Изгледот не е пресуден – Пет особини што ги прават мажите одлични љубовници - Канал 5

Изгледот не е пресуден – Пет особини што ги прават мажите одлични љубовници

Заборавете на мускулите, еве што според жените е најважно!

 Изгледот не е пресуден – Пет особини што ги прават мажите одлични љубовници

Многу луѓе сметаат дека мажот мора да биде физички привлечен за да биде добар љубовник. Меѓутоа, истражувањата и искуствата на жените покажуваат дека вистината е многу поразлична. Привлечноста не почнува и не завршува со изгледот, многу поважна улога имаат однесувањето, ставот и емоционалната поврзаност.

Како што наведува порталот „Hackspirit“, група истражувачи се занимавале со прашањето кои особини и навики кај мажите на жените им даваат најдобро искуство во интимните односи. Резултатите изненадија многумина.

Мирис – невидлив сојузник на привлечноста

Иако физичкиот изглед на мажите не е пресуден, неговиот мирис може да игра клучна улога во будењето на сексуалната привлечност. Природниот пријатен мирис може да поттикне интерес кај партнерката и да ве доживее за попривлечен љубовник од што верувате.

Овој вид потсвесна привлечност често остава силен впечаток и прави партнерката да мисли на вас дури и кога не сте заедно.

Смислата за хумор- пат до опуштена интима

Една од најпожелните особини на мажот е смислата за хумор. Ако можете да ја насмеете, веќе сте на добар пат. Хуморот помага да се намали тензијата и создава чувство на блискост.

Мажите кои умеат да се смеат на животот, и не ги земаат работите здраво за готово, често се поопуштени во интимните ситуации, што доведува до поквалитетен интимен однос.

Креативност и спонтаност

Мажите кои ја негуваат креативната страна, било преку уметност, музика, пишување или некое друго хоби, често се поотворени за комуникација и емоционална поврзаност. Според истражувањата, жените често бараат партнери кои ги интересираат различни нешта, а не само работа и спорт.

Спонтаноста и авантуристичкиот дух, исто така се особености кои ги прават мажите подобри љубовници. Оние што не се оптоварени со распореди, агенди, полесно се препуштаат на моментот, што и тоа како може да се одрази во спалната.

Верност и искрена посветеност

Уште еден важен фактор е верноста. Жените не сакаат мажи кои им приоѓаат само заради внимание и краткотрајна возбуда. Искреноста, верноста и емотивната стабилност создаваат чувство на сигурност, која е основа на секој добар интимен однос.

Добрината е пресудна

Да се биде добар љубовник, тоа не се сведува само на физичка блискост. Мажите кои се внимателни, добри соговорници и посветени луѓе во својот живот, често се подобри партнери во интимна смисла.

Се покажало дека грижата, емпатијата и подготвеноста партнерката да се направи среќна и надвор од спалната, имаат силно и долготрајно влијание врз квалитетот на интимниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра.

Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството.

Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови.

Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа.

Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол

Парфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток.

„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол

Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на „BOÜDOIR – The House of Fragrance“, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во Ист Гејт Мол во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда.

По своето присуство во Битола, „BOÜDOIR“ ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови.

Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како „Atelier Des Ors“, „Profumum Roma“, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, „BOÜDOIR“ го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи.

Со отворањето во „East Gate Mall“, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото.

Бидејќи понекогаш највпечатливиот потпис не се гледа – туку се чувствува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер