Македонија „Канал 5“ ексклузивно: Што содржи португалскиот предлог во делот за јазикот? Според документот, поделен во 4 анекси, се предвидува вакви посебни унилатерални декларации да бидат дадени од Бугарија и Македонија на почетокот на првата меѓувладина конференција.„Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година„ - ова како решение за јазичниот спор го предвидува португалскиот предлог до кој дојде Канал 5. Според документот, поделен во 4 анекси, се предвидува вакви посебни унилатерални декларации да бидат дадени од Бугарија и Македонија на почетокот на првата меѓувладина конференција, а со нив како што стои во документот - не се нарушуваат црвените линии и се овозможува продолжување на евроинтегративниот процес. Ден по изјавата на португалската министерка Закаријаш која ја оцени како несреќна, и вицепремиерот Димитров потврди дека пристапот на португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија. -Предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија предвидува да остане македонскиот јазик таков каков што е, ‘македонски јазик’ и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција. Пристапот на португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија за нивниот став за јазикот,изјави Никола Димитров – Вицепремиер на евроинтеграции. Покрај Димитров и министерот Маричиќ вели дека со португалскиот предлог не се доведува во прашање македонскиот јазик. Маричиќ повтори дека македонскиот јазик и идентитет на се ставени на преговарачка маса и за нив не може да се преговара. Она што го видовме во документот и она што го има во предлогот на преговарачката рамка во ниту еден момент не го одразува ова што го кажавте. Значи, во преговарачката рамка е наведен македонскиот јазик без никакви додавки,вели Бојан Маричиќ – Министер за Правда. Според португалскиот предлог, откако Македонија и Бугарија ќе ги достават декларациите, и Европскиот совет ќе излезе со своја декларација во која во третата точка се наведува дека Советот ја забележува позицијата на Бугарија дека терминот „Македонски јазик“ треба да биде сметан во согласност со уставот на земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ФудбалДиего Симеоне испиша историја во шпанскиот фудбал Шпанскиот фудбалски гигант, Атлетико Мадрид го совлада Леванте со 2:0 во 11 коло од Ла Лига и привремено го презеде врвот на табелата, но натпреварот беше одбележан со историско достигнување на предводникот на популарните „јорганџии“ Диего Симеоне.Аргентинскиот стручњак ја оствари својата 344-та лигашка победа на клупата на „јорганџиите“, со што се израмни со легендарниот Луис Арагонес на врвот на вечната листа на најуспешни тренери во историјата на шпанското првенство. Атлетико триумфираше на гостински терен со головите на Алехандро Грималдо во 28-мата минута и Џулијано Симеоне во 62-рата минута. Податокот дека Симеоне стигнал до 344 победи на само 565 натпревари звучи особено импресивно, додека на Арагонес му биле потребни дури 756 натпревари за истиот учинок.Тагови: Атлетико Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗатекнати пијани малолетници во угостителски објект во Карпош, еден завршил на токсикологијаОсум лица биле приведени отако полициски службеници кои постапувале по претходно добиени сознанија за точење на алкохол на малолетници во угостителски објект во Карпош каде затекнале малолетни лица во видно алкохолирана состојба .-Во полициската станица Карпош при извршеното алкотестирање кај сите осум лица било утврдено присуство на алкохол во организмот. Едно лице кое било присутно во угостителскиот било пренесено на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик – „точење алкохолни пијалаци на малолетници“, информира МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДемонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата. Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија. Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле. Zurich: Clashes in the city. Under the slogan «We are fed up» and citing the unrest in Europe, mostly hooded individuals are rioting. Police deploy water cannons, tear gas, and rubber bullets to bring situation under control. #SchoolProtests #StudentProtests https://t.co/MvWXWUWfT6 — LIVE1 (@LIVE1TV) November 1, 2026 Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња. Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата. Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил. Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице. Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер. Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.Тагови: демонстранти Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter