Како да ја исчистите пеглата од бигор? - Канал 5

Како да ја исчистите пеглата од бигор?

Трик што сигурно помага – потребни се две состојки кои веќе ги имате во кујната

 Како да ја исчистите пеглата од бигор?

За да го избегнете овој проблем, користете дестилирана вода, чистете ја барем еднаш месечно за да го продолжите нејзиниот век на траење.

Првите пегли почнале да се користат уште во стара Кина, околу 4 г. п.н.е. Се работело за метални садови полни со жар, со кои ги мазнеле ткаенините за да се исправат. Во средниот век во Европа, луѓето користеле дрвени или камени валјаци за рамнење на платното.

Првите метални пегли се појавиле во 17.век, биле од железо и биле многу тешки, ги загревале на шпорет или директно на оган. Ги нарекувале „железни пегли“. Во 19-ти век се појавуваат пегли кои се полнат со вжарено масло или пак имаат резервоар за алкохол кој согорувал и ја греел плочата.

Првата електрична пегла е изум на Хенри Сeли во САД 1882 г. Дури во текот на 20-тите години на минатиот век електричните пегли станале популарни, но биле прилично скапи. Пеглите со вграден резервоар за вода што испуштаат пареа се појавиле во 50-тите години на минатиот век и повеќето домаќинства денес имаат токму такви.

Нивната мана е во тоа што со тек на време, фаќаат бигор во резервоарот за вода што може да ја оштети самата пегла. Освен тоа, пеглата лошо функционира, често остава дамки врз облеката за време на пеглањето.

Како да го исчистите бигорот во пеглата?

Испразнете го резервоарот ако во него има стара вода, па истурете смеса од 50% обичен алкохолен оцет и исто толку вода. Вклучете ја пеглата на највисока температура и вклучете ја пареата. Копчето за пареа (burst stream) задржете го неколку пати за оцетот да помине преку дупчињата. Исклучете ја и оставете ја пеглата да отстои 30 минути со таа смеса. Испразнете го резервоарот и двапати исплакнете со чиста вода. Пуштете пареа од чистата вода да ги отстрани остатоците од оцет.

Задолжително проверете што пишува на упатството од производителот. Има пегли за кои е наведено никако да не се користи оцет, во тој случај можете да користите лимонтус ( 1 лажичка во 100 мл вода).

Чистење на дупчињата

Направете паста од сода бикарбона и вода, нанесете ја на дното на пеглата, особено на дупчињата. Исчистете со мека четкичка или со стапчиња за уши, а потоа пребришете со влажна крпа.

Повеќето модерни пегли имаат копче за чистење. Ставете вода во резервоарот, вклучете ја пеглата и притиснете го ова копче, држете ја пеглата над лавабо додека не ја ослободи водата преку пареа.

За да избегнете вакви проблеми со пеглата, користете дестилирана вода. Повремено испразнете го и исушете го резервоарот после пеглање. Чистете ја пеглата барем еднаш месечно за да го продолжите нејзиниот век на траење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Инфлацијата е под европскиот просек, можен е уште еден ребаланс до крајот на годината

Намалените приходи од акцизите и данокот на додадена вредност може да бидат причина за уште еден ребаланс на буџетот до крајот на годинава, најави премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Инфлацијата е под европскиот просек, можен е уште еден ребаланс до крајот на годината

Според владините пресметки во буџетот може да недостигаат меѓу 6 и 7 милијарди денари, пред се поради намалените акцизи и ДДВ-то за горивата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еко – акција за чистење на Скопје – илјадници скопјани ги чистеа јавните површини во градот

Со поддршка од сите скопски градоначалници, амбасадите, меѓународните организации, како и основните и средните училишта, денеска се спроведе големата еколошка акција за почисто Скопје.

Еко – акција за чистење на Скопје – илјадници скопјани ги чистеа јавните површини во градот

Покрај чистењето и уредувањето на јавните површини, акцијата има и едукативен карактер – токму затоа во неа се вклучени и ученици, со цел уште од најмала возраст да се гради одговорен однос кон животната средина.

Но, еднодневното расчистување само по себе не е доволно доколку не се променат и секојдневните навики кон јавниот простор.

На 50 локации денеска се чисти низ земјава, а во акцијата се вклучија јавни личности, средношколци и скопски градоначалници. Заеднички собираат отпад и испраќаат порака дека чистата околина е одговорност на сите.

И граѓаните сметаат дека секој поединечно треба да биде пример за одговорното однесување кон животната средина...

Отсега акциите за чистење на градот ќе се организираат двапати во месецот , по правило во среда, но терминот ќе зависи од временските услови.

Паралелно со нив од следната недела Комунална хигиена ќе биде засилена со новите камиони за собирање на ѓубре и кабаст отпад, изјави градоначалникот.

„Дополнително, завршена е постапката и потпишан е договорот., веќе во петок ја очекуваме првата тура од 1.100 контејнери за Град Скопје. Тоа е голема набавка од вкупно 3.300 контејнери, а во наредните две недели ќе стигне и испораката на останатите. Мислам дека сме на добар пат оние сцени од минатото да останат зад нас.“ – Орце Ѓорѓиевски.

Инаку, во изминатиот период заради прекршоци поврзани со хигиената во градот, пред се заради оставање на кабаст отпад, биле изречени казни во вредност од над 80 илјади евра..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје?

Има можност Македонија да издејствува патоказ како дел од групата најуспешни земји кандидатки по посетата на шефицата на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, оценуваат европските експерти.

Ќе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје?

Сепак, според дел од нив, уставните измени и за тоа би останале клучни, иако според досега објавените неофицијални детали од новата стратегија за проширување на Унијата, таа содржи елементи кои одат во корист на Македонија.

Македонскиот предлог европски посредници да се вклучат во дијалогот со Бугарија може да се покаже како опасна авантура, предупредува Стојковски, додека пак според Кржаловски, таков формат може да биде пресликан и во Историската комисија.

Новата стратегија за проширување се очекува да биде објавена следната недела, додека пак патоказите би биле усвоени до крајот на оваа година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер