„iOS 17“ е достапен за корисниците на „iPhone“: Еве ги новите функции што ги носи - Канал 5

„iOS 17“ е достапен за корисниците на „iPhone“: Еве ги новите функции што ги носи

Исто како што најави на презентацијата на серијата „iPhone 15“, „Apple“ вчера ја испорача најновата надградба „iOS 17“ на сите поддржани „iPhone“ модели.

„iOS 17“ е достапен за корисниците на „iPhone“: Еве ги новите функции што ги носи

Откако беше во бета верзија цело лето, „iOS 17“ конечно беше испорачан во стабилно издание на поддржаните „iPhone“ модели вчера.

Предуслов за надградбата на „iOS 17“ е уредите да користат „Apple A12 Bionic“ чип или понов. Значи, „iOS 17“, за жал, нема да доаѓа кај „iPhone 8“, „iPhone 8 Plus“ и „iPhone X“. Постарите паметни телефони подобни за надградба на „iOS 17“ вклучуваат „iPhone XR“, „iPhone XS“, „iPhone XS Max“ и втората генерација на iPhone „SE“.

Списокот на „iPhone“ модели кои го добија ажурирањето на iOS 17 изгледа вака:

Новата верзија на оперативниот систем со себе носи многу нови функции, вклучувајќи „Check In“,„NameDrop“, Контакт постери итн. „Check In“ е нова безбедносна карактеристика која ќе им помогне на семејствата при нивните патувања. „NameDrop“ е нова функција што ја користите кога сакате да споделите информации за контакт со некого. Контакт постери е нов приспособлив екран за повици, кој ви овозможува да менувате различни визуелни компоненти за време на дојдовен повик.

Дополнително, „Apple Maps“ конечно добива поддршка за офлајн мапи. „SharePlay“ сега може да споделува пренос на два уреди истовремено. „Safari“ носи уште поголема заштита за приватно прелистување.

Наместо претходното „Hey Siri“, корисниците можат само да кажат „Siri“ и таа ќе се појави. Апликацијата „Health“ има нов сет на функции за ментално здравје, а „Apple Music“ воведува плејлисти за соработка во кои можете да уживате со вашите пријатели. „SharePlay“ сега може да споделува пренос на два уреди истовремено.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукотница што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел од регионот на Париз, кога маж отворил оган од возило на улицата, објавија француските медиуми.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило на улиците на градовите Трап и Ла Вериер околу 10:30 часот, објави BFM.

Мажот отворил оган на улица во Трап, во Ивлин, користејќи автоматска пушка, убивајќи едно лице и ранувајќи неколку други, објави Le Parisien, потврдувајќи ги информациите од весникот „Aktu17“.

Осомничениот за пукотницата е уапсен од Бригадата за борба против криминалот (BAC), објави парискиот весник, а телевизијата BFM објави дека е уапсен во градот Коањер.

Префектурата Ивлин соопшти дека службите за итни случаи моментално реагираат.

„Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе со кои се сретна во Трап и Ла Вериер. Со жалење известуваме за смртта на едно лице во оваа фаза“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабех, на Фејсбук.

Според претходните информации, најмалку две лица се тешко повредени, а бројот на повредени може да биде поголем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава.

„Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски.

Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер