3„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
Забава ЈУ. Детски културен центар - Карпош- Утре промоција на „ЗОО приказни“ ЈУ. Детски културен центар - Карпош во соработка со Зоолошка градина-Скопје во едукативниот центар на Зоолошката градина на 29 септември 2026 година во 11:00 часот ќе го реализира мултимедијалниот проект насловен како „ЗОО приказни“. Новите 5 приказни се наменети за животните кои се жители на Зоолошката градина, Скопје и на интересен начин ќе бидат прикажани пред публиката. Главен покровител на овој мултимедијален проект е Град Скопје. Целта на овој мултимедијален проект е најмладата публика преку приказни освен што ги запознаваат животните и нивните живеалишта исто така да се едуцираат и за културата на однесување во Зоолошката градина, како и начинот на исхрана на истите. Преку едукативните приказни, кои се автентични и содржат моќни пораки, децата ќе се едуцираат за животните и на крајот ќе ја откријат вредноста која ја носи секоја приказна сама по себе. Оваа година акцентот е ставен на скромноста, искреноста, одговорноста, сигурноста и припадноста, преку приказните за фламингата, шимпанзата, антилопите, зебрите и лавовите. Искрено веруваме дека со презентирање на овој мултимедијален проект ќе ја подигнеме свеста кај најмалите, а воедно и кај сите посетители на Зоолошката градина и дека како и со првиот циклус на приказните повторно ќе предизвикаме радост кај најмладата публика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаКузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри - во тек е голема пљачка на Македонија!5 нови рудници, антимон, дата центри - во тек е голема пљачка на Македонија!Арамијата Мицкоски ја распродава Македонија и ја претвора во депонија за туѓи бизнис интереси. Додека надвор вели дека Македонија не е сериозна држава, додека ги навредува граѓаните дека се талог, сериозно ги распродава водата, земјата, рудата. За туѓи интереси и профити, на штета на најважното – здравјето на луѓето. Во тек е голема пљачка на Македонија! Пет нови рудници. Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица, Луке, планирани геолошки ископи и на планината Кожув. Нов рудник и за антимон, метал за воена индустрија. Продавачи на оружје му ги плаќаат состаноците по хотели и ходници во САД. А тој им враќа со земја и испоп. Ископ на отровен антимон за муниција. Провизијата за нив. Сметка за народот. Мицкоски вели резервите биле поголеми од првиот и вториот производител во светот. Не кажа колку тони. Не кажа каде. Не кажа кој копа. Не кажа што останува за селата до јаловиштето. Истата шема како кај дата-центрите: пет-шест фирми под радар, веќе договорени. За две и пол години Мицкоски нема ниту еден економски резултат. Кошничката е до плафон, 90 илјади денари. Народот едвај врзвува крај со крај. Затоа што Мицкоски државата ја гледа како плен. Нема економски политики, има грабеж! ЕСМ тоне. Државата се задолжува а тие со Адамовиќ и Лазаревиќ, преку линковите со Руднап и Божиновска, тераат бизниси со струја и со броила. Тоа се приоритетите на Мицкоски. Бизнисот, провизиите, профитите. Под радарот и далеку од очите на граѓаните арамијата Мицкоски ги става во ризик водата и земјата на штета на здравјето на луѓето. Ова е грабеж, пљачка и СДСМ силно ќе се спротистави. Заедно со граѓаните ќе го блокираме планот за рудниците. Македонија не е на продажба! Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Скопје, 28.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради негоФилипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС, кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на мнгoу полиња, и уште еднаш покажа дека ќе прави се спротивно од сите останати.Филипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС, кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на мнгoу полиња, и уште еднаш покажа дека ќе прави се спротивно од сите останати, само за да испадне дека е поразличен. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ му беше крива затоа што СДС се распаѓа под негово водство. Веќе некое време, поранешни функционери на СДС се против Филипче да биде претседател, а за тоа се формираат и цели опозициски фронтови, со цел тој да се повлече, затоа што очигледно е дека, освен потрчковците лојални на Заев, меѓу кои е и тој самиот, сите знаат дека Филипче не ја води СДС да биде опозиција во земјава, туку сака само да дојде некако на власт. Пред одредено време, тој се нудеше на странски држави и ги усогласуваше неговите ставови со туѓи агенди, оти се надеваше дека ќе му помогнат да дојде на власт. Никој не му е крив на Филипче што СДС се распаѓа, напротив, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара вакво СДС на чело со него. По две години ширење паника и хаос во јавноста, де со мигранти, де со измислици, СДС со Венко не успеа да направи ништо, не успеа ниту да биде опозиција, па следно се очекува да каже дека ќе дојдат вонземјани. Дека Венко живее во друг свет, тоа на сите им е јасно, јасно е и по јавното мислење, јасно е и по бројките од неколкуте изборни циклуси, јасно е и по неговото и однесувањето на СДС, оти не знаат што прават како опозиција и никако не можат да се помират дека не се на власт, а ако продолжат вака, ќе исчезнат само како политичка партија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Светски ден на беснило - 28 септемвриОвогодинешното мото „Заедно посилни“ одразува критичен момент во напорите за елиминација на беснило, каде што напредокот сè повеќе зависи од тоа колку добро секторите, дисциплините и заедниците соработуваат. Иако е постигнат значителен напредок, празнините во координацијата и соработката продолжуваат да го ограничуваат влијанието. Оваа тема ја нагласува итноста од зајакнување на партнерствата, подобрување на комуникацијата и усогласување на напорите низ системите за здравје на луѓето и животните. На секои девет минути, беснилото зема уште една жртва, но смртта може 100% да биде спречена. Кога работиме заедно, можеме да го прошириме пристапот до вакцинација на кучиња што спасува животи, да ги подобриме системите за надзор и пријавување на беснило, да ја зајакнеме јавната свест и образование, да ги поддржиме политиките што ги штитат и луѓето и животните и да изградиме одржливи решенија водени од заедницата. Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано презема активности за контрола и одржување на позитивна епидемиолошка состојба кога е беснилото како болест во прашање. Акцијата на зголемување на бројот на идентификувани и регистрирани, а со тоа и вакцинирани против беснило миленици (кучиња и мачки) е само дел од мерките кои се преземаат,а се основа и за воспоставување на контрола на популацијата бездомни животни. Апелираме до држателите на домашни миленици, кучиња и мачки на одговорно сопствеништво, редовна задолжителна годишна вакцинација на домашните миленици и микрочипирање. За прв пат по пауза од три години, Агенцијата за храна и ветеринарство во 2025 година започна со кампања за орална вакцинација на лисиците, со цел подобрување на епидемиолошка состојба со болеста беснило во земјава и регионот кај дивата популација. Оваа година кампањата за авионска дистрибуција на 450.000 вакцинални мамки започна на 23 септември и се очекува да заврши до 2 октомври, по што во рок од 15 дена ќе се започне со земање на примероци за проверка на успешноста на вакцинацијата. Во тек е и кампањата стоп Беснило – пријави и спречи, која има за цел да го зголеми пасивниот надзор на болеста, односно да се провери евентуалното присуство на вирус кај угинати животни кои се приемчиви на беснило. Притоа, упатуваме апел до сите возачи и граѓани доколку забележат угинато животно приемчиво на болеста – лисица или други диви месојади, истото да го пријават на бесплатниот телефонски број 0800 00 210 или во канцелариите на подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter