Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
1Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
Балкан„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“За разлика од Американците, Германците се обидуваат токму спротивното - да ја зајакнат позицијата на Шмит.Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа висока функција, и дека само Берлин може да одлучи за негово отстранување, јави денеска сараевскиот портал „Истрага“ (Istraga.ba), повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори. Во текстот се наведува дека ова се случувало во последните два месеца, откако Вашингтон постигна договор со поранешниот претседател на Република Српска (РС) и лидер на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик и српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, според кој резултатот од тој договор требало да биде отстранување на Шмит од позицијата висок претставник. Сараевскиот портал пишува дека оваа година Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина доцнела со исплатата на траншите за финансирање на Канцеларијата на високиот претставник (КВП) и дека, по Европската Унија (ЕУ), таа издвојува најмногу средства за нејзино финансирање. Понатаму се проценува дека од мај оваа година, Канцеларијата ја изгубила својата важност за американската дипломатија. Според информациите на Истрагата, опстанокот на КВП не е доведен во прашање, но Американците инсистираат Канцеларијата повеќе да не ги користи „бонските овластувања“ и бараат Шмит да биде отстранет од позицијата висок претставник во согласност со договорот меѓу Вашингтон и Бања Лука. Се додава дека, за разлика од Американците, Германците се обидуваат токму спротивното - да ја зајакнат позицијата на Шмит. Имено, „Берлин одлучи повторно да го активира својот пензиониран долгогодишен дипломат Кристијан Хелбах и да го испрати во КВП како советник на Кристијан Шмит. Пред десет години Хелбах беше германски амбасадор во Босна и Херцеговина и има богато искуство во дипломатијата“, пишува порталот „Истрага“.Тагови: БиХ САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на судНајостро демантирам дека сум сопственик, содружник или лице со специјални овластувања во компанија која добила државен тендер од било која државна институција, ниту во време на Влада на СДСМ, ниту сега. Јас сум пензионер, кој како машински инжењер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија. Компанијата која за дневно политички цели ја споменува Венко Филипче е странски инвеститор кој отворил фабрика во Македонија во 2019 година кога Зоран Заев е премиер. За ова мое тврдење го ставам целиот свој личен кредибилитет и одговорност. Недостатокот на демократски капацитет да се слушнат политички критики не се покрива со дрски манипулации. Ако не му кажале на Филипче, јас сум основач на СДСМ и носител на партиската книшка број 17. Погрешно се пресметал дека може мене да ме претстави како нов вмроовец. Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд, се наведува во демантот на Никола Ќуркчиев, поранешен генерален секретар на СДСМ. Ќуркчиев реагира на наводите на Филипче во емисијата „Само интервју“ , во кое наведе дека тој годинава добил тендер од 1,6 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаПод пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода Геолозите открија два големи извори на вода под кинеската пустина Синџијанг. Откритието би можело да му обезбеди на северозападниот регион вреден нов ресурс за проекти за контрола на песок и земјоделство, објавија кинеските медиуми. Пустинскиот регион привлече внимание поради обемните напори за пошумување и опустинување на неговите периферии како дел од иницијативата „Голем зелен ѕид“, како и промените во врнежите што го трансформираат сушниот западен дел од Кина, објави SCMP. Откритието на подземните води е направено за време на проект за пребарување вода во пустината Такламакан, спроведен од локалното геолошко истражување во автономниот регион Синџијанг Ујгур. Наодите го оспоруваат општоприфатеното мислење дека под површината на пустината лежи само застоена и солена вода.Тагови: пустина извори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!Соединетите Американски Држави наскоро ќе отворат воена база во Полска, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена база во Полска“, напиша тој. Недолго потоа, неговата објава беше споделена од Белата куќа на официјалниот профил на мрежата X. Оваа објава следи по претходните информации дека САД ќе го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија. Дел од тие сили треба да го зајакнат источното крило на НАТО во соседна Полска.Тагови: Доналд Трамп Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook