„Јазичен триптихон“, најнова книга од Славе Ѓорѓо Димоски - Канал 5

„Јазичен триптихон“, најнова книга од Славе Ѓорѓо Димоски

Во Издание на ПНВ Публикации од Скопје излезе од печат поетската книга „Јазичен триптихон“ од современиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски.

„Јазичен триптихон“, најнова книга од Славе Ѓорѓо Димоски
Ова е негова 11 авторска книга, а претходната „Мерач на зборовите“ беше објавена пред осум години, во 2007 година. Во меѓувреме се појавија два пообемни избори од неговата поезија, целокупната негова поезија под наслов „Поезија/ ткаења“ и 12 книги на други јазици.

Во книгата поместени се пет подолги лирско-епски песни, од кои три го сочинуват „Јазичниот триптихон“ и две делот „Додаток“. Предмет на пеење е јазикот како прапочеток на сè, а посебно поетскиот јазик како највисок израз на човечкиот цивилизациски дух. Во „Додаток“ се појавуваат ликовите на Каин, првиот библиски братоубиец и на Александар, но симнат од историската сцена.

Во „Триптихон“ се поместени и три искажувања од Венко Андоновски, Санде Стојчевски и Наташа Аврамовска. Илустрациите се на академскиот сликар Сергеј Андреевски.

- Славе Ѓорѓо Димоски напишал интересен, експериментален, кристализиран лирско-епски дијамант. Еден вид екстракт на големите лирско-епски дела каква што е и Света песна на Анте Поповски. Од чист лиричар, тој сега се сели во просторите на епско-драмското. Сцената на светот станува негова опсесија, наместо сцената на душата. Има и овде лирски треперења, толку префинети, драгоцени и препознатливи од неговите претходни поетски лепословија. Но, има и еден поширок потег карактеристичен за епско сликарско платно. Компримиран и кристализиран. Сјаен како зовриената плазма на јазикот. Уште едно златно камче во мозаикот на македонската поетска и духовна мапа, пишува Венко Андоновски.

- Низ сублимната едноставност и чистота на поетскиот израз јасно и питко се огласува и ѕуни и древноста и попаднатоста во мигов на историско траење. Поетскиот циклус на Славе Ѓорѓо Димоски на читателите им донесува и уживање во препознавањето на повторливоста која одново се огласува во податноста за нови вообличувања и која мами и заведува со едноставноста и сублимноста на исказот, и воедно, сосем обѕирно, но недвосмислено поставува нови загатки и ја поттикнува натамошната игра на нивни одгатки, пишува Наташа Аврамовска.

- Ете на што е подготвен поет кој ја бара само големата проверката на сопствените можности! Тој решава да избере единствено крупна, најтешка задача, да застане пред најтежок товар, да моделира суптилни искази кои ги полни со избран и редок материјал, да се обиде со лирска преѓа да врзува такви тематски блокови какви што се недефинирливите поими ништо и нешто, и на тој начин да се осведочи во сопственото мајсторство преку најтешки искушенија. Зарем читателот толку често може да биде сведок на таков избор, на таков потфат, на ваков пев?, пишува Санде Стојчевски.

Други поетски книги на Славе Ѓорѓо Димоски се „Гравири“, „Проект“, „Студен порив“, „Последните ракописи“, „Спореден пат“, „Предмети и аргументи“, „Форми на страста“, „Темно место“, „Мерач на зборовите“, „Хаику на разгледници“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

​Венко Филипче излезе со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“.

Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки. Доколку постојат сознанија за неправилности или евентуално противзаконско постапување при набавката, надлежните институции мора да ги проверат.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги разгледа јавно изнесените наводи и обвинувања на пратеникот и претседател на СДС, Венко Филипче за евентуален сторен криминал од пратеничката на СДС и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Ваков скандал, обелоденет од Филипче, токму за пратеничката од неговата пратеничка група на СДС, не смее да биде игнориран од надлежните институции и истражните органи.

Истовремено, го повикуваме Филипче целосно да ги обелодени информациите со кои располага, за овој и за други случаи, и истите да ги достави до надлежните институции, а ние сме тука да му помогнеме и да бараме од ЈО, по допрен глас, да реагира и да преземе мерки за расчистување на случајот.

Јавните обвинувања за криминални договори вредни, како што самиот Филипче рече, 37 милиони евра не смеат да бидат средство за меѓупартиски пресметки, туку тие мора да добијат институционална проверка и одговор пред јавноста.

Добро е што Филипче се охрабри и почна да зборува за огрешените пред законот од таборот на СДС и го поддржуваме и поттикнуваме да каже се што знае за криминалот на Петровска тежок 37 милиони евра.

ЈО итно да постапи и да отвори предмет, зошто правда и одговорност за овој криминал мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер