Свет Израелската армија започна операција за контрола на ГазаИзраел се оглуши на меѓународните апели. По неколкудневно интензивно бомбардирање, ја почна првата фаза од копнената офанзива за заземање на градот Газа. Целта е да се искорени Хамас и да се пресечат неговите врски со локалното население. Израел верува дека радикалното движење држи уште 50 заложници, од кои 20-ина се живи. -Целта на операцијата е да се нанесе голема штета на Хамас во градот Газа за да се реализираат целите на војната, меѓу кои враќање на киднапираните лица. , изјави Ефи Дефрин портпарол на израелската армија. Илјадници Палестинци почнаа да го напуштаат градот со еден милион жители и да се засолнуваат кон југ, уште пред да ја добијат најавената наредба за евакуација. -Веќе сме изморени од секојдневното селење од едно на друго место. Се надевавме дека можеби ќе има примирје. Сите велеа дека ќе има примирје. Но, будејќи се со веста дека десетици илјади војници влегуваат во Газа, тоа е катастрофална вест. , вели жител на градот Газа. -Израелците сакаат окупирање на Газа и уништување на палестинскиот народ, целосно уништување на Појасот Газа. Целта е Газа и луѓето во Газа и нивно раселување. , вели жител на градот Газа. Израелската офанзива се интензивира во екот на дипломатските напори на Катар и Египет за 60-дневно примирје, предлог кој Хамас го прифати, а за кој еврејската држава официјално не се изјасни. -Од витално значење е веднаш да се постигне прекин на огнот во Газа и безуслвно да се ослободат сите заложници и да се избегне масовна смрт и уништување што воената операција против градот Газа неизбежно би ги предизвикала. , изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН. Израел во меѓувреме најави мобилизација на 60 илјади резервисти, што според аналитичарите, е потврда дека воената операција во палестинската енклава ќе биде долга. -Израел веќе има окупирано 75 проценти од Појасот Газа, па прашањето е зошто е ова? Ако успеат да го освојат градот Газа, тоа ќе ги насочи кон речиси цела окупација на појасот. , вели за Ал Џезира, Поли Каландс, аналитичар Израелските операции во Газа почнаа пред речиси две години како одговор на нападот на Хамас врз Израел во кој беа убиени над илјада луѓе, а повеќе од 200 беа грабнати и држени како заложници. Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегналеУбиено е 26 годишно момче во Чаир , потврдија од Министертвото за внатрешни работи. Настанот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути во СВР Скопје во близина на раскрсница помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и ,,Војдан Чернодрински“ во Скопје. Пред излог на фирма стоеле 5 лица на возраст од 24 до 36 годишна возраст сите од Скопје, кога до нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил 26 годишниот А.М. кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Тагови: Убиство Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter