Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
2Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Шоу биз„Изгледа изгубено“: Морган Фримен ги загрижува обожавателите со својот изглед и однесувањеЛегендарниот актер Морган Фримен (88) ги загрижи обожавателите со своето неодамнешно појавување на телевизискиот фестивал во Монте Карло, каде што ја промовираше новата серија „Gray House“. Неговиот донекаде „кревок изглед“ и моментите во кои изгледаше збунето предизвикаа бројни коментари и загрижености на социјалните мрежи. Јавноста е загрижена За време на интервјуто што го даде со колешката Дејзи Хед, се чинеше како Фримен да задремал за момент. Дополнителни загрижености предизвикаа и фотографиите од црвениот тепих, на кои актерот се потпира на раката на својата асистентка додека оди. Објавено е и видео на кое актерот шета низ ходник додека луѓето околу него аплаудираат и го бодрат. На крајот, тој застана и се потпре на ѕидот, што дополнително предизвика коментари од загрижените обожаватели. @jenniferhudsonshow The king of all cavernous voices, Morgan Freeman! ♬ original sound - Jennifer Hudson Show Луѓето веднаш реагираа на социјалните мрежи. „Изгледа толку слабо“, „Се чини дека е во болка“, „Оставете го овој човек да се одмори“, „Изгледа толку збунето“, „Ме прави тажен, навистина остарел“, „Малку е изгубен, како да не знае што да прави“, се само некои од многуте коментари во кои се изразува загриженост за здравјето на актерот и се бара да се пензионира. Раквица како потсетник за сериозна несреќа Многумина ја забележале и ракавицата на неговата лева рака, што е постојан потсетник за сериозната сообраќајна несреќа што ја доживеа во 2008 година. Во таа несреќа, нервите во неговата рака беа сериозно оштетени, оставајќи ја парализирана. Фримен оттогаш носи компресивна ракавица за да ја стимулира циркулацијата и да спречи згрутчување на крвта. Како резултат на несреќата, актерот страда и од фибромијалгија, состојба што предизвикува хронична болка, што може да го објасни неговиот понекогаш исцрпен изглед. Тој не се откажува од глумата И покрај сето ова, Фримен постојано нагласува дека нема намера да забави или да се пензионира. Легендата на глумата е сè уште активна - неодамна беше во Лондон снимајќи го продолжението на „Down to London“. Иако неговата страст кон работата е несомнена, обожавателите се надеваат дека ќе најде време за пауза. Извор: Индекс.хрТагови: изглед Морган Фримен однесување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ФудбалТрагедија го погоди Баерн пред натпреварот со Арсенал- тимот од Минхен ќе игра без капитенот Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, нема да игра вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, објавија денес германските шампиони.Таткото на Кимих, Бертолд, почина на 57-годишна возраст, па Баерн го ослободи капитенот од должностите до викендот. - Поради загуба во неговото најблиско семејство, Кимих не е во составот за денешниот натпревар против Арсенал. Во име на семејството, ве молиме да се почитува неговата приватност и тага, и да се воздржи од понатамошни истраги и известувања. Им упатуваме најдлабоко сочувство на Кимих и неговите најблиски - се вели во соопштението на Баерн. Баерн ќе биде домаќин на Арсенал во третото коло од Лигата на шампионите вечерва во 21 часот. Ова ќе биде голем удар за целиот тим, бидејќи Кимих е многу важен дел од тимот предводен од Винсент Компани. Кимих дефинитивно ќе го пропушти овој натпревар, а дали ќе игра во Бундеслигата овој викенд сè уште не е познато.Тагови: Арсенал Баерн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЕвропаЛатвија бара забрана за транзит на руско жито, додека самата увезува големи количестваИран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници.Од почетокот на земјоделската сезона, Иран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници, според податоците на консултантската фирма „ProZerno“, пренесени од Ројтерс. Во периодот од јули до октомври, Иран увезл вкупно 1,716 милиони тони руско жито, главно јачмен и пченка. Египет е на второто место со увезени 1,35 милиони тони од јули наваму, а по него следува Азербејџан со 545.000 тони. Латвија е на четвртото место со увезени 431.700 тони руско жито, додека Нигерија го зазема петтото место со 420.900 тони, покажуваат податоците на „ProZerno“. Русија ги менува извозните рути поради напади со беспилотни летала Русија ги прилагодува своите рути за извоз на жито како одговор на зачестените напади со беспилотни летала врз пловила во Црното и Азовското Море. Истовремено, значително е зголемен обемот на пратки преку Каспиското Море. Руското жито се извезува и преку пристаништа на Балтичкото Море, вклучително и оние што се наоѓаат во балтичките држави – пред сè во Латвија. Според податоците на компанијата „Rusagrotrans“, во септември преку балтичките пристаништа поминале 65 отсто од пратките со руско жито, главно пченица. Естонија веќе го забрани транзитот на руско жито преку својата територија. На почетокот на октомври, балтичките држави предложија воведување забрана за транзит на руско жито низ целата Европска унија. Извор: Индекс.хрТагови: жито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сценаЉупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница.Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница, за што кажа дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во првиот круг со кандидатот Стојанчо Радичевски, а наспроти него во вториот круг е и кандидатот на ДУИ, за кој тој смета дека е само асет на претседателот на таа партија во обид да се врати повторно на политичката сцена. ,,Моментално има двајца кандидати во Брвеница кои што продолжуваат во вториот круг. Првиот е човек којшто е од Брвеница и за Брвеница. Човек којшто смета дека Брвеница треба да има проект повеќе, треба да има се она што значи градинки, училишта, канализација и подобар живот на сите коишто живеат во Брвеница, независно од верската и националната припадност“, истакна Пренџов. Според него, кандидатот на ДУИ е само уште една алатка за лидерот на партијата да се врати на политичката сцена, но смета дека на сите им е јасно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор. ,,И вториот е кандидат односно асет на Али Ахмети и на ДУИ, човек којшто е таму само за да помогне да веќе излезениот од игра Али Ахмети да се врати повторно на политичката сцена. И мислам дека на граѓаните им е јасно, независно дали се Албанци дали се Македонци, дали се гласачи на СДС или не се, дека господинот Радичевски е оној, којшто се бори за Брвеница да биде подобро место за живеење, и тоа е суштината зошто препознаа дека него треба да му ја дадат довербата“, вели Пренџов. Тој посочи дека во јавноста се забележуваат, како што кажа, разни математики во однос на изборите, но самиот не сака да ги коментира, туку фокусот да биде на тоа како може општината да се движи напред и да се развива. ,,Не сметам дека е успех за којшто треба некој да добие аплауз, затоа што ако во Скопје сте биле петта партија, во Брвеница сте четврта политичка партија. Мислам дека тоа не е некој успех за СДС, но тие си знаат. Мислам дека во Брвеница разговараме како Брвеница да оди напред, како да продолжи да се развива, а единствениот кандидат е господинот Радичевски наспроти асетот на Али Ахмети и на ДУИ. Него не му е до Брвеница, него му е до високата политика, како шефот Али Ахмети повторно да го врати во игра на македонската политичка сцена“, рече Пренџов и додаде: ,,Клучната работа за изборите е да, сите оние коишто и мислат добро на Брвеница, пред се оние што живеат во Брвеница, независно од етничката припадност, полот, верската припадност, застанат позади господинот Радичевски, со цел Брвеница да продолжи да се развива. Али Ахмети е еден ретрограден политичар, еден човек којшто доколку не скара помеѓу себе граѓани на основи коишто се одамна надминати, тој нема што да каже во политиката“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter