„Једен Ансамбл“ од Турција ќе настапи на фестивалот „Есенски музички свечености“ - Канал 5

„Једен Ансамбл“ од Турција ќе настапи на фестивалот „Есенски музички свечености“

„Једен Ансамбл“ од Турција вечер од 20 часот ќе има концерт во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар, во рамки на фестивалот „Есенски музички свечености“.

„Једен Ансамбл“ од Турција ќе настапи на фестивалот „Есенски музички свечености“

На концертот ќе настапат: Руи Азиз - каманча, Халил Ибрахим Доѓан - неј, Реџеп Белен - тамбура, Наваф Хамед - канун и Бураг Месробјан - перкусија.

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДКУС), организатор на фестивалот, информира дека публиката во Скопје „ќе има ретка можност да ужива во извонреден музички спој на историја, духовност и уметничка прецизност, кои го одразуваат богатството на ориенталната музичка традиција“.

„Једен Ансамбл“ е основан во Виена во 2018 година и организира концерти низ Европа, специјализирајќи се за класична турска и турска суфиска музика.

-Групата е единствена во Австрија и една од ретките во Европа со ваков фокус. Репертоарот обединува дела од 10 век до денес, во различни форми и структури, изведени на акустични инструменти како неј, тамбура, уд, канун, кеменче и бендир, а понекогаш настапуваат и гостински уметници. Ансамблот изведува инструментални, побожни и вокални форми со соодветни инструменти, а бројот на изведувачи се прилагодува според проектот. Настапуваат во Австрија и низ Европа - Германија, Унгарија, Чешка и Полска. Учествувале на многу меѓународни фестивали, а нивните настапи биле прикажани и на телевизиски канали, како ТРТ, соопшти ДКУС.

Гостувањето на „Једен Ансамбл“ е поддржано од Турскиот културен центар - Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гори во Могила и Долнени, три пожари се изгаснати

До 13:00 часот на територијата на Македонија се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Гори во Могила и Долнени, три пожари се изгаснати

Активни се пожарите во селото Могила, Општина Могила, каде што гори ниска вегетација, како и кај селото Ропотово во Општина Долнени, каде што е зафатено стрниште.

Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Во меѓувреме, изгаснати се пожарите на територија на општините Василево, Гостивар и Петровец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Талир 2“ е пред Апелација, случајот за Груевски застарува за три недели

Жалбата на Обвинителството на ослободителната пресуда  за Груевски за „Талир“2, стигнала во Апелација.

„Талир 2“ е пред Апелација, случајот за Груевски застарува за три недели

Од Кривичниот суд велат дека списите за предметот вчера се доставени до апелацискиот суд.. Пресудата на 31 јули била доставена до сите странки, а на 5 август Обвинителството ја обжалило. По приемот на жалбата од страна на сите странки, предметот е доставен до Апелациониот суд скопје за понатамошно постапување, велат од кривичниот суд.

Сепак, случајот против Груевски за обвинителството е веќе изгубен затоа што за три недели застарува.

Евентуално можно е да предизвика евентуална промена околу конфискацијата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, вредна 14 милиони евра и останатиот имот од 2 милиони, ко беше замрзнат со предметот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од Стоилковиќ

Народот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски.

СДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од Стоилковиќ

Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ.

Мицкоски дури и на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“.

Подолго време тече оркестрирана кампања на омраза и навреди по директива на началникот на Мицкоски - Драган Павловиќ Латас.

Навредите на Мицкоски: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говори за македонскиот народ - сега оди во уште полоша форма.

Ниво на сеење омраза и бес.

Криминалната организација ВМРО и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник.

Зборовите што ги користат не можеме сите да ги изговориме поради нашата култура.

Само неколку ќе споменам:

• кловновска дружина

• комуњарско коњиште

• духовен изрод

• евтин хохштаплер

• смешен кловн со две леви нозе

Ова е дел од јазикот што го користат иако има многу пониски зборови, полни со најпримитивни навреди и омраза.

И вакви текстови Иван Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил.

Тој е министер во Владата на Христијан Мицкоски!

Ваквите зборови доведоа до напад на деца во Ново Село - само затоа што носеа транспарент на вистината, а тоа е дека водата е загадена во Гостивар.

Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век.

Фашистички методи во 21 век во Македонија.

Српскиот свет на Вучиќ влегува на мала и на голема врата.

Ова е лицето на криминалната власт која ја држи земјата во изолација. Која нема резултати и повеќе нејзините лаги не поминуваат. Прочитани се!

Македонија нема ова да го дозволи.

Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата!

Македонија ќе победи!

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер