„Испејс“ го претстави новиот приземјувач „Апекс 1.0“ - Канал 5

„Испејс“ го претстави новиот приземјувач „Апекс 1.0“

Јапонската компанија „Испејс“ го претстави својот нов приземјувач „Апекс 1.0“ што ќе лета наместо претходната верзија. Леталото е наменето за летови до Месечината и ќе може да носи до 300 килограми товар до нашиот природен сателит.

„Испејс“ го претстави новиот приземјувач „Апекс 1.0“

Новиот приземјувач ќе има над 10 пати поголема носивост од првиот - „Серија 1“, што слета на површината на Месечината во април.

Компанијата, инаку, досега вложи над 40 милиони евра во својот нов огранок во Денвер, Колорадо, САД, бидејќи сака да ги искористи стремежите на американската вселенска агенција НАСА и Пентагон во областа на технологиите за мисии на Месечината.

- Инвестицијата е јасен показател за заинтересираноста на „Испејс“ за американскиот пазар. Очекуваме овие бројки да продолжат да растат како дел од нашата стратешка определба да придонесеме во владините мисии и создавањето на цислунарен систем од страна на САД, изјави директорот на компанијата Такеши Хакамада.

Американската подружница се нарекува „Испејс технолоџи Ју-ес“, и вработува повеќе од 80 луѓе. Поранешниот астронаут на НАСА, Роналд Џеј Гаран во јуни е назначен за директор на огранокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција им ги забранува социјалните мрежи на помладите од 15 години

Грчкиот парламент донесе закон со кој им се забранува на децата под 15 години да користат социјални мрежи. 

Грција им ги забранува социјалните мрежи на помладите од 15 години

Законот, кој стапува на сила на 1 јануари 2027 година, беше донесен поради растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз здравјето и безбедноста на малолетниците, објави Ројтерс.

Премиерот Киријакос Мицотакис изјави дека платформите имаат рок од два и пол месеци да развијат систем за проверка на возраста на корисниците и да обезбедат заштита на нивната приватност. Грција е една од седумте земји-членки на Европската унија кои соработуваат со Европската комисија за решение за проверка на возраста на корисниците.

Слични мерки веќе се забележани во светот. Минатата година, Австралија стана првата земја што законски го ограничи пристапот до социјалните медиуми за малолетници. Во Франција, пак, Уставниот суд го поништи таков закон во август.

Помагање на родителите во борбата против зависноста

Владата нагласува дека со овој потег сака да им помогне на родителите во потиснувањето на таканареченото бесконечно скролување. Тие наведуваат дека овој феномен ги лишува децата од сон, ја нарушува концентрацијата и го одзема времето од поминувањето време со пријателите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладне

Времето денеска ќе биде претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност, информираат од УХМР.

Денеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладне

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

3 Попова Шапка, 5 Лазарополе, 6 Маврови Анови, Битола, Крушево, 7 Крива Паланка, 8 Берово, Претор, 9 Охрид, Виница, Прилеп, 10 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Велес, Кавадарци, Демир Капија, Скопје-Петровец, 14 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

21 Крива Паланка, 9 Виница, 8 Берово, 4 Куманово, 1 Штип, Лазарополе.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно, во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија

23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија, на храброста на оние што се бореа за неа и на одговорноста што ја носиме денес кон идните генерации.

Минчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија

Идеалите на македонските револуционери се трајна обврска да ја чуваме слободата, да го градиме единството и да создаваме општество во кое правдата, достоинството и еднаквите можности се темел на заедничката иднина.

Нека нивната борба биде поттик да продолжиме со верба, одлучност и посветеност кон силна, просперитетна и демократска држава, во која секој граѓанин ќе може да ја препознае својата иднина.

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Срдечно,

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер