Свет„Имаше крв насекаде“ – сведочење за нападот со нож во воз во Британија, девет лица се тешко повредени (ВИДЕО)„Имаше крв насекаде! Беше ужасно, насилството, како во филм! Како да не беше вистинско, имаше општа паника во возот“.„Имаше крв насекаде! Беше ужасно, насилството, како во филм! Како да не беше вистинско, имаше општа паника во возот“ - ова се зборовите на еден од сведоците на ужасниот напад со нож што се случи синоќа околу 20:20 часот во Велика Британија, кога 10 лица беа повредени, од кои 9 сериозно. Тие беа избодени во воз за Кембриџшир, кој е оддалечен околу 80 километри од Лондон, по што беа уапсени две лица, а полицијата објави дека станува збор за „значаен инцидент“ и потврди дека антитерористичките единици ќе ја поддржат истрагата. Девет од повредените беа однесени во болница со повреди опасни по живот, додека едно лице беше хоспитализирано со полесни повреди, објави Би-Би-Си утрово. Полицијата и амбулантните возила им пружија помош на другите патници во возот, кои се тресеа од страв и стрес. - Видов човек како оди низ возот облеан во крв, викајќи „имаат нож, ме избодоа“. Видов 12 лица како ги носат во болница - рече друг сведок на прободувањето. - Напаѓаа секого пред нив!, вели во сведочењето. Британската полиција соопшти дека работи на утврдување на околностите и мотивите на инцидентот, како и дека националниот код „Платон“ бил користен во одговорот на полицијата и службите за итни случаи на инцидентот, според „Гардијан“. Инцидентот се случил помеѓу станиците Стивениџ и Питерборо, предизвикувајќи прекин на сите железнички линии, а железничката компанија LNER синоќа ги повика луѓето да „не патуваат“ поради „големи прекини“ во сообраќајот како резултат на повеќекратни убоди со нож во воз до Хантингдон во Кембриџшир. Локалната полиција соопшти дека вооружени полициски сили биле испратени на станицата Хантингдон по повик во 19:39 часот вчера. „Вооружени полицајци го запреле возот во Хантингдон, каде што биле уапсени двајца мажи“, соопшти полицијата.Тагови: нож сведочење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 24. август 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 24. август 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите. Кариера Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право. Здравје и совет Сѐ повеќе работи ве заморуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате. Кариера Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат. Здравје и совет Прифатете сѐ што доаѓа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе. Кариера Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко. Кариера Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно. Здравје и совет И натаму сте во добра состојба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка. Кариера На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате. Здравје и совет Се засилува вашиот интерес за козметика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот. Кариера Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате. Здравје и совет Повеќе сон и одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро. Кариера Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа. Здравје и совет Треба уредно да живеете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца. Кариера не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас. Здравје и совет Поважни се зборовите отколку делата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи. Кариера Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили. Здравје и совет Можете малку да здивнете. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките. Здравје и совет Немојте да се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение. Кариера Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното. Здравје и совет Наполнете си ги батериите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСања Лукаревска во „Вести плус“Почитувани, вечерва во „Вести плус“ ќе гостува Сања Лукаревска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотХобија со речиси ист ефект врз умот како и медитацијатаКога станува збор за медитација, повеќето луѓе замислуваат мирно седење со затворени очи и фокус на дишењето. Иако ова е најпозната форма на медитација, постојат неколку хобија кои можат да го смират умот и да го насочат вниманието на сегашниот момент. Психолозите долго време истакнуваат дека одредени активности можат целосно да го преокупираат нашето внимание, така што секојдневните грижи и брзите мисли привремено исчезнуваат од фокусот, нивото на стрес се намалува. 1. Градинарство Без разлика дали садите цвеќе, полевате зеленчук, плевите коров или ги посматрате растенијата, вниманието спонтано се насочува на она што се случува пред вас. Растенијата растат по свое темпо, а градинарството нè потсетува дека некои работи не можат да се забрзаат, туку бараат грижа и внимание. Затоа ова хоби развива чувство на смиреност и прифаќање на природниот ритам на животот. Особено радува кога ќе видите како вложениот труд во текот на неколку недели или месеци постепено се претвора во цвеќе, плодови или бујни билки. Видливиот напредок смирува, а свежиот воздух, движењето и фокусираното внимание ментално ве ослободува од товарот. 2. Печење од основни состојки Правењето леб, колачи или други печива бара целосна концентрација - од мерењето на состојките и месењето тесто до крајниот производ. За разлика од многу активности каде постојано го префрламе вниманието помеѓу пораките, електронската пошта и социјалните медиуми, печењето нè прави трпеливи. На тестото му треба доволно време да нарасне, а колачите не можат да се печат пред да им дојде времето. Во свет каде што сме навикнати на брзи резултати, печењето нè потсетува на важноста да успориме и да веруваме во процесот. Споделувањето на она што сте го подготвиле со семејството или пријателите додава дополнителна емоционална вредност на ова хоби бидејќи поттикнува поврзување со другите. 3. Набљудување птици Набљудувањето птици е еден од наједноставните начини да го вежбате вниманието. Наместо да размислуваме за утрешните задачи или минатите настани, фокусот се префрла на природата - движењето меѓу гранките, пеењето на птиците или воочувањето разлики меѓу видовите. Ова хоби не бара никакво посебно предзнаење, ниту посета на национални паркови. Многу луѓе кога ќе обрнат внимание откриваат колку е разновиден дивиот свет во соседството, градските паркови, па дури и низ прозорецот. 4. Плетење или хеклање Повторувањето на движењето со рацете има речиси терапевтски ефект. Плетењето и хеклањето бараат доволно концентрација за да го окупираат умот, но не дотолку за да предизвикаат дополнителен стрес. Затоа многу луѓе ги опишуваат овие активности како исклучително смирувачки. Ритмот на движењата создава чувство на предвидливост и сигурност, а грешките не се причина за фрустрација. Доволно е да се расплетат неколку редови и да се продолжи понатаму, што исто така нè потсетува дека напредокот не мора да биде совршен за да биде вреден. Друга предност на овие хобија е што напредокот е лесно видлив. Ред по ред, се создава шал, ќебе или друг предмет, што дава чувство на цел и покажува како малите, доследни чекори со текот на времето произведуваат конкретни резултати. По ментално напорен ден, комбинацијата од повторување, креативност и чувство на исполнетост може да има исклучително релаксирачки ефект. 5. Пешачење Престојот во природа е еден од најприродните начини за смирување на умот. За време на подолга прошетка, вниманието спонтано се насочува кон патеката, пејзажот, временските прилики и на ритамот на сопствените чекори, наместо на мобилниот телефон и листата со обврски. За разлика од вежбањето во затворен простор, природата постојано нуди нови глетки, звуци и мириси што нè враќаат во сегашниот момент и помагаат секојдневните проблеми да добијат поинаква перспектива. 6. Сликање или цртање Изборот на бои, скицирањето форми, мешањето нијанси или испробувањето нови техники бара доволно концентрација што загрижувачките мисли постепено ја губат својата моќ. Во уметноста, честопати не постои еден точен начин на работа, овозможува слобода за истражување, експериментирање и играње. Многу возрасни се откажуваат од цртањето или сликањето зашто веруваат дека не се доволно талентирани или се премногу стари за такво хоби. Но, откажувањето од потребата за совршенство е често она што ги прави овие активности корисни за менталното здравје. Целта не е да се создаде ремек-дело, туку да си дозволите целосно да се посветите на креацијата. Не постои универзален начин за опуштање Важно е да се нагласи дека не постои „вистинско“ хоби или универзален метод на релаксација. Заедничко за сите овие активности е тоа што ни помагаат да го успориме темпото, да го намалиме нивото на стрес и барем накратко, да го стишиме ројот на мисли, токму како медитацијата. Извор: ordinacija.vecernji.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:00