Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо
Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?
1Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо
2Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?
Шоу биз„Карпата“ објави потресни снимки од Хаваи: Срцето ми е скршено (ВИДЕО) Двејн Џонсон зборува за разорните шумски пожари во Мауи. Актерот израснал на Хаваите, а преку Инстаграм им се заблагодарил на сите за поддршката и повикал на дополнителни донации.„Први одговорни лица, медицински тимови, хотели, локални бизниси, организации за одговор при итни случаи на терен... Сите тие се наши локални херои. Останете силни - ве сакаме и ве цениме. Нашите предци се во нашата крв. Тоа сме ние. Тоа е она што го правиме“, рече тој преку видео порака. „Моето срце е целосно скршено“, додаде тој, објавувајќи неколку потресни фотографии направени по пожарот. View this post on Instagram A post shared by Dwayne Johnson (@therock) Потсетуваме дека бројот на жртвите во пожарите на Хаваите, најлошите во САД во последните повеќе од сто години, оваа недела може да се удвои, па дури и тројно да се зголеми, предупредија властите кои очекуваат да најдат „10 до 20“ мртви на ден, додека моментално се под критики за управување со катастрофата. Шумските пожари со необичен интензитет и брзина однесоа 99 животи на островот Мауи, покажуваат податоците. Но, кучињата трагачи кои моментално го пребаруваат изгорениот град Лахаина, кој беше речиси целосно уништен од пожар, имаат уште многу терен за пребарување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништоВо ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо-Обвинителството да се позанимава со овие наводи од 2019.На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога господинот Филипче беше министер за здравство и посочи: „Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центар за јавно здравје во Прилеп од 01 февруари 2019 до 28 февруари 2019 и се однесува за градовите Прилеп, Крушево и Македонски Брод. Самиот извештај вели дека има неисправност на водата поради тоа што имаме бактериолошка неисправност и физичко-хемиска неисправност на примероците. Преземено, ништо. Следен извештај 01 март 2019 до 31 март 2019, повторно за истите градови, и повторно преземено ништо. Можам да ви ги редам многу вакви извештаи. Овде има цел сноп за Гостивар и за околината. Вие сте министер во тој период. Не само што ви гореа модуларни болници, туку како доктор вие не се држевте до заклетвата. Вие дозволувавте луѓето да конзумираат вода која во најмала рака кажано, претставувала ризик за здравјето на тие кои што ја конзумирале“. Мицкоски информираше дека бројот на неисправните примероци од водата во Гостивар се намалува и очекува дека гостиварци за неколку дена ќе имаат исправна вода и за пиење, а во исто време го повика Обвинителството да се позанимава и со наводите од минатите извештаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неспособноста, корупцијата и лагите се на директна штета на граѓаните за што директно го обвини Мицкоски. „Сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои владеете. Не помага ниту „силниот“ ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ова вие не можете да го сокриете“, истакна Филипче. Тој посочи дека Владата нема одговор за серијата случаи со загадена вода низ државата и дека граѓаните остануваат без информации за ризиците по нивното здравје, додека никој не презима одговорност за труењето на граѓаните. „Водата е загадена во пола држава: Во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и пријавувале соодветно резултатите?“, праша Филипче. Претседателот Филипче побара Владата веднаш да ги објави резултатите од анализите за водата во Гостивар и да стави крај на контрадикторните информации што ги пласираат институциите. „Зошто не ги објавувате резултатите од водата во Гостивар? Зошто имате контрадикторни изјави, вие едно, министерот за здравство друго, дека наводно ќе била добра за пиење, а потоа ќе била само технички исправна водата? Луѓето се збунети, не знаат што да прават и не знаат кому да веруваат“, рече Филипче. Во однос на случајот со Лепенец и водоснабдувањето на Скопје, тој предупреди дека јавноста и понатаму не добива одговори иако станува збор за место каде во блоизина има бунари кои дополнуваат изворот на вода од која пие цело Скопје. „Загадена вода на местото каде што има бунари кои го дополнуваат изворот, од кој пие вода цело Скопје, и нема никаква информација“, нагласи Филипче. Осврнувајќи се на животниот стандард, претседателот на СДСМ истакна дека реалноста целосно ги демантира владините тврдења. „Паѓаат во вода приказните за „стандардот“. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на егзистенцијата. И сега „Евростат“ го потврди тоа: последни сме во Европа по стандардот и по примањата, најниски, на дното“, рече Филипче. Тој додаде дека додека цените растат, платите остануваат замрзнати. „Нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите. Сè порасна, сите цени се зголемија, освен платите. Тие стагнираат... Луѓето се на работ на егзистенцијата“, рече Филипче. Во делот за корупцијата, Филипче потсети на последните оценки од Европскиот парламент за состојбата во државата. „Последниот извештај на Европскиот парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство. И вие немате никаква реакција на тоа. Напротив, продолжувате со партизација на судовите“, потенцираше претседателот на СДСМ. Филипче ја критикуваше и намерата на Владата да донесе закон со кој, како што рече, ќе се заобиколат системските правила за јавни набавки. „Вчера предлагате закон со кој сакате да потрошите 20 милиони евра, заобиколувајќи ги сите системски закони во државава за јавни набавки. Па добро, што е целта? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето“, нагласи Филипче. Во однос на европската интеграција, тој оцени дека Владата самата ги демантирала наративите што ги пласирала со години. „Самите се демантирате... За пред некој ден да признаете, и вие и министерот за надворешни работи, дека сето тоа што сте го зборувале не било вистина. Па зар сега не се потврдуваат нашите тези и тоа што ние го зборуваме? Дека намерно не сакате во Европа? Дека намерно го блокиравте европскиот пат?“, рече Филипче. На крајот, претседателот на СДСМ му постави директно прашање на премиерот за политичката одговорност. „Моето прашање е следно: кој премиер е крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи. Но сакам тоа да го слушнам од вас. Кој премиер е крив за сите овие работи во државата?“, порача Филипче. СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаШвеѓаните продадоа два екстремно скапи авиони: Сите се прашуваат кој е купувачот?Шведскиот одбранбен гигант „Сааб“ (Saab) на 27 јули 2026 година објави дека договорил продажба на два извидувачки авиони „ГлобалАј“ (GlobalEye) на неименувана земја од Блискиот Исток, во зделка вредна околу една милијарда долари.Испораките се планирани за 2030 година, а компанијата „Сааб“ (Saab) – повикувајќи се на националната безбедност и чувствителноста на воената индустрија – не го открива идентитетот на купувачот ниту дополнителни детали за договорот, пренесува „Дифенс блог“ (Defense Blog). Ваквата таинственост не е невообичаена во воениот сектор, каде што продажбата на извидувачки авиони често вклучува договори за размена на разузнавачки податоци, а купувачите претпочитаат набавката на најсовремена извидувачка технологија да ја задржат подалеку од очите на јавноста. Она што не е спорно е што всушност прави GlobalEye и зошто побарувачката за него постојано расте, пишува „Defense Blog“. Изграден врз платформата на деловниот авион „Bombardier Global 6000“ и опремен со низа активни и пасивни сензори, GlobalEye е дизајниран истовремено да следи и идентификува цели во три домени – во воздухот, на море и на копно. BREAKING: 🌍👀 A mystery nation in the Middle East has quietly secured 2 Saab GlobalEye airborne early warning and surveillance aircraft in a deal worth around $1 BILLION, and the buyer's identity remains classified. The game changing spy planes are scheduled for delivery in… pic.twitter.com/ILTLp9E75p — Defence Index (@Defence_Index) July 28, 2026 GlobalEye испраќа податоци во реално време, овозможувајќи им на командантите да ги забележат заканите пред тие да се приближат. Според податоците претставени од „Сааб“ (Saab) заедно со резултатите за вториот квартал од 2026 година, леталото може да остане во воздух до 12 часа по мисија и да открива цели на растојание поголемо од 650 километри. Ова го вбројува во класата на извидувачки летала способни да го надгледуваат целото регионално боиште во текот на една патрола, далеку од која било граница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter