„Канцелариски колумни“ - нова книга на Лилјана Пандева - Канал 5

„Канцелариски колумни“ - нова книга на Лилјана Пандева

„Канцелариски колумни“ e најновото прозно остварување на Лилјана Пандева, кое што излезе од печат деновиве во издание на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје.

„Канцелариски колумни“ - нова книга на Лилјана Пандева
Според издавачот, станува збор за свежа, современа и актуелна проза, која што пред читателот отвора голем број предизвици на работното време пространство низ призмата на прецизен набљудувач.

- Низ овие, условно наречени, колумни канцеларијата е претставена во универзални димензии. Како и во претходните така и во оваа нејзина најнова книга, до израз доаѓа препознатливата нарација на Лилјана Пандева, се наведува кон книгата.

Лилјана Пандева е родена 1964 година во Ново Село, Струмица. Магистер е по филолошки науки. Автор е на романите: „Од агендата на Калина Калин“ и „Возовите на Луцерн“, како и на драмолетите за деца „Новогодишни едночинки“.

„Канцелариски колумни“ е нејзино трето прозно остварување. Од ПНВ Публикации велат, се надеват дека и ова остварување на Пандева ќе го повтори успехот на нејзините два претходни романа кои што беа преведени на германски јазик и издадени во Австрија од издавачката куќа Висар. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) ѝ ја одзеде дозволата за работа на „АЛТА банка“ а.д. Белград. 

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Банката е во сопственост на Давор Мацура, кој се смета за близок до Српската напредна странка – партијата на поранешниот претседател Александар Вучиќ, која претрпе пораз на изборите пред една недела.

Од НБС соопштија дека, со судска одлука, за стечаен управник ќе биде назначена Агенцијата за осигурување на депозити, пренесува nova.rs.

Во соопштение за јавноста, Народната банка на Србија наведува дека на оваа одлука ѝ претходеле контроли, преку кои се настојувало работењето на банката да се насочи кон зголемување на ликвидноста.

„Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката значително се влошила. Постои можност за дополнителен пад на ликвидноста, поради што се загрозени интересите на депонентите на банката“, се вели во соопштението на НБС.

Од централната банка додаваат дека одлуката е донесена со цел заштита на депонентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем, бидејќи се исполнети условите за одземање на дозволата, пропишани со Законот за банки.

Агенцијата за осигурување на депозити треба да обезбеди исплата на осигурените износи во рок од седум работни дена и да им овозможи на клиентите да располагаат со своите средства. Според податоците на НБС, сметката на „Алта банка“ е блокирана уште од 30 октомври.

Непосредно пред објавувањето на одземањето на лиценцата, компанијата „Алта пеј“ (Alta Pay), која работи во рамките на истата групација како и банката, ги известила своите деловни партнери плаќањата да ги вршат преку нејзините сметки во други банки – „Поштанска штедионица“ и ОТП (OTP), пренесува „Време“.

Овој потег бил невообичаелив, бидејќи „Алта пеј“ има сопствен платен промет и сметки, меѓу другото и во „Алта банка“. Компанијата, всушност, дала насоки да се заобиколат нејзините сметки во матичната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, но по претежно влажни коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. 

Сообраќај по влажни коловози

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелира за внимателно возење и прилагодена брзина, особено низ котлините и клисурите каде што постои честа појава на одрони. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, а на неколку клучни магистрални и регионални правци во тек се активни градежни зафати со посебен сообраќаен режим.

Влажните коловози создаваат дополнителен ризик за возачите кои се движат низ котлините, речните долини и засеците. АМСМ издвојува четири патни правци каде што е потребна исклучителна претпазливост поради одрони од карпи и земја: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта.

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови времето ќе биде под влијание на циклонска активност до вторник. Ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер