозните кандидати.“ „Мислам дека би бил фантастичен“, рече Осман. Лоуден веќе има искуство со шпионски улоги, играјќи агент на британската безбедносна служба MI5 во серијата „Slow Horses“, додека Џејкоб Елорди е најпознат на публиката по неговата улога во серијата на HBO „Euphoria“. Дали новиот Бонд ќе биде претставен до крајот на годината? Продуцентката на новиот филм за Бонд, Ејми Паскал, претходно навести дека името на главниот актер би можело да биде објавено до крајот на годината. „Би рекла дека крајот на годината е реален рок. На изборот му пристапуваме многу, многу темелно. Работев со Барбара Броколи и знам колку ќе биде тешко да се најде наследникот на Даниел Крег. Ни треба нешто сосема поинакво, нешто возбудливо и свежо“, изјави таа за Deadline. Студиото Amazon MGM засега не сака да открива детали. „Иако немаме намера да коментираме за спецификите за време на кастингот, со нетрпение очекуваме да споделиме нови информации со фановите на Џејмс Бонд кога ќе дојде вистинското време“, рекоа тие.Тагови: џејмс бонд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИлјадници луѓе во Португалија на протест поради станбената криза, приведени се 55 лица (ВИДЕО)Илјадници демонстранти повторно се собраа на плоштадите во Лисабон и Порто во неделата, најавувајќи го продолжувањето на протестите против продлабочувањето на кризата со домување во Португалија.Илјадници демонстранти повторно се собраа на плоштадите во Лисабон и Порто, најавувајќи го продолжувањето на протестите против продлабочувањето на кризата со домување во Португалија, неколку часа откако полицијата ги отстрани шаторските населби и приведе 55 лица во португалската престолнина, објави Еуроњуз. Демонстрантите во Лисабон одлучија да се вратат на плоштадот Росио и повторно да постават шатори, а португалската фадо пејачка Ана Мора се придружи на протестите, која настапи во поддршка на движењето. Организаторите изјавија дека повеќе од 1.000 луѓе се собрале на секој од плоштадите, додека полицијата не даде проценка за бројот на учесници. Една од демонстрантите изјави дека се придружила на протестот на плоштадот Росио за да ги поддржи генерациите кои се соочуваат со зголемени трошоци за домување. „Ако луѓето не се чувствуваат како дома, во секоја смисла на зборот, не можат да продолжат со своите животи. Доста е веќе“, рече таа. Полицијата спроведе координирани акции во двата града кратко пред 6 часот наутро, откако ги предупреди демонстрантите дека шаторските населби се нелегални. Сите 55 приведени лица подоцна беа ослободени и треба да се појават пред суд. Карла Валадао, портпаролка на протестниот камп во Лисабон, ја опиша полициската акција како „многу агресивна“. Шефот на полицијата Серхио Соаре рече дека отстранувањето на шаторите е извршено „мирно, пропорционално и соодветно, без никаква полициска интервенција насочена кон растурање на собирот“. Португалија се соочува со една од најлошите кризи со прифатливи станови во Европа. Цените на недвижностите се зголемија повеќе од двојно од 2017 година, додека кириите за нови договори за закуп речиси се удвоија. Кризата е најизразена во големите градови, каде што има и незадоволство поради прекумерниот туризам и приливот на таканаречени дигитални номади. Демонстрантите бараат централно-десничарската влада да го повлече законот што би го олеснил иселувањето на станарите и би ги укинал ограничувањата за кирија за нови договори. Протестите следеа по слични демонстрации за домување во соседна Шпанија и се совпаднаа со незадоволството поради зголемувањето на трошоците за живот во земји како Франција, Белгија и Италија.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook