„Ја пиев својата урина“- исповед на Турчин, кој преживеа 187 часа под урнатините (ВИДЕО) - Канал 5

„Ја пиев својата урина“- исповед на Турчин, кој преживеа 187 часа под урнатините (ВИДЕО)

62- годишен маж поминал речиси осум дена под урнатините на неговата семејна куќа во Антиохија по разорните земјотреси што на почетокот на февруари ги погодија Турција и Сирија.

„Ја пиев својата урина“- исповед на Турчин, кој преживеа 187 часа под урнатините (ВИДЕО)

Хусеин Бербер детално ги опиша ужасните сцени што ги доживеал во деновите по земјотресот, велејќи дека морал да ја пие сопствената урина за да преживее.

Во земјотресот се урнал таванот на 15-катницата, а единствено што го спасиле во станот на приземје биле плакарот и фрижидерот, додека останал заробен во фотелја. Тој раскажал како ползел по станот и нашол шише со вода, но тоа не му било доволно за да преживее, па почнал да вика за да го слушнат спасувачите и да го извлечат. Кога помошта не стигнала со часови, Хусеин решил да уринира во празното шише за вода за да преживее, пишува Дејли Мејл.

За да не замрзне решил да се завитка во тепих.

„Кога се случи земјотресот, веднаш станав. Внукот спиеше до мене. Погледнав наоколу, син ми го запали светлото, зеде батериска ламба и рече: Тато, има земјотрес! Во вториот земјотрес се сруши таванот, но не ме погоди. Веднаш се свиткав и седнав. Ѕидот падна врз фрижидерот и кабинетот. Јас останав заглавен таму“, ја раскажа својата приказна Хусеин.

"Еден час подоцна зедов шише вода и го испив. После тоа уринирав во шишето и го оставив да се излади. Ја пиев урината кога ќе се оладеше. Така се спасив", додал тој.

Пет члена од неговото семејство успеале да побегнат кога земјотресот ја погодил областа околу 4 часот наутро. Хусеин конечно бил спасен овој вторник, точно 187 часа по земјотресот, а моментално е во болница. Докторите наводно му рекле дека е чудо што успеал да преживее сето тоа време.

Потсетувајќи се на моментот на спасувањето, тој рече дека слушнал звук на спасувачки екипи кои се упатиле кон местото каде што бил заробен. "Не се сеќавам на ништо откако ме извлекоа. Се спасив, излегов и сакав само вода и храна, особено вода. Ништо не јадев, немав што да јадам", рекол тој. .

„Правев добри дела пред Алах за сите, не само за моето семејство. Мислам дека затоа Бог ме спаси“, вели Хусеин.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Се соблече најубавата водителка

Елеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.

Фото: Се соблече најубавата водителка

Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети.

„Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини.

Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани.

Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Една од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. 

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка.

Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес.

Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер.

Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм.

„Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето.

Каква штета“ – беа само дел од коментарите.

Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

На една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил.

На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата.

„Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв.

Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди.

Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили.

„Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер