Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
2Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
Култура„Исцелител“ на најголемиот филмски фестивал во Норвешка Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е селектиран да се прикажува на интернационалниот филмски фестивал во Тромсо, кој е најголем во Норвешка. Премиерното прикажување ќе биде денеска, а филмот ќе има уште две проекции во текот на фестивалот.- „Исцелител“ ќе биде прикажан во престижната програма „Хоризонти“ во која се избрани филмови од различни жанрови и стилови од целиот свет и во која единствен критериум е квалитетот. Во оваа програма се прикажуваат најзначајните кинематографски остварувања од минатата година, соопшти продукцијата „Фрагмент филм“. Ова е 27-мо издане на фестивалот во Тромсо, кој со 60 000 посeтители е најголемиот и најпосетуван филмски фестивал во Норвешка. На новогодишната ноќ „Исцелител“ беше премиерно емитуван на Синемакс 2, канал на ХБО во 14 земји од Централна Европа. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСулејмани од Гевгелија: Зборовите ги заменуваме со резултати – Старата чаршија повторно живееМинистерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, присуствуваше на свеченото отворање на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија.Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија. Реконструкцијата е реализирана со инвестиција од 41 милион денари. Старата чаршија, која од 2004 година е регистрирана како споменик на културата, повторно го добива заслуженото место во културниот и туристичкиот живот на Гевгелија. Во рамките на проектот се реставрирани фасадите на дуќаните, изведено е ново гранитно поплочување, просторот е опремен со урбана опрема и осветлување, а целосно е реконструирана и подземната инфраструктура. Со тоа, Чаршијата добива нов лик, притоа задржувајќи ги автентичноста и препознатливиот дух. „Денеска, овде во Старата чаршија во Гевгелија, зборовите ги заменуваме со резултати. Наша обврска е да го зачуваме културното наследство, но и да му дадеме нов живот и нова вредност“, истакна министерот за култура и туризам Сулејмани. Тој нагласи дека целта е ваквите места да не останат само споменици на минатото, туку да прераснат во живи културни простори, отворени за граѓаните, културните настани и посетителите. „Старата чаршија во Гевгелија сега станува современо културно-туристичко јадро. Ова е потврда дека со вложувањето во културното наследство вложуваме и во развојот на локалната заедница и туризмот. Старата чаршија денеска е обновена, но уште поважно е што таа повторно живее“, порача Сулејмани. Владата, Министерството за култура и туризам и локалните заедници ќе продолжат со реализација на проекти што носат видливи резултати и го прават културното наследство живо, достапно и препознатливо за новите генерации, соопштуваат од Министерството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕрдоган најави продолжување на мировните преговори меѓу САД и Иран со Турција како посредникТурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера телефонски разговараше со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан. Двајцата лидери разговараа за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните случувања, при што Ердоган рече дека Турција вложува напори за ублажување на тензиите меѓу Иран и САД, како и за решавање на други конфликти во регионот. Ердоган во разговорот потврди дека Турција ќе продолжи со своите дипломатски иницијативи насочени кон мир. Тој, исто така, нагласи дека Анкара се спротивставува на нападите врз соседните земји во регионот и нема да ги толерира.Тагови: Ердоган Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизТрамп помилува десетици луѓе, меѓу кои и долгогодишниот соработник на Џеј Зи Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела помилува 30 лица, вклучувајќи го и Емори Џонс, долгогодишен соработник на рап-могулот Џеј-Зи, објави „помилувачката“ од Белата куќа, Алис Мари Џонсон.Џонс отслужи речиси 16 години во федерален затвор поради обвиненија за дрога, напиша Џонсон во објава на социјалните мрежи во која ги објави помилувањата. Џеј-Зи, чија компанија „Рок Нејшн“ работеше, исто така побара казната на Џонс да биде ублажена во писмо до судијата. „Њујорк тајмс“ објави дека меѓу другите помилувани е и поранешен синдикален шеф во Филаделфија осуден за поткуп и поранешен морнар во морнарицата затворен за прекршоци поврзани со огнено оружје. Трамп одобри помилувања за кривични пресуди и ублажи и намали казни за повеќе од 1.700 лица од почетокот на неговиот втор мандат во Белата куќа во јануари 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter