МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
Шоу биз,,Карпата”откри кого ќе поддржи на претседателските избори во САД(ВИДЕО)Двејн Рок Џонсон ќе ги поддржи Џо Бајден и Камала Харис на претседателските избори во САД, велејќи дека тие се „најдобриот избор за водење на земјата“.Својата изјава Џонсон ја објави вчера на социјалните мрежи. „Напредокот бара храброст, хуманост, емпатија, сила, ЉУБОВ И РЕСПЕКТ“, напиша тој и објави видео од неговиот разговор со Бајден и Харис. Во него, тој ги праша како имаат намера да ја придобијат почитта на земјата, а Бајден рече дека има намера да го одржи својот збор и да преземе одговорност, но и да им ја каже вистината на Американците. "Вистината понекогаш може да биде многу тешка за слушање и затоа луѓето понекогаш не ја кажуваат. Но, не може да верувате ако не ја кажете вистината", додаде Харис. View this post on Instagram As a political independent and centrist for many years, I’ve voted for Democrats in the past and as well as Republican. In this critical election, I believe Joe Biden and Kamala Harris are the best to lead our country, and as my first ever (public) Presidential endorsement, I proudly endorse them for the presidential office of our United States. Progress takes courage, humanity, empathy, strength, grit, kindness and respect. Being KIND & RESPECTFUL to one another will always matter. Now we must ALL VOTE, so hit the link up top 👆🏾 and I’ll help you get it done. #BidenHarrisJohnsonSummit #ProgressThroughHumanity #VOTE2020 👊🏾 A post shared by therock (@therock) on Sep 27, 2020 at 5:15am PDT Џонсон наскоро објави друга снимка, во која тие разговараат за загриженоста во врска со процесот на гласање. „Вистинска и трајна промена се случува чекор по чекор“, заклучи Рок на крајот. View this post on Instagram It’s always important to identify the conversations that really matter - and this conversation is critical - voting. All of us getting out there to cast our vote for who we want. Our voice. Our power. And keep this in mind, no matter how strongly your opinion may differ from mine, it’s always gonna be ok. You can yell all you want, but I’m not blocking you from our conversation. I won't even yell back.😉 Because we all have work to do, now lets talk about VOTING! Hit my link up top 👆🏾 and I’ll help you register to vote. #BidenHarrisJohnsonSummit #OwnTheOutcome #ProgressThroughHumanity #VOTE2020 A post shared by therock (@therock) on Sep 27, 2020 at 2:21pm PDT Иако за прв пат официјално поддржа кандидат на изборите, 48-годишниот актер во неколку наврати зборувал против Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Според судските документи, неговите месечни трошоци изнесуваат речиси 96.000 долари, а откако ја загубил својата телевизиска улога на „Фокс спортс“ (Fox Sports), останал без редовни приходи. Тој изјави дека последната исплата ја добил во август 2026 година. Поранешната партнерка на НБА легендата, Пол Пирс ја оспорува неговата верзија за финансиската состојба и бара независен експерт да ги провери неговите приходи и имот. Според TMZ, тој плаќа приближно 48.000 долари месечно за издршка на децата и на сопругата, додека остатокот се користи за грижа за децата, храна, јадење во ресторани, сметки, облека и други трошоци. Пирс тврди дека на своите банкарски сметки има околу 300.000 долари, додека вредноста на неговиот недвижен имот ја проценува на 3 милиони долари. Неговата поранешна партнерка, Принцес Сантијаго, ги оспорува неговите наводи за финансиската состојба и бара независен експерт да ги разгледа неговите приходи и имот. Пирс инаку,поголемиот дел од својата кариера го помина во „Бостон Селтикс“, со кои во 2008 година ја освои НБА-титулата. Тој десет пати беше учесник на „Ол-стар“ натпреварите, а во 2021 година беше примен во Кошаркарската куќа на славните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ФудбалОд зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе По лошиот коментар на социјалните мрежи од Килијан Мбапе по церемонијата на доделување на Златната топка неколку кинески компании ги раскинаа своите спонзорски договори со францускиот напаѓач и Реал Мадрид.Кина ги спроведе своите закани во дело. Натпреварите од Ла Лига исчезнаа од програмата на државниот радиодифузер CCTV – потег што директно влијае врз Реал Мадрид и нивната француска ѕвезда, Килијан Мбапе, пренесува „Goal“. Ситуацијата произлегува од коментар на Мбапе во врска со сатиричен интернет-мем поврзан со кинескиот лидер Мао Цетунг. Според шпанскиот медиум „Marca“, ниту еден од натпреварите во Ла Лига, закажани за овој викенд, не е емитуван на каналите на државната телевизија. Сепак, платформата „Migu“ нуди поинаква слика. Како ексклузивен дигитален партнер на Ла Лига во Кина – партнерство што опфаќа период од тековната сезона па сè до 2029/2030 година – „Migu“ го задржа речиси целиот свој викенд-распоред непроменет. Сепак, постои еден значаен исклучок: натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Реал Мадрид не се појави во распоредот за емитување. Понатаму, „Migu“ не прикажува ниту еден натпревар на Реал Мадрид – детаљ потврден и од шпанска новинска агенција – дури ни оние што биле закажани пред почетокот на оваа криза. Корисниците на социјалните мрежи, уште на самиот почеток на кризата, укажаа на тоа дека платформата ги избришала снимките од головите на Мбапе од неодамнешниот „Ел Класико“ натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Сè започна кога Мбапе во едно интервју изјави дека еден од најсмешните сатирични интернет-мемиња што ги видел, бил оној на кој неговото лице е вметнато врз слика од „кинески лидер“ – при што не го именуваше експлицитно Мао Це Тунг, иако токму тој беше прикажан на мемето. Овие изјави, дадени во вторникот, предизвикаа брза реакција. Неколку кинески компании ги раскинаа договорите за спонзорство, државната телевизија го прекина емитувањето на натпреварите од „Ла Лига“ и оние на кои настапува францускиот напаѓач, а неговите реклами беа повлечени од програмата. Мбапе упати извинување на француски, кинески и англиски јазик.Тагови: Килијан Мбапе Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ЖивотФер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на ЧеликДефанзивецот на Борац, Абел Пасквал, истакна кандидатура за фер-плеј потегот на годината за време на дуелот против Челик во Зеница, во 12-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.Гостите од Бања Лука ги освоија бодови на „Билино поле“ во Зеница по пресврт (2:4) во фантастичен натпревар, за кој двата тима беа наградени со аплауз. Сепак, најголемиот аплауз на легендарниот стадион „Билино поле“ го доби фудбалерот од Бања Лука, Абел Пасквал, откако ѝ помогна на медицинската екипа што побрзо да стигне до навивачот на „Челик“ на кој му се слошило на трибините. Додека лекарите брзаа да му помогнат на навивачот од Зеница, Шпанецот од редовите на „Борац“ зеде опрема за реанимација од еден од медицинските лица и потрча кон трибината каде што се наоѓаше споменатиот постар господин. Според извештаите на медиумите од Зеница, навивачот на „Челик“ е во добра здравствена состојба по интервенцијата на лекарите. На крајот, „црвено-сините“ освоија три бода на „Билино поле“ и продолжија во трката зад првопласираниот „Зрињски“ од Мостар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook