„Jaguar Electric GT“ ќе пристигне во 2026 година – почетна цена 130.000 евра - Канал 5

„Jaguar Electric GT“ ќе пристигне во 2026 година – почетна цена 130.000 евра

„Jaguar“ го одложува лансирањето на својот прв луксузен електричен модел „GT“.

„Jaguar Electric GT“ ќе пристигне во 2026 година – почетна цена 130.000 евра

Jaguar“ планираше да го претстави својот електричен „гранд турер“ оваа година, инспириран од концептот „Type 00“, но неговото пристигнување е одложено за 2026 година. Според директорот на компанијата Родон Гловер, одложувањето претставува уште една пречка во планираното „електрично оживување“ на британскиот бренд.

Иако причината не е официјално наведена, многумина веруваат дека големиот хакерски напад што го погоди „Jaguar Land Rover“ во септември предизвика хаос и ги забави сите процеси на развој.

Во меѓувреме, тестирањето на новиот модел е во тек – прототип неодамна беше забележан на патеката Нирбургринг, што потврдува дека проектот напредува, но не е подготвен за сериско производство.

Гловер потврди во интервју за „ABC News“ дека нарачувањето на возилото ќе започне кратко по официјалната премиера, а првите испораки ќе следат кратко потоа.

Новиот електричен „GT“ ќе биде базиран на сосема новата платформа „Jaguar Electrical Architecture“ и ќе понуди досег до 690 км. Благодарение на брзиот полнач со еднонасочна струја, возачите ќе можат да достигнат досег од околу 320 км за само 15 минути полнење на батеријата.

Цената ќе биде околу 130.000 долари, речиси три пати повеќе од сегашниот модел „XF“, но „Jaguar“ ветува дека ова ќе биде најмоќниот автомобил во историјата на брендот.

Гловер нагласи дека новиот „GT“ не треба да се гледа само на фотографии - во живо, се вели дека автомобилот остава силен впечаток со своите пропорции и дизајн.

Иако реакциите се мешани, „Jaguar“ е уверен дека американскиот пазар ќе биде клучен за успехот на моделот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифт

Неколку лица загинаа во пожар на градилиште во Брисел денес, додека потрагата по уште шест исчезнати е во тек, соопштија локалните власти.

Хорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифт

Телевизијата „VRT“ објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот.

Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на „Place de Brouckere“, каде што пожарот избувна рано утрово.

Сепак, тој не прецизираше за колку тела станува збор.

Тој додаде дека сè уште не е јасно дали телата на исчезнатите работници се пронајдени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна Владата на Украина

Украинскиот парламент, Врховната рада, денес ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко.

Падна Владата на Украина

Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ.

Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата.

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент.

„Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент.

Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции.

На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина.

Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули.

Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

 Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ!

Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат.

Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа.

Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.

Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година?

Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Бране Петрушевски

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер