3Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
Култура„Илјада дена од војната против Украина", изложба на фотографии во Кавадарци„Илјада дена од војната против Украина" е насловена изложбата со фотографии што денеска беше отворена во општинската зграда во Кавадарци. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека настанот се организира по повод Денот на соборноста на Украина, кога се одбележуваат скоро три години од почетокот на војната во Украина. Јанчев истакна дека најнапред како човек, а потоа и како градоначалник на Општина Кавадарци, изразува солидарност и силна поддршка кон украинскиот народ, сочувство кон семејствата на сите жртви во војната, а на сите им посака побрзо справување со траумата која ја доживеале. - Амбасадата на Украина во Македонија, во чест на досегашната меѓусебна соработка помеѓу Општина Буча и Општина Кавадарци, секако и град Никопол и донацијата вода што ја остваривме но и целосната поддршка што ја пруживме на украинскиот народ, во просториите на Локалната самоуправа организира изложба на фотографии што ќе бидат изложени десетина дена. Со ова уште еднаш покажуваме солидарност и поддршка за украинскиот народ. Ќе продолжиме и во иднина, нагласи градоначалникот. Јанчев подвлече дека ниеден човечки живот не заслужува да биде згаснат на ваков начин. - Дури и во време на војна, човечкиот живот и човековите права мора да бидат заштитени. Посакувам само мирот во Украина да се врати што е можно побрзо. Никогаш да не се повтори, рече градоначалникот. Амбасадорката на Украина, Лариса Дир му се заблагодари на градоначалникот за помошта што ја дава на Украинците, од почетокот, како што нагласи, на оружената агресија против Украина. - Оваа хуманитарна мисија буди длабока почит и искрена благодарност за отвореното срце. Жителите на Буча, разрушена од русите, се благодарни за моќниот генератор што обезбеди живот за илјадници домаќинства во студениот зимски период. Жителите на Никопол се благодарни за чистата вода по последиците од уништувањето на Каховската хидроелектрана од страна на русите, истакна таа. Амбасадорката нагласи дека Украинците го одбележуваат Денот на Соборноста, посебен чин на обединување на сите украински територии - важен настан за украинското државотворење, благодарна е за можноста да се организира изложба што ја прикажува борбата на Украинците против рускиот агресор за својата државност, за својот суверенитет и територијален интегритет. - Украинците се благодарни на Македонија за воената помош. Ние ја браниме нашата земја од рускиот агресор со поддршка на воената помош од партнерите, развивајќи ги истовремено и нашите одбранбени капацитети. Илјада шеесет и четири дена руска војна, исполнети со отпор, борба, херојство, но и со болка од загубите и секако со жед за победа, рече таа. Притоа истакна дека остварувањето на праведен, севкупен и одржлив мир е нивната цел. - Пред речиси една година, Генералното собрание на ОН ја подвлече потребата од што поскоро постигнување на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, во согласност со принципите на Повелбата на ОН и повторно ја истакна својата побарувачка кон рф веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите воени сили од територијата на Украина, повикувајќи на прекин на воените дејствија. Кремљ продолжува да го игнорира меѓународното право и меѓународните организации. Не можам да не истакнам дека на Украина й се потребни безбедносни гаранции, нагласи Дир. Секако, подвлече таа, најефективната гаранција за Украина е членството во HATO, тоа останува еден од приоритетите на Украина. - Ние сме уверени дека тоа ќе овозможи избегнување на таканаречените „сиви зони" кои само го хранат рускиот агресор и терористите. Ние сметаме на поддршката од Македонија за поканата на Украина во Алијансата. Сакам, запознавајќи се со изложбата, да разберете дека рускиот ракетен терор продолжува. Секојдневно цивилните Украинци страдаат од авионски бомби, ракети, дронови кои русите ги фрлаат директно врз нивните глави, домови и станови. Украинските војници одбиваат стотици борбени напади од руските агресори секој ден, затоа противвоздушната одбрана е од витално значење за нас. Ова е злосторство на руската федерација кое продолжува во времето, рече амбасадорката. Таа додаде дека последиците од ова злосторство имаат глобален карактер, вклучувајќи го и нападот врз целата глобална архитектура на безбедноста. - Додека руската воена агресија не е надмината, Украина, реализирајќи херојска одбрана, очекува поддршка од партнерите во борбата против руската агресија и ја цени помошта на Македонија, истакна Дир. Пред присутните се обрати и Александар Урбанович, претседател на украинската заедница во државава. Тој рече дека денот е посебен, ден што го симболизира единството, храброста и борбата за слобода и независност на украинскиот народ. - Фотографиите што ќе ги видите денес не се само слики од уништувања и трагедии, тие се сведоштва за издржливоста и хероизам на украинскиот народ, за љубовта кон татковината и за волјата за победа. Тие ги раскажуваат приказните на милиони луѓе кои ги загубија своите домови, но не ја загубија надежта, на војници кои се борат за иднината на своите деца, на волонтери кои го ризикуваат својот живот за да спасат други. Оваа изложба има уште една цел, да ја сподели со сите вас вистината за Украина, не само за страдањата, но и за нашите успеси, за поддршката што ја добиваме од нашите пријатели и за непоколебливата верба дека правдата и мирот ќе победат, истакна Урбанович. Тој изрази благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот. - Со посебна благодарност до компанија Кожувчанка за нивната голема поддршка на украинскиот народ. Вашата хуманитарна помош почнувајќи од првите денови на војната и до ден денес, вашата солидарност и вашата грижа за нашите сонародници во овие критични времиња, никогаш нема да ја заборавиме. И секогаш ќе ви бидеме благодарни на вашата хуманост и човекољубие. Вашата помош на Украина не само што го олесни животот на многу Украинци, туку и ја зацврсти врската меѓу нашите два народа, нагласи Урбанович. Особена благодарност упати до Амбасадата на Украина, за нивната постојана работа и напори за промоција на украинската култура и за одржување на единство во овие тешки времиња. - Вашата посветеност е од огромно значење за сите нас и за нашата заедница овде, во Македонија. Денешниот настан е не само потсетник за трагедијата која ја живееме, туку и симбол на надежта дека со заеднички сили можеме да изградиме подобра иднина. Се надеваме дека оваа изложба ќе инспирира повеќе луѓе да се приклучат кон борбата за мир, слобода и човечко достоинство. Ова не е само приказна за Украина, ова е приказна за сите нас, за силата на единството и за моќта на човечката волја, рече тој. Дир и Урбанович се обратија на македонски јазик. Пред Општината свечено беа подигнати знамињата на РМ и Украина и беа интонирани државните химни на двете земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаИзвадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео) Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok. Животното ја загуби контролата Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот. За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild. Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир. Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот. View this post on Instagram A post shared by Arab News Pakistan (@arabnewspk) Покрената е кривична постапка Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб. Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането. По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено. Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка. Властите запленија и 33 лавови Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година. Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар. Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.Тагови: тигар Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БизарноТинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг. Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime. На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника. Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи. „Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи. „Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа. Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница. Според извештаите, најмалку две деца се повредени. На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура. Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители. Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување. Погледнете ја снимката од овој хаос: 🚨 The Columbia County Sheriff’s Office has charged two 13 year olds following an incident at the county’s fall fair. Deputies believe the teens intentionally grabbed onto one another while on a swing ride, despite prior warnings from staff not to do so. As the ride slowed, it became unstable, causing swings to slam together violently. A woman was injured and taken from the fairgrounds in an ambulance, while two children were treated for minor injuries. #ColumbiaCounty #FairSafety #PublicSafety #CrimeNews #GeorgiaNews — Amy Leigh (@IAmyLeigh) November 8, 2026 Тагови: рингишпил тинејџери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаМакрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка. На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи. Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил. Брегзит во центарот на разговорот Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи. Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок. Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти. Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста. Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста. Камерон предупредува за враќање во ЕУ Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата. Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот. „Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг. Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“. Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили. Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит. „Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас. Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“. Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата. Спор околу слободата на движење Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија. Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ. Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ. Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум. Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум. Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат. „На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам. Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници. „Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател. Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.Тагови: Емануел Макрон премиерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook