Култура„Јон Вардар против галаксијата“ премиерно прикажан во МоскваПрвиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски, синоќа е премиерно прикажан во Москва, во рамки на Меѓународниот филмски фестивал - Москва .Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски, синоќа е премиерно прикажан во Москва, во рамки на Меѓународниот филмски фестивал - Москва (Moscow International Film Festival), информираа попладнево од неговиот тим. - Московскиот фестивал важи за еден од најголемите во светот и е класифициран во А листата на филмски фестивали, заедно со Кан, Берлин, Венеција. Основан е во 1935 година, a редовно почна да се одржува од 1959 година. Фестивалот е познат по тоа што комбинира светски премиери, авторски филмови и амбициозни независни продукции од различни земји, се наведува во соопштението. Предвидено е „Јон Вардар против галаксијата“ денеска да има уште една проекција во Москва. - Првиот македонски долгометражен анимиран филм успешно го продолжува својот фестивалски живот, откако минатата недела се прикажуваше и на Меѓународниот фестивал во Буенос Ајрес, БАФИЦИ, што се смета за најголемиот и најважен фестивал за независен филм во Латинска Америка, се истакнува во соопштението. „Јон Вардар против галаксијата“ е поддржан од Агенцијата за филм, со копродукции од Унгарија, Бугарија и Хрватска. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо од „Линкс студио”, Ева Конрад, браќа Калинови и Ладо Скорин, арт - директор е Михајло Димитриевски- Мичо, а директор на анимација Димитар Ѓоргиев. Во главните улоги настапуваат Жарко Димовски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Тагови: „Јон Вардар против галаксијата“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
ЗабаваО.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во АеродромОпштина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации. Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини. Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групиВо врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДа бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!Марко има само 15 години и боледува од епилепсија и апнеа која е со висок степен.Тој зад него има две успешни операции на глава и желудник и има примено две терапии. Марко сега треба да замине во Турција за да ја прими третата последна терапија за да може да продолжи да го живее животот исто како и неговите врсници на 15 години. Потребни сер 6.000 евра. Сите кои се во можност можат да донираат на: 143 482 за корисници на А1. 143 109 за корисници на Телеком. Халк Банка: 270 700 122 675 849 Примач: Марко Џолевски НЛБ Банка: 210 501 786 673 895 Примач: Марко Џолевски. Тагови: хуманитарна акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01