1Јаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедност
3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
Култура„Јас, на некое друго место“ нова премиера на штипскиот Народен ТеатарТеатарската претстава „Јас, на некое друго место“ во режија на Јован Ристовски премиерно ќе се одигра на 30 ноември, со почеток во 20 часот, на сцената на Народниот Театар Штип (НТШ). Режисерот, Ристевски на денешната прес-конференција вели станува збор за праизведба на современ македонски текст, кој писателката Ана Ристоска Трпеноска, за да го напише била инспирирана од вистинска приказна. -Ана се инспирира од еден весник, читајќи приказна за една мајка, сопруга, која за жал ги убива нејзините деца. Се случува еден пресврат во целата претстава, а жената е избеглица од Босна, кои живеат во Виена, вели Ристовски. Во претставата се разработува проблематиката со психолошкото ментално здравје, губењето на емпатија како и деструктивното однесување во средината во која живееме. -Оваа претстава треба да не инспирира, да се запрашаме кој сме, што сме и дали како граѓани имаме добро однесување према заедницата околу нас и дали ги приметуваме луѓето, со кои сме најблиски, односно дали имаат проблем или не, бидејќи најчесто менталните и психолошки проблеми луѓето ги кријат и им е непријатно да ги кажат на глас, рече Ристовски. Актерите од штипскиот Народен Театар велат дека станува збор за претстава која треба да се види, доживее, а ја носи пораката дека во ова време на социјални мрежи членовите на едно семејство треба да разговараат и да се сакаат. Директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Кристина Атанасова Арсова на денешната прес-конференција истакна дека ова е последната реализирана претстава за оваа година која е финансирана од Програмата на Министерството за култура и туризам. Но, најави дека во декември во нивна продукција ќе имаат уште две нови премиери, од кои едната е детска претстава. Во претставата „Јас, на некое друго место“ играат: Марија Минчева-Андонов, Пеце Ристевски, Ангелка Нашкова, Миле Вратеовски, Ефтим Трајчов, Ава Хусеини и Стефанија Митовска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедностВладата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го унапредува социјалниот дијалог и да создава услови за повисоки примања преку институционални решенија и колективно договарање. За првпат се постигна договор со синдикатите УПОЗ и САДО за повисоки плати на административните службеници, а кон договорот се приклучија и други синдикални организации. Со тоа за првпат по долг период се обезбедува системско подобрување на статусот на вработените во администрацијата. Од превземањето на обврската владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ досега, за 20% се зголемени платите на просветните работници и на сите вработени во образованието. Согласно колективниот договор, вработените во основното и средно образование ќе добијат од 46 до 60% повисоки плати во еден мандат, а за 14% се зголемија платите и на универзитетските професори. Со потпишувањето на анексот на колективниот договор значително се зголемија и платите на сите вработени во македонското здравство. Согласно договорот платите на здравствените работници се зголемија за 4815 денари нето, додека зголемувањето за медицинските сестри изнесува дури ,200 денари и до крајот на мандатот покачувањето на платите треба да достигне дури 50%. По долги години во соработка и дијалог со претставници на синдикалните организации, колективен договор добија и вработените во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците за вработените и подобрување на нивниот работен статус. Исто така се зголемија и платите на вработените во безбедносните структури кои преку јасен план ќе продолжат и понатаму да се зголемуваат. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен. Сите работници го добиваат заслуженото внимание, грижа и паричен надоместок за својот труд. Ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните преку дијалог, партнерство и политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места и стабилен економски развој. Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаПриведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрваПолицијата вчера привела 34 годишна жена откако ја нападнала свекрвата во семјниот дом. - На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва, соопштија од полицијата во дневниот билтен. По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани воени авиони и канадериПожар на отворено, кој избувна во Босна и Херцеговина, утринава се прошири на хрватската страна на планината Динара, соопшти Хрватската противпожарна заедница.Противпожарниот центар на Шибенско-книнската жупанија го откри пожарот преку систем за видеонадзор. Противпожарни единици веднаш биле упатени на местото на настанот. Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 37 пожарникари со 19 возила, тие доаѓаат од Интервентната противпожарна единица на Шибеник, Јавната противпожарна единица (JVP) на Книн, како и од доброволните противпожарни друштва (DVD) на Книн, Кијево и Свети Јурај Кистање. На терен е присутен и окружниот командант на противпожарните служби. Во гаснењето на пожарот вклучена е и војската Хрватската противпожарна заедница соопшти дека, заклучно со 10:00 часот утрово, 26 припадници на противпожарниот вод на Хрватската војска се распоредени за да им се придружат на пожарникарите на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook