„Ивермектин“ од денеска достапен во аптеките во Македонија - Канал 5

„Ивермектин“ од денеска достапен во аптеките во Македонија

Лекот „Ивермектин“ што чини 299 денари, конечно достапен и за македонските граѓани. 

„Ивермектин“ од денеска достапен во аптеките во Македонија

Овој лек може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен, посочува Министерот Венко Филипче преку социјалните мрежи.

Микробиологот Проф. Д-р Никола Пановски, кој подолг период апелира ваквиот лек да стане и дел од протоколот за лекување, а да се запре со давањето на антибиотици без потреба, за Канал 5 вели дека употребата на „Ивермектинот“ би требало да ја намали и смртноста.

На првиот ден по завршените постапки што ги вклучува интервентниот увоз, и дистибуција, лекот „Ивермектин“не е достапен во сите аптеки. Канал 5 направи обиколка, па некои од аптеките што утрово добиле помала количина „Ивермектин“ до пладне ја потрошиле, во дел пак, ваков лек не ни стигнал. Сепак, во три аптеки во кои влеговме, „Ивермектин“ најдовме.

Лекот „Ивермектин“ е достапен во дел од аптеките низ земјава. Фармацевтите уверуваат, овој лек без рецепт не можете да го земете, а лекарите препорачуваат, истиот, да не се зема на своја рака.

Кривата на заразени и хоспитализирани деновиве бележи пад, а според последните официјални информации во ковид- центрите низ земјава се лекуваат околу 730 пациенти, а слободни се, околу 600 болнички кревети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Елмас: Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација претрпе нов пораз во Лигата на нации, откако загуби од селекцијата на Шкотска со 0-2 на домашен терен.

Елмас: Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска

Гостите покажаа поголема решителност во завршницата, додека нашата репрезентација и по три одиграни кола останува без постигнат погодок.

-Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска, многу тежок момент, на сите играчи им е тешко и на мене. Треба да научиме од оваа ситуација. Мораме да се кренеме од ова, изјави Елиф Елмас

-Примивме многу рано гол, мислам дека тоа беше еден од кличните моменти. Требаше да ја држиме повеќе топката и да ги тераме да трчаат- вели Бојан Миовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба.

„Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП).

За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки:

- Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена.

- Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања.

- Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите.

- Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија.

- Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства.

„Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов.

На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат.

„Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава.

YouTube video

ЛДП

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.

Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога.

Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените.

Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер