Забава„Каква креатура е ова“? (видео)– Маж во сала за вежбање шокира со својот изглед, дали е ова реално?Некои луѓе трагајќи по добар изглед веројатно се спремни да го уништат сопственото тело. Во денешното општество кое води седечки начин на живот, физичката активност се потенцира повеќе од кога било. Салите се преполни со луѓе кои вежбаат, а многумина не кријат колку покрај здравјето се грижат и за својот изглед. Меѓутоа, сакајќи да постигнат максимален и најдобар резултат, понекогаш одат во вистинската крајност. Ова е особено карактеристично за мажите кои својата кондиција и мажественост ја мерат преку големината на бицепсот или квадрицепсот. Сепак, треба да се најде мерка во ова и да се биде добро информиран за сè. @elsonoliveira9781 ♬ som original - elsonoliveira229 На Тикток се појави застрашувачка снимка од бодибилдер кој ја шокираше јавноста. Иако овој маж покажува како го поминува времето во сала за вежбање, многумина веруваат дека неговото деформирано тело е производ на употреба на стероиди. Елсон Оливеира е од Бразил и на видеата што ги објавува на Tикток задоволно танцува покажувајќи го своето тело и мускули кои не изгледаат природно, туку се целосно изобличени. Неговите бицепси се како балони, а неговиот врат и гради се дотолку деформирани што овој човек личи на карикатура, па поради тоа стана предмет на расправа на Интернет. - Ова се стероиди. - Како се постигнува оваа градба? - Каков е овој цртан филм? - Немам зборови.. - Дали е ова реално? - беа дел од коментарите. Иако во коментарите имаше шеги на сметка на овој бодибилдер, повеќето се согласија дека е крајно опасно да се води ваков начин на живот, бидејќи многумина веруваат дека зад сето ова се крие употребата на стероиди за раст на мускулите, поради што овој вљубеник во бодибилдингот добил деформирано и неприродно тело. Освен стероидите, кои се општопознати синтетички деривати на машкиот хормон тестостерон со цел да се изградат мускули и генерално да се подобри физичката форма, многумина веруваат дека овој бодибилдер користел и други хемиски супстанци и инјекции кои целосно му го промениле изгледот. Ромарио Дос Сантос, исто така, е еден од бодибилдерите кој поради употребата на стероиди буквално се претвори во чудовиште и си го уништи животот со вбризгување на познатиот стероид „Синтол“, комбинација од масло и алкохол, поради што за малку ќе му беа ампутирани двете раце. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова анкета: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ, Мицкоски далеку пред ФилипчеВМРО-ДПМНЕ со тројна предност перед СДСМ, а премиерот Мицкоски со четири пати поголема доверба од Филипче, покажува последното испитување на јавното мислење спроведено од Маркет вижн за Мкд.мк. Најголем број од испитаниците 20,5 отсто се изјасниле дека на наредните избори ќе го дадат својот глас за партијата ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ 6,2 отсто за СДСМ, пет проценти од анкетираните би гласале за ДУИ, нешто над 4 проценти за ВРЕДИ, 3 отсто за Левица и 1.5 проценти за Дижењето ЗНАМ. 28 проценти се изјасниле дека нема да излезат на гласачките места, а околу 11 отсто не сакале да откријат за кого ќе го дадат својот глас. Процентуално од оние кои откриле речиси половина би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 15 проценти за СДСМ, 12 за ДУИ, 10 проценти за ВЛЕН. Анкетата покажува дека најголема доверба меѓу лидерите ужива Христијан Мицкоски со 23,3 проценти. Зад него е лидерот на ДУИ Ахмети во кого доверба имаат 5,5 проценти од испитаниците, додека првиот човек на СДСМ Филипче е на третото место и за него се изјасниле 5,1 отсто од испитаниците. Интересно е и што копретседателите на ВЛЕН Изет Меџити и Билал Касами заедно имаат поголем рејтинг од Ахмети – Меџити 4 проценти, а Касами 2 ипол. Според премеирот Мицкоски неговиот висок рејтинг, како и рејтингот на партијата не ги гледа како мотив за барање предвремени паралементарни избори, но не ја исклучи таквата можност доколку тоа го побараа другите партии. Во анкетата испитаниците биле прашани да се изјаснат и за евроинтеграциите, при што високи 80,3 проценти од испитаниците одговориле дека се за влез на Македонија во ЕУ со статус на земја набљудувач и без право на вето, модел за кој се погаласно се разговара во рамки на Унијата. А против ваквиот модел за членство се изјасниле само 8,4 проценти од испираниците. Од СДСМ пак реагираат дека анкетата била нарачана бидејќи власата била во паника поради тоа што можела да се справи со катастрофалната состојба во економијата. Анкета на Меркет вижн е спроведена телефонски на 1.200 испитаници во период од 10-ти до 27-ми јуни. Ваквото истражување на јавното мислење доаѓа на две години од мандатот на оваа Влада и во момент на реконтрукција на валадиниот состав и промени во осум ресори. За предложените минстерски имиња пратениците ќе се изјаснат в понеделник на пленарна седница закажана за во 11 часот. Од СДСМ пак велат дека она што власта го претставува како „освежување“ на владиниот состав, го оценуваат како чист политички театар во кој се менуваат министрите, но не и политиките. Тагови: Анкета ВМРО ДПМНЕ СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57
ЕвропаТурски комичар се соочува со четири години затвор за навреда на ЕрдоганТурски суд во петокот нареди притвор на комичарот Дениз Гокташ, додека се чека почетокот на неговото судење по обвинението за навреда на религиозните вредности и претседателот Реџеп Таип Ердоган.Гокташ беше приведен на главниот аеродром во Истанбул во четврток по враќањето од странство, неколку дена откако обвинителите започнаа истрага за неговиот стендап настап кој беше гледан милиони пати на интернет. Државната агенција Анадолија објави дека тој е официјално уапсен по сослушувањето пред обвинителите во петок. Контроверзната изведба беше снимена минатиот месец во Истанбул и собра околу 9,5 милиони прегледи откако беше објавена на youtube на 24 јуни. Провладиниот весник „Сабах“ објави дека десетици гледачи поднеле жалби за шегите за религијата, што доведе до истрага. За време на сослушувањето, Гокташ, 32-годишен комичар, рече дека немал намера да ги омаловажува религиозните вредности или да го навредува претседателот и дека неговиот пристап бил сатиричен. Во врска со шегата во која го опиша ердоган како „срамежлив диктатор“ кој станал некој „сигурен во својот идентитет“, тој рече дека тоа е тема за која се дискутира нашироко во Турција, објави порталот Бианет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57
МакедонијаМилошоски: Позитивната оценка од Европската комисија е потврда за успешните реформиДенес сакаме да ја потенцираме важноста на месец јули и за Македонија, но и за проценките коишто Европската комисија ги прави за сите земји кандидати.Нашите информации говорат дека проценката на Европската комисија за Македонија е позитивна заедно со Албанија и Црна Гора, додека другите земји кандидати од регионот имаат назадување споредено со Реформската агенда, односно Планот за раст утврден од Европската комисија. Оваа потврда на Европската комисија дека Македонија ги спроведува реформите од Реформската агенда е голем мотив да продолжиме и да го забрзаме овој пат. Но исто така оваа потврда е демант на спиновите коишто ги шири Венко Филипче дека Македонија не исполнува реформски цели. Оттука би сакале да апелираме до претседателот на СДС, Филипче барем овој месец јули да биде попрагматичен и да ги стави интересите на државата на прво место и да најде начин како да ги уважи и интересите на македонските граѓани во дијаспората и Реформската агенда којашто заеднички е утврдена од многу политички актери и да се усвои Изборниот законик, бидејќи Изборниот законик е дел од Реформската агенда, а она што досега го имаме договорено во работната група во Министерството за правда е резултат на еден широк прагматичен консензус каде што никој не наметнувал било какво решение, напротив, сме стигнале до заеднички јазик согласно одредени стандарди предвидени од ОБСЕ и ОДИХР. Исто така ја поздравуваме заложбата на Европската комисија, исполнувањето на реформските цели да биде поврзано и со алокацијата или распределбата на средства за одредени земји кандидати. Во тој контекст очекуваме во текот на месец јули или крајот на месец јули да имаме веќе и предлог за дел од средствата коишто припаѓаат на земји кандидати коишто заостануваат со реформските агенди, да бидат прераспределени кон земји коишто предничат во исполнувањето на реформскиот план, а тоа се Македонија, Албанија и Црна Гора. И на крајот би сакале да се заблагодариме и на делегацијата на Европската комисија во Скопје и на амбасадорот Рокас и на неговиот тим, којшто на дневна основа во соработка со сите министерства и надлежни институции, даваат добри совети и препораки како Реформската агенда заеднички да ја движиме напред и со тоа да ја задржиме оваа позиција на земја фронтранер во Западниот Балкан по однос на перцепцијата на Европската комисија. Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter