Денес освен трговија тешко може да се најде дуќанче кое живее и работи од старите занаети.
Ако некогаш работа имало за 200 шнајдери, денес едвај 10-тина останале во бизнисот. Низ сокаците, може да се најдат и бербери, златари... кондурџии нема. А, оние кои останале се жалат дека побарувачката е слаба, а заработуваат едвај за кирија.
Модерниот начин на живот и индустритското производство ставија клуч на врата, на занаетчиските дуќанчиња. Неколкумината занаетчии кои лесно се наоѓаат во чаршијата, велат - туристи има, сите ја посетуваат оваа скопска убавина-, но млади кои би го продолжиле занаетот – нема. Никој не сака да биде чирак.
Повеќевоковната стара градба и денес живее во духот на традицијата.
Во секое сокаче чаршијата крие по една стара приказна. Занаетите можеби изумираат, но спомените остануваат вмрежани во калдрмата.