Ракомет,,Како да сме дојдени на пазар”- Данците и Норвежаните се жалат од условите во Египет (ФОТО)По Норвежаните, и Данците ги нападнаа организаторите на Светското ракометно првенство во Египет поради неверојатно лошите услови што ги обезбедиле за играчите.Данската репрезентација е сместена во огромен хотел во кој слабо се почитуваат безбедносните мерки и протоколи. Данската телевизија ТВ2 објави дека хотелот во кој се сместени актуелните светски шампиони е огромен, дека има повеќе од илјада соби, но дека таму има многу луѓе и дека скоро никој не презема мерки на претпазливост. Данците наведуваат дека една од мерките требало да биде постојано мерење на телесната температура, но тие тврдат дека никој од нив досега не им го побарал тоа. Тие исто така тврдат дека луѓето во хотелот не држат дистанца. Левото крило на данската репрезентација, Хенрик Мелгард изјавил дека хотелот во кој престојуваат го потсетува на голем пазар, а докторот на репрезентацијата Мортен Сторгард е исто така многу скептичен во однос на условите на овој Мундијал. „Се сомневам дека сè што беше ветено ќе се оствари“, рече тој. Да потсетиме, Сандер Сагосен пред неколку дена прв се огласи против организацијата на натпреварот. „Ова е трагикомично, пародија, отворено да се каже. Сè досега се чини како голема шега. Таквите услови се неодржливи. Бевме шокирани вчера кога пристигнавме. Денес е уште полошо. Успеавме да одржиме тренинг на парче трева, игравме малку фудбал и направивме вежби за сила. Им кажав на оние кои можат да направат нешто, сакам да ја насочам целата енергија на она за што дојдов - да играм што е можно подобар ракомет “, рече Норвежанецот. Данска својот прв натпревар на Светското првенство го игра во петок во 20:30 часот против Бахреин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
ЕвропаПремиерката на Исланд со реакција по референдумот: Ова не го сметам за пораз Граѓаните на Исланд на референдум одлучија да не започнат преговори за приклучување кон Европската Унија.Според податоците објавени од јавниот радиодифузен сервис RUV во неделата, откако беа преброени повеќето гласови, опцијата „против“ доби 52,8 проценти, додека 47,2 проценти од гласачите гласаа за започнување преговори, објавува The Guardian. Реакција на премиерката Владата во Рејкјавик, која го предложи референдумот, водеше кампања за почеток на преговорите. Премиерката Криструн Фростадотир изјави пред гласањето дека тоа е можност „сега или никогаш“ и дека негативниот исход трајно ќе ја заврши дебатата за членство. По објавувањето на резултатите, таа рече дека се надева дека гласањето нема да создаде поделби во општеството. „Не го гледам ова како пораз. Знам дека некои луѓе се во шок, но разговарав со голем број граѓани низ целата земја и луѓето се отворени за различни исходи“, изјави Фростадотир за RUV. Таа призна дека многумина во Исланд, особено во руралните средини, се загрижени за влијанието на членството врз земјоделството, рибарството и природните ресурси. „Ветувам дека ќе се справиме одговорно со тие теми и ќе ги почитуваме тие стравови“, рече таа. Аргументи во кампањата Застапниците на приклучувањето кон ЕУ тврдеа дека членството може да донесе пониски каматни стапки и да обезбеди поголема безбедност во контекст на војната во Украина и најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за анексијата на Гренланд. Од друга страна, противниците истакнаа дека членството би го загрозило суверенитетот на земјата и нејзините води богати со риба. Исходот од референдумот го поздрави лидерката на француската десница, Марин Ле Пен. Одгласи од Европа „Во време кога некои се залагаат за посилен федерализам и пренос на суверенитетот на Европската комисија, ова гласање нè потсетува дека е можна поинаква Европа - Европа на слободни, суверени нации кои доброволно соработуваат по прашања од заеднички интерес“, напиша Ле Пен на социјалната мрежа X. Лидерот на британската партија „Реформа на Велика Британија“, Најџел Фараж, објави на истата платформа: „Му честитам на Исланд што гласаше за зачувување на својата независност“. Долготрајна дебата Исланд првпат аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, откако финансиската криза силно ја погоди економијата на земјата. Евроскептичната влада ги прекина тие преговори во 2013 година. Геополитичките превирања, вклучувајќи ја војната на Блискиот Исток и американските увозни тарифи, повторно го разгореа прашањето за кое Исланѓаните дебатираат повремено со децении.Тагови: Исланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
СудбинаПадобранец „се обеси“ на високонапонски далновод- драма во Романија (ВИДЕО)Единаесет припадници на романската армија скокнаа од авион, но ветерот одеднаш го смени правецот.Еден од падобранците се заглави на далновод, додека другиот слета на соларни панели, пишува порталот Observatornews.ro. Инцидентот се случил во четврток, кратко по 16 часот, во близина на аероклубот во Тргу Муреш, каде што 11 припадници на армијата учествуваа во вежба со падобран. Временските услови првично изгледаа поволни за таква операција, со брзина на ветерот од околу 5 метри во секунда. Сепак, откако војниците го напуштија авионот и ги отворија своите падобрани, времето нагло се промени. Брзината на ветерот достигна дури 16 метри во секунда, повеќе од три пати поголема од нормалната брзина, што значително им го отежна слетувањето. Едниот падобранец беше однесен од силни налети на ветер кон високонапонски далноводи, каде што се заглави, додека другиот беше однесен на покривот на метална сала, на фотоволтаични панели. Исплашените очевидци, кои виделе што се случило, се јавиле на 112. Војникот кој се заглавил меѓу далноводите успеал да се ослободи и безбедно да слета на земја. Двајцата падобранци биле префрлени во болница со амбулантни возила на SMURD, но лекарите утврдиле дека имале голема среќа и дека нивните животи не се во опасност. Војникот кој завршил на покривот од салата претрпел повреда на ногата и бил пуштен дома, додека другиот, кој се заглавил на високонапонските далноводи, бил задржан на набљудување .Тагови: падобранец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Црна хроникаУапсени се 18 возачи за безобѕирно возење- деветмина возеле пијани, седуммина без возачка18 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ – деветмина возеле под дејство на алкохол, седуммина без положен возачки испит, двајца со забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 18 возачи поради сторени прекршоци од областа на сообраќајот, односно за „безобѕирно управување со возило“. Од нив, девет возачи управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Штип, Прилеп, Демир Хисар, Битола, Куманово и Неготино. Кај возач од Куманово биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта, при што тој агресивно се однесувал кон полициските службеници, додека возач од Демир Хисар, кај кого биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта, предизвикал и сообраќајна незгода. Седум возачи управувале возило без положен возачки испит, од Куманово, Скопје, Битола, Гостивар и Општина Чашка. Меѓу нив се и двајца малолетници, од кои едниот управувал патничко возило, а другиот мотоцикл. Во истиот период, полициски службеници сопреле и двајца возачи, од Куманово и Скопје, кои управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило. По целосното документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесното и неодговорното однесување на учесниците во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, одговорното однесување и целосното почитување на изречените мерки се од особено значење за спречување на сообраќајни незгоди и за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40