3Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
Култура„Импровокација“ и „Парламентарки“ в четврток и петок во Народниот театар ОхридАктерите од Охридскиот народен театар в четврток и в петок повторно ќе ги изведат претставите „Импровокација“ и „Парламентарки“. Задутре со почеток од 20 часот актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски ќе ја играат театарската импровизација „Импровокација“. Ден потоа, в петок Охридскиот театар со почеток од 20 часот ќе ја изведе претставата „Парламентарки“ во режија на Ненад Витанов, текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев. Цената на билетите за двете претстави изнесува 150 денари во претпродажба, додека на благајната пред самата изведба цената изнесува 200 денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТом Круз открива за што разговарал со Тејлор Свифт: „Таа е брилијантна“Том Круз откри за што разговарал со Тејлор Свифт откако заедно го гледаа натпреварот со кој тимот „Канзас Сити Чифс“ ја започна сезоната, претходно оваа недела.Актерот гостуваше во емисијата на Џими Фалон во четвртокот и раскажа како музичката ѕвезда го учела на правилата на американскиот фудбал додека навивале за Тревис Келси од трибините. Лекција по американски фудбал Водителот Џими Фалон го праша 64-годишниот актер за што разговараат најголемата филмска ѕвезда и најголемата музичка ѕвезда во светот кога ќе се најдат еден до друг. Круз, кој го промовира својот нов филм „Digger“, одговори: „Таа ме учеше за американскиот фудбал“. На изненадување на Фалон, актерот потврди дека зборува сериозно. „Таа навистина го познава спортот. Како прво, таа е генијалец. Ја следам уште од времето кога беше дете. Сите што беа таму, сите нивни пријатели... тие се прекрасен пар и магични се сами по себе. Целата екипа во таа ложа“, рече Круз. Тој додаде дека дружењето на стадионот „Ароухед“ било посебно искуство за него. „Не бев бил на натпревар уште од пред пандемијата бидејќи постојано работев. Беше навистина забавно да се дружиме таму и да го доживеам тој момент. Таа навистина се разбира во тоа“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by The Tonight Show (@fallontonight) „Брилијантен текстописец и музичар“ Круз и Фалон исто така спомнаа како 36-годишната Свифт претходно признала дека не знаела ништо за американскиот фудбал кога првпат го запознала Келси. „Таа рече: 'Знаеш, тој е толку трпелив'“, раскажа Круз. „Јас одговорив: 'Верувам дека е така'. Мислам дека секој би бил многу трпелив со неа“. Актерот истакна дека пејачката сега целосно ја разбира играта и дека разговарале и за музика и за филмови. „Таа е духовита. Има одлична смисла за хумор. Плус, таа е брилијантен текстописец. Брилијантен музичар и режисер. Таа е многу талентирана“, заклучи Круз говорејќи за пејачката која стои зад албумот „Opalite“. Извор: Индекс.хрТагови: Том Круз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Жерновски пак го вози автомобилот на “братучедот”, а богами и непрописно паркираАндреј “НАТО” Жерновски во стилот на Артан “Лотарија” Груби, го вози автомобилот на “братучедот”.Откако јасно кажа пред некој месец на гостување на поткаст (ВИДЕО), дека нема во своја сопственост автомобил марка “Мерцедес” со регистарски таблички од иста бројка, ниту пак дека некогаш во животот возел “Мерцедес”, во сопственост на негов братучед, повторно со свои очи го видов неуспешниот амбасадор Жерновски како го управува “Мерцедесот”. Дополнително, непрописно се паркирал додека фрлаше ѓубре во контејнер. Но, на Жерновски не му е грижа, затоа што и да го казнат за непрописно застанување, автомобилот не е негов, братучед му ќе му ја плати казната, објави на ФБ Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаСДСМ: Платформата ЗНАМ 2.0 исто како Мицкоски, Ќуркчиев вчера едно – денеска другоПлатформата ЗНАМ 2.0 работи исто како Христијан Мицкоски кој ги плаќа со 1.6 милиони евра.Мицкоски вели „нула денари“ следниот ден излегува дека се 5,5 милиони евра. Ќуркчиев вчера вели дека е „пензионер кој има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија“. Денеска тврди дека документите што ги објавивме се „монтирани„ и „фалсификат“. Како Мицкоски. Само што за Мицкоски буџетот е 5.5 милиони евра а за ЗНАМ 2.0 буџетот е 1.6 милиони евра. Сега откако јавноста виде колку и на кој начин се плаќа Платформата на Мицкоски ЗНАМ 2.0 нема бегање од вистината. Документите коишто ги објави СДСМ се јавно достапни и тие се составен дел од тендерската документација. Така да, едвај чекаме тужба и да одиме на суд. Па да ги објавиме и другите документи. На пример, овој документ којшто ја покажува и врската со Максим Димитриевски. Максо потпишал дозвола за интегрирана еколошка дозвола за потребите на фирмата со којашто соработува и ја преставува Ќуркчиев. Секако, Маким Димитриевски, ЗНАМ 1.0. Таму потпишува ЗНАМ 1.0, за на друго место да потпишува ЗНАМ 2.0. Затоа едвај чекаме тужба, исто како што и Стоилковиќ ни се закани па сега никаде го нема, а ние сме спреми со документите за неговата соработка со БИА. Имаме две пораки за сите. За вас СДСМ вреди 1,6 милиони евра но СДСМ не е на продажба. СДСМ нема да игра како што свири диџеј Мицкоски. СДСМ не се продава. А вие сите ќе одговарате. За предавството ќе ве казнат граѓаните, а за криминалот наскоро ќе одговарате пред слободно судство и независно обвинителство, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook