Живот Како да му помогнете на вашето дете да ја увиди разликата помеѓу непристојност, злоба и малтретирањеДетето се враќа дома од училиште видливо вознемирено. Пред да го прашате што се случило, тоа со солзи ја прераскажува непријатната случка со друг ученик. Додека слушате, вашите емоции се разгоруваат, можеби поттикнати од вашите сопствени сеќавања или родителскиот инстинкт да го заштитите вашето дете. Слушањето и прифаќањето на детските чувства се првиот чекор, но клучно е правилно да се протолкува однесувањето што го повредило за да знаете како да постапите. Дали другото дете било само грубо, злобно или станува збор за малтретирање? Понекогаш разликите тешко се воочуваат Зошто е важно да се направи разлика помеѓу непристојно однесување, злоба и злоставување? Анџела Кајаца, лиценциран брачен и семеен терапевт во компанијата LifeStance Health за Mother.ly вели: „Важно е јасно да се направи разлика помеѓу овие однесувања за да бидеме сигурни како најсоодветно да изреагираме во дадената ситуација, наместо да долеваме масло во огнот, било да станува збор за ненамерно влошување на ситуацијата или лишување на нашите деца од можноста да ги изградат потребните вештини“. Како да се направи разлика? Кајаца посочува два фактори кои помагаат да се препознае однесувањето: намерата и колку често се случува таквото однесување. „Грубоста е обично ненамерна и ретка, иако може да биде болна. Може едноставно да значи дека некој има лош ден“, објаснува Кајаца. Примерите вклучуваат туркање во ред, превртување со очи или фалење - овие однесувања се импулсивни и непромислени, но не се намерно насочени кон нанесување штета. „Злобата е намера да се повреди некого, но сепак е ретка и не е првенствено насочена кон контрола“, вели Кајаза. Остра забелешка изречена во афект, игнорирање некого веднаш по расправија или уништување на нечиј цртеж од одмазда се примери за однесувања кои се намерни, но нема изразена нерамнотежа на моќ (како што е разлика во големината или популарноста) и не се случува често. „Малтретирањето, од друга страна, ги вклучува сите горенаведени - тоа е намерно, честопати за да се потенцира моќта и контролата врз другата личност“, вели Кајаца. Ова однесување е немилосрдно и обично продолжува дури и откако насилникот ќе биде замолен да престане. Нерамнотежата во моќта создава динамика во која едната личност не може да се одбрани. Како да ги охрабрите децата да се заземат за себе Поучувањето на децата за овие разлики во однесувањето може да им помогне да научат како да реагираат и кога да побараат помош. „Можеме да ги поддржиме нашите деца да го прилагодат нивниот одговор на секое од овие сценарија. Ова значи да научат да игнорираат и едноставно да преминат преку ненамерното и ретко грубо однесување, да покажат сочувство кога е потребно и да се заложат за себе кога се соочуваат со злоба со тоа што јасно и смирено ќе кажат: „Не ми се допаѓа начинот на кој се однесуваш кон мене“. „Исто така, треба да им се помогне да разберат дека малтретирањето е исклучително сериозна работа и ниедно дете не треба да се справува само“, објаснува Кајаца. Кога родителите треба да се вклучат Постојат знаци на кои родителите треба да обратат внимание за да знаат кога е време да реагираат. „Родителите треба да интервенираат кога некое од овие однесувања е намерно, се повторува и ескалира. Ако забележите дека вашето дете се плаши да оди на училиште, се жали на сè почести болки во стомакот или станува вознемирено или повлечено, тоа се знаци дека му е потребна поголема проактивна поддршка и интервенција“, вели Кајаца. Препознавањето на карактеристиките на овие посериозни однесувања, како што е малтретирањето, може да биде корисно и за разговори со децата за нездравата динамика во пријателството. Според една студија од Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, феноменот „пријател-непријател“ (анг. frenemies) покажува колку е честа појавата малтретирањето да се случува во еден пријателски однос за насилникот да стекне популарност. Другите пријатели можат брзо да го следат тој пример за да го обезбедат своето место во социјалната хиерархија. Кога се случува ова, за децата тоа е болно и збунувачко. „Најважно што можете да направите е да му помогнете на вашето дете да разбере - без разлика дали станува збор за пријател, член од семејството или возрасен - дека здравите луѓе не ги повредуваат другите често, намерно и дека никој не би требало да толерира такво однесување“, вели Кајаца. Таа препорачува родителите во вакви ситуации да се заземат за сигурноста на своето дете и веднаш да го вклучат училишниот персонал. „Со ова исто така му покажувате на вашето дете дека барањето помош е вештина и дека малтретирањето е многу сериозна работа.“ За да ги направите овие тешки разговори што е можно поприродни, експертите препорачуваат да ги вклучите во вашата дневна рутина. Ова може да вклучува прераскажување на денот навечер, поставување прашања за смешни моменти, читање книги или гледање филмови што ги посочуваат овие теми или споделување на сопствените искуства од детството. Не е секогаш лесно да ги слушнете одговорите на вашите деца, но можностите да ѕирнете во нивниот внатрешен свет и да ги гледате како развиваат чувство за хумор и емпатија се непроценливи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОрмускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на минаЧетвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“. Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец. Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина. The fourth oil tanker, traveling on a prohibited route in the Strait of Hormuz, has exploded. 🔹IRGC Navy: This afternoon, the fourth supertanker, despite warnings from the IRGC Navy against using the southern route of the Strait of Hormuz, suffered a powerful explosion after colliding with a mine and is currently on fire. 🔹This tanker, carrying over 2 million barrels of crude oil, also ignored radio warnings from the IRGC Navy and attempted to leave the strait via the prohibited southern route. 🔹This is the fourth oil tanker that has been on fire in the Strait of Hormuz since early this morning, due to American provocations. — Sprinter Press (@Sprinter_Press) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА. „Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа. „Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи. Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција . Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни. Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци. Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот. Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“. „Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОдземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) ѝ ја одзеде дозволата за работа на „АЛТА банка“ а.д. Белград. Банката е во сопственост на Давор Мацура, кој се смета за близок до Српската напредна странка – партијата на поранешниот претседател Александар Вучиќ, која претрпе пораз на изборите пред една недела. Од НБС соопштија дека, со судска одлука, за стечаен управник ќе биде назначена Агенцијата за осигурување на депозити, пренесува nova.rs. Во соопштение за јавноста, Народната банка на Србија наведува дека на оваа одлука ѝ претходеле контроли, преку кои се настојувало работењето на банката да се насочи кон зголемување на ликвидноста. „Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката значително се влошила. Постои можност за дополнителен пад на ликвидноста, поради што се загрозени интересите на депонентите на банката“, се вели во соопштението на НБС. Од централната банка додаваат дека одлуката е донесена со цел заштита на депонентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем, бидејќи се исполнети условите за одземање на дозволата, пропишани со Законот за банки. Агенцијата за осигурување на депозити треба да обезбеди исплата на осигурените износи во рок од седум работни дена и да им овозможи на клиентите да располагаат со своите средства. Според податоците на НБС, сметката на „Алта банка“ е блокирана уште од 30 октомври. Непосредно пред објавувањето на одземањето на лиценцата, компанијата „Алта пеј“ (Alta Pay), која работи во рамките на истата групација како и банката, ги известила своите деловни партнери плаќањата да ги вршат преку нејзините сметки во други банки – „Поштанска штедионица“ и ОТП (OTP), пренесува „Време“. Овој потег бил невообичаелив, бидејќи „Алта пеј“ има сопствен платен промет и сметки, меѓу другото и во „Алта банка“. Компанијата, всушност, дала насоки да се заобиколат нејзините сметки во матичната банка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37