Како да победите во секоја расправа? Адвокат открива метод од 9 секунди - Канал 5

Како да победите во секоја расправа? Адвокат открива метод од 9 секунди

 Како да победите во секоја расправа? Адвокат открива метод од 9 секунди

Како да победите во секоја расправа? Адвокат открива метод од 9 секунди

Адвокатот Џеферсон Фишер стана ѕвезда на TikTok благодарение на неговите совети за решавање на конфликти и поефикасна комуникација. Тој го привлече вниманието на јавноста по видеото што го објави пред три години, „Како да се расправате како адвокат“, кое брзо собра повеќе од милион прегледи.

Денес, 37-годишниот Тексашанец има околу 12 милиони следбеници на социјалните мрежи, а продолжува да работи и како адвокат за судски спорови. Минатата година објави книга, „Следниот разговор: Помалку расправа, повеќе разговор“, во која нагласува дека целта на расправиите не е да се победи, туку подобро да се разбереме.

Ова се советите на Џеферсон за конструктивна расправа, пишува Дејли Меил.

Расправии со партнерот

Разговорите со партнерот често се најтешки затоа што станува збор за личност што ја сакаме, но која знае „каде да те притисне“, вели Џеферсон Фишер. Наместо обвинувања како „ти секогаш“ или „ти никогаш“, кои само поттикнуваат нова расправија, тој препорачува поставување прашања.

Еден од неговите трикови е расправијата да ја спречите со прашањето:„Дали се расправаме или разговараме“ Тоа, вели тој, речиси секогаш ја смирува ситуацијата.

Како моќен трик ја истакнува и тишината. Ако вашиот партнер каже нешто навредливо, Фишер советува пауза од девет секунди. „Тишината ѝ дава шанса на другата личност да ги чуе своите зборови и честопати завршува со извинување“, објаснува тој. Ако проблемот не може да се реши веднаш, тој предлага одложување на разговорот до следниот ден бидејќи „времето ќе покаже што е важно, а што не“.

Како да се справите со токсичен шеф

Кај проблематичните шефови, вели тој, клучот е да поставите граници уште на почетокот. Тоа значи јасно да наведете што ќе толерирате, а што не. Наместо одбранбени реакции, Фишер предлага кратки, јасни одговори како „Не одговарам на тој тон“ или „Тоа е под моето ниво на почит“.

Ако чувствувате дека вашиот шеф ве саботира, тој советува да му пристапите како ученик, а не како некој кој поставува барања. Прашањата од типот: „Како би напредувале вие на мое место?“ честопати отвораат повеќе врати отколку директното барање унапредување.

Меѓутоа, ако вашиот шеф е хронично токсичен и нема систем за поддршка, Фишер вели: понекогаш најздраво е да заминете.

Проблеми со колегите

Ако колегите постојано ве прекинуваат на состаноците, Фишер советува да не ги опоменувате насред реченицата. Наместо тоа, продолжете да зборувате откако тие ќе завршат, како ништо да не се случило. Ако се случи повторно, обратете им се по име мирно кажете: „Не можам да ве слушнам додека ме прекинувате“.

За трачарите во канцеларија, тој има едноставен совет: ако некој почне да озборува, кажете „Не знам. Сакаш да го прашам?“ - и разговорот брзо ќе престане.

Кавги со соседите

Кога станува збор за конфликти со соседите, Фишер препорачува да не влегувате во конфликт и да најдете заедничко решение. Наместо обвинувања, подобро е да кажете дека сакате мир, но и дека ги разбирате нивните потреби. Тој смета дека пасивната агресија е нездрава бидејќи води до акумулирање на незадоволство, а подоцна и до поголеми конфликти.

„Пријатели-непријатели“ и семејство

Ако некој ве понижува јавно, Фишер советува директен одговор: „Дали намерно се обиде да ме посрамотиш?“ Ако е намерно, пораката е јасна - нема место за такви луѓе во вашиот живот.

Во семејните спорови, тој ја нагласува моќта на смирениот, но цврст одговор. Љубезноста, вели тој, не значи слабост. „Кога одговарате смирено, никогаш подоцна не се каете.“

Критични родители

Родителските критики треба да се признаат, но да не се прифаќаат. Фишер советува јасни граници, но со почит: „Разбирам дека не се согласувате, но ова се одлуките што ги донесов за мојот живот.“ Границите, заклучува тој, не се знак на непочитување, туку на јасност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. 

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Во Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер